Забава
Ума Турман се вљуби во текот на самоизолацијата
Таа го поминува периодот на светската здравствена криза во Хемптонс.
И се чини дека Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата.
Според „Пејџ сикс“, актерката (50) почнала врска со архитектот Питер Сабет, чија фирма е со седиште во Бриџхемптон.
Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.

„Питер не знаеше дека е Ума кога првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажата… и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива“, тврди извор за порталот.
„Ума се согласи, внимаваше на неговото куче додека тој пливаше, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Најголемиот тренд за оваа зима доби потврда: И тоа од Кејт Мидлтон
Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса, а како и обично, Кејт Мидлтон се истакна со своето модно издание.
Kate Middleton stepped out for Christmas Day services wearing her brown tartan Blazé Milano coat, the same piece she wore during her first public engagement of the year when she surprised the public and announced she was in remission. ❤️ 📸: WireImage; Getty pic.twitter.com/p1g7F2SgNJ
— Page Six (@PageSix) December 26, 2025
Принцезата од Велс веќе е прогласена за најдобро облечена жена за 2025 година, па сега таа само потврди сè по илјадити пат и зацврсти еден тренд.
Најпопуларната боја оваа сезона е кафеава, а Кејт Мидлтон го знае ова многу добро, бидејќи се појави на мисата облечена во кафеава комбинација од глава до пети. Карираниот капут беше ѕвездата на овој аутфит, но принцезата направи и мал моден експеримент.
Она што ретко се гледа е комбинација од различни карирани дезени, а Кејт го направи токму тоа. Под нејзиниот долг и совршено модерен капут, се гледаше миди здолниште, исто така карирано, но во малку поинакви нијанси.
Чевли, чанта, ракавици – сè беше во кафеава боја и некако го „смири“ целиот аутфит, а Кејт Мидлтон потврди директно од кралскиот двор што ќе биде најмодерно оваа зима.
И тоа не е сè. Кејт уште еднаш покажа дека рециклирањето на модата е пожелно секогаш и насекаде, па затоа таа веќе го носеше гореспоменатиот капут кога првпат се појави пред сите и објави дека е во ремисија.
Забава
(Фото) Поранешната прва дама маѓепса во чипка и стави крај на гласините: Се сакаат повеќе од кога било
Мишел и Барак Обама позираа еден до друг за Божиќ, посакувајќи си еден на друг среќен празник, но и покажувајќи дека сè е во ред меѓу нив. Во оваа прилика, Мишел особено блескаше во малку посмела модна облека.
„Среќен Божиќ! Барак и јас ви ги испраќаме нашите искрени желби за празниците и радосен почеток на новата година“, напиша Мишел.
Во објава на социјалните мрежи, двојката стоеше пред дрвја украсени со светилки, прегрнати.
Барак (64) носеше целосно црна комбинација со беж јакна, додека Мишел (61) позираше во црн фустан од чипка.
Познатите следбеници на двојката, вклучувајќи ја и Софија Буш од серијата „One Tree Hill“, со ентузијазам коментираа како Мишел изгледаше „прекрасно“ во нејзината смела облека.
Барак ја сподели истата празнична фотографија во својата приказна на Инстаграм со опис: „Среќен Божиќ! Мишел и јас се надевам дека ќе имате прекрасен празник исполнет со светлина и радост“.
Мишел и Барак се во брак од 1992 година и остануваат во многу добри односи, и покрај бројните гласини за развод претходно оваа година.
Двојката директно се осврна на гласините во јуни во подкастот на Мишел „IMO“.
Политичарот се пошегува за насловите, смеејќи се: „Таа ме врати! Беше малку неизвесно“.
Мишел негираше какви било брачни проблеми за време на епизодата.
„Никогаш немаше момент во нашиот брак кога помислив да се откажам од мојот сопруг. Имавме навистина тешки времиња, но имавме многу прекрасни моменти, многу авантури и станав подобра личност поради човекот со кој сум во брак“, додаде поранешната прва дама во тоа време.
Забава
(Фото) Нејзината среќа не може да се скрие: Џенифер Анистон покажа како ги слави празниците со своето момче
Една од омилените актерки, Џенифер Анистон, ги воодушеви обожавателите претходно оваа година кога беше откриено дека е во врска со гуруто за љубов Џим Кертис. Ако им се верува на странските медиумски извори, актерката е пресреќна во својата нова врска и конечно ја пронајде љубовта што ја бараше.
Колку е заљубена, сведочи и фактот дека често зборуваше за Кертис во своите интервјуа, што претходно не го правеше и речиси никогаш не откриваше детали од нејзиниот приватен живот.
Сега таа се придружи на „трендот“ на социјалните мрежи и покажа како изгледаат празниците во нејзиниот дом, а во серија фотографии, онаа на која Кертис држи бебе во раце привлече најголемо внимание.
„Ви ја испраќам целата љубов, среќни празници“, напиша Џенифер.
Порано овој месец, извор изјави за списанието People дека новиот холивудски пар планира да го прослави Божиќ со повеќе патувања.
„Празниците се време кога Џенифер забавува, навистина ужива во својот дом и поминува време со луѓето што ги сака. Таа е многу среќна што оваа година го поминува со Џим“, рече изворот, откривајќи дека актерката секоја година има вистинска елка за празниците, никогаш вештачка.

