Забава
„Топ ган: Маверик“ полетува во Марина Беј Сендс со светлина, вода и пиротехника

Беа потребни повеќе од 30 години „Топ ган: Маверик“ да стане реалност, па сосема е сосема соодветно неговото претстојно издание да се прослави на величествен, спектакуларен начин.
Додека продолжението на блокбастерот се подготвува да се излезе во кината на 25 мај, Марина Беј Сендс подготви светлосно, водено и пиротехничко шоу за да ја испочитува потребата за брзина.
Во 10-минутното шоу фасцинантниот хотел во Сингапур ќе ја приспособи својата ноќна мултимедијална изложба со светлина и вода, Spectra, за дизајн-витрина на тема „Топ ган“ за да го осветли небото.
Во позадина ќе се слуша музиката од филмот, која го вклучува новиот сингл на Лејди Гага, Hold My Hand, а ќе има најсовремени проекции, ласери и динамични водени ефекти заедно со сцени од филмот.
Оваа специјална итерација на Spectra, исто така, прикажува кореографирана пиротехника, со мапи на проекции на „Топ ган“ што ја осветлуваат култната архитектура на хотелскиот комплекс, од надворешноста на музејот ArtScience до долниот дел на Sands SkyPark.
Оваа екстраваганца, официјално наречена Top Gun: Maverick – A Light, Water & Pyrotechnic Extravaganza, го означува првиот јавен настан за фановите, организиран од Марина Беј Сендс, во последниве две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Гинисов рекорд: 86-годишна жена работи како стјуардеса веќе 65 години

Жeна од Бостон го собори рекордот како стјуардеса со најдолг стаж во светот, потврди Гинисовата книга на рекорди, пренесуваат американски медиуми.
Бет Неш (86) почна да работи како стјуардеса во 1957 година за Eastern Airlines („Истерн ерлајнс“), потоа продолжи да работи за American Airlines и сè уште е таму без никакви прекини во работниот однос.
Неш откри дека поголемиот дел од својата кариера го поминала на релација Њујорк-Бостон-Вашингтон бидејќи тоа ѝ овозможува ноќта да се врати дома и да се грижи за својот син со хендикеп.
„Гинис“, кој го потврди светскиот рекорд на 1 јули. наведува дека Неш моментално е најстарата стјуардеса во светот. Прославувајќи ја својата 60-годишнина со компанијата во 2017 година, Неш рече дека бизнисот значително се променил со текот на годините.
„Требаше да имаш одредена висина, требаше да имаш одредена тежина. Порано беше ужасно. Доколку качиш некој килограм мораш да се мериш, а ако останеш така ти ја намалуваа платата“, изјави таа за WJLA-T
Забава
Џулија Робертс со порака за сопругот по повод годишнината од бракот

Таа е кралица на романтичните комедии од 90-тите.
А во нејзиниот личен живот Џулија Робертс (54) исто така се чини дека е експерт за прашања поврзани со срцето додека ја слави 20-годишнината од бракот со сопругот Дени Модер (53).
Робертс се огласи на социјалните мрежи, каде што сподели заматена фотографија од нив двајцата, и напиша: „Не можам да престанам да се смеам и не можам да престанам да те бакнувам“.
Робертс се омажи со снимателот Модер во 2002 година, а се сретнаа на снимањето на филмот „Мексиканецот“ (2001) во кој таа глуми со Бред Пит. Двојката има три деца, близнаците Фајнес и Хејзел (17) и Хенри (14).
Џулија доби можност да го покаже својот потенцијал во филмовите „Задоволство“, „Мистична пица“ и „Челични магнолии“.
Познатата филмска дива стекна светска слава во деведесеттите со „Убава жена“, „Свадбата на мојот најдобар пријател“, „Висока мода“, а во 2001 година доби „Оскар“ за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „Ерин Брокович“.
Таа ги освои срцата на публиката со својата позитивна енергија и харизма.
Џулија беше во врска со неколку познати холивудски актери, меѓу кои Кифер Сатерленд, Бенџамин Брет, Џејсон Патрик и Метју Пери.
Забава
Бритни Спирс на тропски меден месец

Бритни Спирс ги покажа затегнатите стомачни мускули во бикини додека ужива во „дождливиот“ меден месец со својот сопруг Сем Асгари.
Бритни и Сем се венчаа во јуни.
40-годишната хитмејкерка сподели видео на својот Инстаграм на Денот на независноста, а на него се гледа како шета на плажа во бикини. Горниот дел е во неонска зеленa боја, а долниот дел има гепард-принт.
Иако изгледа дека времето е добро, пејачката се пожали на недостаток на сонце, и напиша: „Секако дека на мојот меден месец сонцето не излегува!“.
Се чини дека клипот е снимен од нејзиниот сопруг, чија сенка може да се види насекаде.