Забава
Три хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни од себе
Некои луѓе се премногу критички настроени кон себе си, па секогаш си поставуваат преголеми очекувања.
Рак
Раковите често губат многу време размислувајќи за тоа што не е во ред со нив. Склони се кон пореметувања во исхраната бидејќи постојано се грижат за својата тежина. Иако не веруваат во диети, цело време се трудат да смислат добар начин за да изгубат килограми. Не се грижат за мислењата од другите, но затоа, често сами се осудуваат.
Риби
Рибите би биле најсреќни се да им тече мазно цело време, а кога тоа не се случува, вината ја префрлаат на самите себе и се обвинуваат дека тие се виновни за се што тргнало по надолна линија. Кукањето и самосожалувањето не им се непознати, а доаѓаат и до потреба постојано да се осудуваат. Радо би простиле на некој друг, отколку на самите себе.
Девица
Девиците со себе влечат голем товар, без разлика на тоа што направиле. Нема да се осудуваат бидејќи мислат дека се лоши личности, туку затоа што сметаат дека се прават погрешно. Строги се и кон останатите. Доколку заклучат дека згрешиле нешто, ќе се препуштат на самосожалувањето и во тишина ќе ги лечат раните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото/Видео) Ријана повторно е секс бомба: Три месеци по породувањето, го покажа задникот
Познатата пејачка Ријана пред три месеци роди девојче, третото дете што го доби со раперот ASAP Rocky, но тоа не ја спречи да изгледа како никогаш да не родила.
Ријана претстави кампања за нејзината нова колекција Savage x Fenty, а свој придонес имаше исто така и ќерката на Илон Маск, Вивијан Џена Вилсон.
Бидејќи Ријана беше главна ѕвезда, никој не можеше, а да не забележи како изгледа пејачката само неколку месеци по породувањето. Не е познато која е нејзината тајна, но дефинитивно има ефикасно решение за оваа фигура по три деца.
„Афродита беше дива“, напиша таа во описот на објавата во која позира во неколку различни модели од нејзината колекција.
Прво, таа покажа цветен комплет со наметка, а потоа имаше фотографии од Ријана во секси чипкаст градник и долна облека. И, токму како што многумина се надеваа, таа го сврте грбот на камерата и им го покажа на сите својот затегнат задник.
„Мама“, „Совршена си“, „Гориш“, „Овие објави недостасуваа“, „Бомба“, беа дел од комплиментите што популарната Рири ги собра на Инстаграм.
Забава
Без печење или брашно: Рецепт за најкремастиот десерт
Тортата не мора да има многу состојки за да биде вкусна, а овој рецепт го докажува тоа. Без печење или брашно, ќе го имате најсовршениот кремаст десерт.
Состојки:
200 г обични чајни бисквити
100 г јаткасти плодови по вкус
80 г путер
200 г чоколаден намаз (идеално Нутела)
400 г крем сирење
50 г шеќер во прав
200 мл павлака од 33%
прстофат сол
чоколадо и неколку јаткасти плодови за посипување
Подготовка:
Треба да ги издробите бисквитите и јаткастите плодови, а потоа да додадете 80 г растопен путер во смесата. Втиснете ја основата во кружен калап со димензии од приближно 18 см.
Измешајте 200 г крем сирење и чоколаден намаз, а потоа измиксајте. Прелијте ја кората од бисквити и јаткасти плодови, а потоа измешајте 200 мл павлака и шеќер со преостанатите 200 г крем сирење.
Прелијте ја оваа смеса врз претходниот слој Нутела и сирење. Декорирајте го горниот дел од тортата со парчиња јаткасти плодови и рендано чоколадо.
Ставете ја тортата во фрижидер неколку часа за да се соедини убаво, а потоа исечете ја по желба.
Погледнете го видеото за повеќе детали:
Забава
(Фото) Природна убавина на 57 години: Во пижами и без шминка, го освои интернетот
Благодарение на својот младешки изглед, Кајли Миног (57) е сè уште една од најпосакуваните жени на светската јавна сцена, а откако ја испрати старата година во секси костим на Дедо Мраз, им се обрати на своите обожаватели на почетокот на новата година со полежерна објава која привлече големо внимание.
Таа сподели серија фотографии на кои позира во бели пижами со црни точки, додека пие кафе и ужива во топлината на домот. „Добро утро, на здравје!“, напиша таа на Инстаграм.
Станува збор за елегантни свилени пижами кои доаѓаат од престижната модна куќа „Долче и Габана“, а комплетот може да се најде онлајн за 3.200 евра.
Горниот дел е посебен поради ременот на половината, додека долниот дел е во форма на широки панталони со навидум свиткани краеви.
Пејачката влезе во новата година во одлично расположение, судејќи според фотографиите, а доби и многу комплименти за оваа објава и нејзиниот младешки, без шминка изглед.

