Забава
Три хороскопски знаци кои ќе имаат среќа со пари овој месец
На сите ќе им биде полесно месецов да постигнат изобилство и просперитет, но познавачите на астрологијата наведуваат дека за неколку знаци финансиските победи ќе бидат малку поедноставни.
Овен
Многумина Овни очекуваат сериозен успех во кариерата. Астролозите ги советуваат овие луѓе да посветат повеќе внимание на работата. Одговорните личности од овој знак ги очекува зголемување на платите. Важно е да не се изгуби упорноста.
Стрелец
Стрелец го чека заслужена награда за напорната работа. Најважниот совет од експертите од областа на астрологијата до претставниците на овој знак е да вложат пари во професионално растење и нови знаења. Можете да аплицирате за курсеви. Ако луѓето родени во овој знак се стремат кон личен развој, планетите ќе им помогнат да станат подобри.
Девица
Девицата ќе има среќа во финансиските инвестиции. Ако успеете да вложите пари во нешто профитабилно, тогаш можете да очекувате голем успех во иднина. Но, не треба да се надевате премногу и да се чекате чудо, туку да останете максимално објективни. Вистинската среќа и најпријатните последици не доаѓаат веднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се ожени Бејби Лазања
Марко Пуришиќ, попознат како Бејби Лазања, кој ги освои срцата на „Евровизија“ и неговата долгогодишна девојка Елизабета Ружиќ денеска се венчаа во Завршје, населба во округот Истра.
Свадбата се случуваше пред околу 50 членови на семејството и најблиските пријатели, јавуваат хрватските медиумим.
Марко во август зборуваше за подготовките за венчавката, иако не откри кога точно ќе биде.
„Уф, да бидам искрен, јас сум малку настрана. Го правам тоа што ми велат дека морам, но тие… Трчаат, подготвуваат. Веројатно ќе има малку паника затоа што сме навистина зафатени,но имаме помош од семејството, пријателите, така што добро оди, мислам“, изјави тој за „Ин Магазин“.
Двајцата се запознале на Инстаграм кога пејачот ја контактирал.
Забава
(Видео) ДНК снима спот за „Чаршија“ во Чаршијата: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.
Забава
Семејството на Метју Пери зборуваше првпат по неговата смрт
Една година по неговата смрт, семејството на Метју Пери зборуваше јавно. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон, и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „Хелоу“ и ги открија плановите за Фондацијата „Метју Пери“ во Канада.
Според официјалната веб-страница на организацијата, Фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединците што живеат со нарушувања од зависноста по третманот“.
„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и да работам со него секој ден на нешто што му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на Фондацијата.
„Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да го имам блиску до мене“, додаде таа.
„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето што се борат со зависноста“, додал очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.
„Кога Метју ненадејно умре, тоа беше неверојатно шокантно… Секој што изгубил дете, ќе ви каже дека, дури и ако сте некако подготвени за оваа можност, тоа е поразително“, изјави Морисон.
„Она што решивме да го изввлечеме од целата трагедија беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.
Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и други фактори што го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито, според обдукцијата во декември. Актерот јавно ја призна децениска употреба на супстанции, вклучително и во годините кога го играше Чендлер Бинг во хит телевизискиот серијал од 90-тите, „Пријатели“.
За потсетување, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петтемината обвинети за неговата смрт од предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.
Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетата Јасвен Санга, позната како кралица на кетаминот. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вшприцал дрогата на Пери, и наводниот посредник, кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.