Забава
Тони Брекстон ја краси насловната на „Харперс базар Виетнам“

Седумкратната добитничка на „Греми“, Тони Брекстон, изгледа прекрасно во коктел-фустан, креација на Ребека Валанс, во нова фотосесија што ја направи фотографот Џон Џеј Дејвисон.
„Се чувствувам многу благодарна за животот. Музиката ми помага да се поврзам со луѓе “, вели 53-годишната аренби дива за декемвриското издание на магазинот „Харперс базар Виетнам“.
„Најдоброто чувство е да знаете дека сте инспирирале многу луѓе. Сакам да настапувам, сакам да компонирам музика. Сакам да пеам“.
Тони откри дека порано страдала од лупус, хронична автоимуна болест, како и од микроваскуларна ангина во 2008 година.
А неодамна, за време на празникот Ден на благодарноста, 53-годишната пејачка сподели фотографија на која е платинесто русокоса, и напиша: Велат дека русокосите повеќе се забавуваат!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Лејди Гага ја испеа американската химна на инаугурацијата на новиот претседател

Поп ѕвездата Лејди Гага покажа дека може да испорача одличен перформанс и без придружни елементи на сцена, коментираат светските медиуми.
Немаше танчери, пиротехника, и единствениот изразен дел од нејзината облека беше голем златен брош во форма на гулаб на мирот.
Toa го насочи фокусот на нејзиниот вокал, кој беше снажен и сигурен, додека лизгаше низ ноторно широката мелодија и нејзините незгодни вокални скокови.
Гага, гласна критичарка на администрацијата на Трамп, непосредно пред церемонијата напиша на Твитер дека сака нејзиниот настап да обезбеди момент на здружување, заедништво по поделбите во последните четири години.
„Чест ми е да ја испејам нашата национална химна за американскиот народ“, напиша таа. „Ќе пеам за време на церемонија, транзиција, момент на промена – помеѓу POTUS 45 и 46. За мене, ова има големо значење.“
Забава
Концерт со музички ѕвезди ја обележа инаугурацијата на Џо Бајден

Ѕвезден концерт го означи почетокот на претседателството на Џозеф Бајден, со настапи на Брус Спрингстин, „Фу Фајтерс“, Кети Пери, Деми Ловато, Бон Џови и други.
Темата на концертот не беше прослава, туку единство, со оддавање почит на работниците во првата линија на фронтот кои го понесеа најголемиот товар на Ковид-пандемијата.
„Овој ден е сведок на трајноста на нашиот американски идеал“, рече Том Хенкс, кој беше домаќин на шоуто.
Брус Спрингстин го започна настанот со песната Land Of Hope and Dreams.
Стоејќи на скалите на меморијалниот центар Линколн во Вашингтон, текстот на песната, првпат изведена во 1999 година, ги рефлектира аспирациите на новата администрација.
„Остави ги зад себе твоите таги…нека овој ден биде последен “, запеа ѕвездата. „Утре ќе има сонце…и сето ова темнина ќе биде минато“.
Забава
Барби Хсу ги воодушеви фановите со младешки изглед

Тајванската телевизиска водителка Ди Хсу сподели фотографија од нејзината сестра Барби Хсу како позира пред камера, привлекувајќи големо внимание на социјалните мрежи.
44-годишната актерка доби пофалби за нејзиниот изглед кој им пркоси на годините, и дека изгледа како тинејџерка додека стои пред сив ѕид во долго црно палто и чизми до колената.
Водителката во својата објава на Фејсбук напиша: „Изгледа толку шик! Која е оваа девојка?”
Објавата привлече многу коментари од корисниците на социјалните мрежи, многумина велеа дека тие ја помешале Барби со најстарата ќерка на Ди.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот