Забава
Убедливо најголеми баксузи во хороскопот: Овој знак е вистински магнет за лоша среќа
Некои луѓе како да се родени под облаците. Каде и да одат, нешто тргнува наопаку. И додека други пливаат низ животот со леснотија, имаат среќа и сè оди по нивно, овој хороскопски знак како постојано да го влече своето сидро – и тоа право во калта.
Астролозите не го штедат: го нарекуваат вечен губитник, магнет за несреќа, емоционален маченик. Иако има добри намери, честопати е погрешно разбран, изоставен или едноставно – заборавен.
Кој е всушност најголемиот баксуз во зодијакот?
Риби. Да, токму тие.
Чувствителни, интуитивни, сонувачки – но и непоправливо наивни. Рибите често веруваат во луѓето повеќе отколку што треба, им даваат шанса дури и кога боли и остануваат дури и кога сите други си заминуваат.
Нивната емпатија е дар, но и проклетство. Во љубовта, тие често ги избираат погрешните, во бизнисот ги заобиколуваат, а во секојдневниот живот се придружени од чувството дека секогаш се еден чекор позади.
Зошто Риби?
Затоа што се воден знак, длабоко емотивни, но и склони кон идеализација.
Нивната интуиција често ги води, но не секогаш на вистинското место. Рибите не знаат како да кажат „не“ кога е потребно, а „да“ кога е мудро.
Во комбинација со транзитите на Сатурн и илузиите на Нептун, Рибите стануваат жив пример за тоа како добрата душа може да се изгуби во свет полн со бучава.
Дали има надеж за вечниот губитник?
Секако.
Рибите, кога ќе научат да поставуваат граници, а не да ги спасат сите што се дават и да не бараат потврда однадвор – тие стануваат најмудриот знак на Зодијакот. Нивната сила е во ранливоста, но само ако не им ја дадат на сите.
Несреќата ги следи сè додека не научат да кажат: „Доста е“. И кога ќе го сторат ова – тие веќе не се несреќници, туку преживеани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

