Забава
Три хороскопски знаци кои умеат да привлечат внимание со модните избори

Кога станува збор за модата, овие три хороскопски знаци едноставно знаат како да привлечат внимание. Без разлика дали избираат класици, експериментираат со модерни стилови или си играат со детали, нивното чувство за мода ги прави непогрешливи стилски модели.
1. Вага
Како знак под влијание на Венера, планетата на убавината, Вагите се познати како вистински естети на зодијакот. Нивниот стил е беспрекорен и зрачи со софистицираност, без разлика дали се работи за секојдневна елеганција или гламурозен вечерен изглед. Тие секогаш избираат комбинации кои се хармонични, внимателно комбинираат бои, кроеви и додатоци. Нивната љубов кон уметноста и симетријата се рефлектира во секој моден избор, што ги прави инспирација за сите љубители на модата.
2. Лав
Лавовите уживаат во вниманието и тоа јасно се покажува преку нивниот смел и гламурозен стил. Нивните комбинации често вклучуваат светли бои, луксузни материјали и впечатливи парчиња кои ги издвојуваат од толпата. Обожаваат драматични детали и често избираат додатоци кои дополнително го истакнуваат нивниот кралски дух. Лавот е мајстор за оставање силен прв впечаток, а нивната самодоверба едноставно зрачи преку секој моден избор.
3. Јарец
Јарците можеби изгледаат практично и сериозно, но нивниот стил е олицетворение на луксуз и софистицираност. Нивната гардероба се базира на квалитетни и безвременски парчиња кои оставаат впечаток. Минималистичкиот пристап и јасните линии го прават нивниот изглед секогаш совршено уреден. Обожаваат парчиња како елегантни палта, јакни и класични кожени чевли, во кои со задоволство инвестираат бидејќи се симбол на суптилен луксуз и долготраен квалитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) „Вака изгледа безвременската убавина“: Салма Хајек без шминка го освојува интернетот

Салма Хајек (58) неодамна ја сподели својата дневна рутина за нега на кожата и за шминкање со списанието „Вог“, а видеото, кое првично беше објавено на „Јутјуб“, ги освои социјалните мрежи и предизвика многубројни коментари во кои се восхитуваат на нејзината убавина. Додека Салма ги споделува своите омилени техники – вклучувајќи и паметен трик за прикривање на седата коса со маскара – таа зборува и за „сендвичот за убавина“, како и за безвременските совети што ги наследила од својата баба.
View this post on Instagram
Таа исто така откри како се справува со хиперпигментацијата, особено на очните капаци, кои ги смета за природни сенки за очи. Таа исто така рече дека претпочита да користи шминка наместо филери за контурирање на лицето.
„Мора да ја менувате вашата рутина за шминкање и убавина како што стареете. Можеби она што функционирало порано, сега не функционира. Затоа е добро да бидете авантуристички настроени, креативни и да се обидете да се забавувате додека го правите тоа“, вели Хаjек, која вели дека ја научила оваа лекција од својата баба: „Имам голема среќа затоа што имав баба која беше опседната со убавината и знаеше секакви трикови“.
Видеото во кое Салма ги покажува своите трикови и дневната рутина предизвика низа воодушевени коментари: „Како да ставила сè што имала, го намачкала и некако сè уште изгледа беспрекорно“, „Неверојатно е колку е убава“, „Зачудувачка убавица“, „Вака изгледа безвременската убавина“.
За потсетување, Хајек претходно откри дека нејзината убавина на 58-годишна возраст не е само резултат на природата, туку призна дека била подложена на естетска процедура за подмладување. Станува збор за ултразвучна процедура за затегнување на кожата и стимулирање на производството на колаген.
Забава
(Видео) Фронтменот на „Колдплеј“ и познатата актерка раскинаа поради проблеми со распоредот

Актерката Дакота Џонсон и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, наводно повторно се разделија, со што ја завршија својата речиси осумгодишна врска, која постојано се прекинуваше. Разделбата наводно се должи на неможност да се усогласи распоредот. „Овој пат се чини дека е засекогаш“, изјави извор за „Пипл“.
Тие се забавуваат од 2017 година, а нивната осумгодишна врска имала свои подеми и падови. Последен пат беа фотографирани заедно на 16 мај, пред само две недели, во Малибу. Пред тоа беа видени како се држат за раце во Индија, каде што Мартин беше на турнеја со својот бенд.
Во март 2024 година извор откри дека Џонсон и Мартин, всушност, биле срвшени со години откога шпекулациите за свршувачката првпат се појавија во 2020 година, иако во тоа време не брзале да се венчаат. Кога се појавија шпекулации за раскинување во август 2024 година, портпаролот на актерката ги негира и рече дека тие се среќни заедно.
Џонсон претходно отворено зборуваше за тоа дека е присутна во животите на децата на Мартин од неговиот брак со Гвинет Палтроу, синот Мозес и ќерката Епл, кои сега имаат 19 и 21 година. „Ги сакам тие деца како мојот живот да зависи од нив“, изјави Џонсон претходно за „Бастл“. „Со сето мое срце“.
Забава
(Видео) Пајак и Антониа имаат нова песна, објавен е и спот за „Навика“

Пајак и Антониа Гиговска имаат нова песна. Тие вчера ја објавија „Навика“.
Музиката е на Пајак, а за текстот тој соработуваше со Елвир Мекиќ. Аранжманот е дело на Иван Јованов-Ивајо.