Забава
Трамп: Ми беше чест да се појавам во „Сам дома 2“
Долго пред да се всели во Белата куќа во својство на претседател на САД, Доналд Трамп се појави во филмот „Сам дома 2“, нешто што тој го опиша како чест.
Трамп во вторникот разговараше со распоредените припадници на амерканската војска, а еден од нив го запраша за неговото појавување во божикниот филм.
„Бев малку помлад, благо речено … Се покажа дека е многу голем хит, очигледно. Филмот е голем божикен хит, еден од најголемите“, рече Трамп, кој стана сопственик на хотелот Плаза во Њујорк, каде беа снимени неколку сцени за филмот во 1992 година.
„Чест е да учествуваш во такво нешто“, рече претседателот, кој на кратко се појавува во филмот.

Во филмот, малиот Кевин повторно се разделува од неговите родители и се бори да го пронајде својот пат низ позлатениот хотел.

Застанува човек во долг црн капут и црвена вратоврска за да го праша за насоки кон лобито. „Подолу во ходникот и на лева страна“, одговара Трамп.
Актерот Мет Дејмон во интервју за „Холивуд репортер“ тврдеше дека бизнисменот дозволувал да се снимаат филмови во неговите згради, но само ако добиел улога.
Трамп на тој начин добил улоги во дваесетина филмови и серии, вклучувајќи ги „Зулендер“ и „Сексот и градот“, а во повеќето од нив се игра самиот тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кој брзо станува центар на светот, но и на добрите времиња.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.
Забава
Секој би сакал да има тело како Марго Роби, а тоа сега е можно: тренерот откри како
Марго Роби веќе некое време привлекува внимание од јавноста, а причината е нејзината нереална убавина. Се зборуваше и за можните козметички процедури што ги направила на лицето за да го зачува својот изглед, а сега и нејзиниот личен тренер Дејвид Хигинс се огласи пред медиумите.
Тој нагласи дека зад нејзината убавина стои сериозна работа, труд и посветеност, и откри како изгледа фитнес рутината на актерката, како и каква храна консумира.
Посебен вид пилатес + тренинг за сила
Дејвид истакна дека Марго комбинира тренинг за сила и реформаторски пилатес, кој неодамна доби голема популарност. Тренингот започнува со вежби за загревање кои траат 5 минути, по што следат вежби за сила.
Во зависност од тоа како се чувствува, вели тренерот, Марго избира помеѓу тренинг за сила и пилатес. Таа го прескокнува класичниот кардио тренинг, а еве зошто:
„Кога правите вежби за целото тело, срцето мора интензивно да пумпа крв од еден дел од телото до друг – на пример, од горниот до долниот дел – што дополнително го зголемува пулсот“, објасни тој.
Тој става посебен акцент на зајакнување на стомачните мускули, а неговите тренинзи често завршуваат со предизвик од 100 стомачни. Исто така, открил дека може да држи планк четири минути и десет секунди без тешкотии.
Диета „сè или ништо“
Марго признава дека обожава нездрава храна, но дека е ригорозна во врска со исхраната пред снимањето.
„Не можам да бидам умерена. Станувам мрачна ако не јадам што сакам. Не можам само да јадам салата секој ден и да пијам половина чаша вино секој втор ден. Едноставно не функционира“, изјави таа за „Emirates Woman“.
Таа исто така отворено признава дека е склона кон крајности: „Немам идеална диета. Обожавам пиво, помфрит и бургери. Но, ако треба да скокнам во бикини, ќе јадам стапчиња морков три дена. За мене е или едното или другото.“
Кога се придржува до строг режим, за појадок избира овесна каша со капини или зелено смути со кељ и јаболко. Ручекот обично е пилешко со лимон и интегрален ориз или салата од скуша со домати и краставици. За вечера јаде стек од туна со сладок компир или зеленчукова чорба.
Пред важни настани, таа избегнува заситени масти, брза храна, газирани и засладени пијалоци и чоколадо.
Забава
(Видео) Интернетот полуде по нејзиниот фустан: Но – зошто?
Кејт Хадсон неодамна присуствуваше на доделувањето на Costume Designers Guild наградите во Лос Анџелес. Наградите ги доделува Здружението на костимографи на филмски и ТВ продукции за годината.
На доделувањето на наградите оваа година присуствуваа бројни познати личности од различни области на уметноста, а меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание беше и актерката Кејт Хадсон.
За оваа пригода, таа одлучи да носи лаванда фустан од Валентино. Креацијата на прерамки е изработена од сатен и совршено ја следи женската фигура. Се одликува со дискретно деколте и отворен грб што го нагласува женското тело.
Додаде дијамантски чокер од брендот BVLGARI, кој совршено го надополни овој аутфит, кој многу потсетува на стариот холивудски гламур.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја пушти слободно да паѓа по рамената, а кога станува збор за шминка, се одлучи за едноставни, земјени тонови.
Насмевката на лицето на Кејт беше исто така забележлива, која ја покажуваше цело време за време на фотосесијата на црвениот тепих.

