Контакт

Забава

Уште еден бенд го повика Трамп да не користи нивна песна на митинзи

Објавено пред

Американскиот рок-бенд „Паника во диско“ се придружи на долгиот список бендови кои бараат претседателот Доналд Трамп да престане да ја пушта нивната музика на предизборни митинзи.

Откако Трамп ја пушти хит-песната на бендот од 2018 High Hopes за време на неговиот митинг во Феникс во вторникот, фронтменот и основач на бендот, Брендон Ури, побара да прекине.

Поп-sвездата објави твитер: „Драга кампањо на Трамп, Ф *** ју. Не сте поканети. Престанете да ја пуштате мојата песна … Доналд Трамп не претставува ништо за кое се залагаме.“

Ури потоа ги повика своите 6.6 милиони следачи на социјалните мрежи да гласаат за да помогнат „ова чудовиште“, како што го нарече,  да си замине од функцијата во ноември.

Твитот на Ури се појави два дена откако Том Пети му издаде на Трамп формален налог да не ја користи неговата песна од 1989 година, I Won’t Back Down за време на митинг во Тулса во рамки на кампањата за претседателските избори во ноември.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech

Сервисот „Спотифај“ станува достапен и за македонски корисници

Објавено пред

„Спотифај”, една од најпопуларните светски платформи за вмрежен аудио пренос со претплата од утре (15 јули) ќе биде достапна за користење и во земјава.

Покрај влегувањето во Македонија, „Спотифај” стартува и на 12 нови пазари, вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Црна Гора, Србија, Украина и Хрватска, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Со светска заедница која брои повеќе од 286 милиони слушатели, вклучувајќи и 130 милиони премиум претплатници на глобално ниво, „Спотифај” овозможува слушање на локална и меѓународна музика со над 50 милиони песни и 1 милион подкасти.

Услугата „Спотифај”е бесплатна или со можност за надградба на „Спотифај Премиум”, услуга со претплата која им овозможува на корисниците да уживаат во музиката без да бидат прекинувани од реклами.

Македонските корисници ќе може да се надоградат на пакетот „Спотифај Премиум” за 4,99 евра месечно. „Премиум фемили“ е достапен за 7,99 евра за најмногу 6 членови на семејството кои живеат заедно. Новиот „Спотифај премиумДУО” (6,49 евра) е услуга за претплата на две лица односно двојки која вклучува „Дуо микс”, автоматски ажурирана плејлиста која комбинира музика што ја уживате вие и вашиот партнер/ка.

Пакетот „Спотифај Премиум за студенти” ќе чини 2,49 евра месечно.

„Стартувањето на овие пазари ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели кои ќе може да започнат со откривање на нова музика и подкасти од целиот свет на ‘Спотифај’, а уметниците во регионот да ја допрат се’ поповрзаната глобална публика и обожаватели“, вели Федерика Тремолада, Управен директор за Јужна и Источна Европа на „Спотифај”.

Таа, исто така додава дека стартувањето на овие 13 пазари е важен момент во приказната на „Спотифај”.

„Особено затоа што им посакуваме добредојде на обожавателите и уметниците на растечките музички пазари, како Северна Македонија, каде расте семрежниот пренос и каде гледаме значајна можност за ‘Спотифај’“, вели таа.

Прикажи повеќе...

Забава

По јавното признавање дека го изневерила, Вил Смит ја почести својата сопруга

Објавено пред

Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието кога таа призна дека имала афера со 20-годишниот музичар Август Алсина.

Двојката се чини дека се снаоѓа подобро од кога било, а аферата што неодамна ја откри самиот Алсина како гостин на една емисија се случила пред четири и пол години.

За да го избегнат скандалот, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решиле да заминат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште Албани, каде што една ноќ чини 2.600 евра, пишува „Пејџ сикс“.

Кога Џејда го признала неверството во бракот, почнале да кружат шпекулации дека Вил бил со колешката Маргот Роби.

Прикажи повеќе...

Забава

Соседите на трагично починатиот внук на Елвис: Неговата девојка викаше „Не прави го тоа“

Објавено пред

Соседите на Бенџамин Кио, внукот на Елвис Присли, тврдат дека ја слушнале неговата девојка Дајана Пинто како вреска очајно, „Не прави го тоа“ пред 27-годишното момче да си пука во градите.

Кио е прогласен за мртов во неговата вила во Калифорнија вредна 1,8 милиони американски долари.

„Дејли мејл“ пишува дека од снимката на забавата што се случувала во вилата се слуша женски глас, за кој се верува дека припаѓа на девојката на Бенџамин која вика: „Не прави го тоа“.

Полицијата и брзата помош, според пишувањето на медиумите, дошле на местото на настанот во шест часот наутро. Соседите тврдат дека полицијата ја испрашувала видливо потресената девојка.

„Некој се слушаше како гласно зборува во дворот. Гледав надвор и ја видов неговата девојка како разговара со полицијата. Таа беше хистерична и повтори дека не може да верува во тоа. Таа само опцу и повтори: ’Не можам да верувам во тоа, не можам да верувам во тоа. Не можам да верувам дека тоа го направил. Таа додаде дека семејството ќе ја мрази и ќе ја обвинува за тоа што се случило. Мислам дека се чувствува виновна, но не сакам да претпоставувам која е причината. Тие разговараа надвор околу еден час“, рече соседот.

Поранешната девојка Алекса Роде во текот на денот се збогуваше со Кио на социјалните мрежи.

„Ти беше мојата омилена личност од моментот кога те запознав. Посакувам да можев да те зачувам засекогаш, Бен Бен“, напиша таа.

Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис Присли, е скршена од тага поради смртта на нејзиниот син. Нејзината портпаролка рече во соопштението за печат дека Бенџамин бил љубовта на нејзиниот живот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија6 часа

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија6 часа

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Македонија7 часа

Две телевизии го прекршиле изборниот молк

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги при проверка на начинот на известување на радијата и телевизиите за време на...

Топ10 часа

Kривична пријава за скопјанецот осомничен дека ја убил невенчаната сопруга, а телото го фрлил покрај пат

Полицијата поднесе кривична пријава против 36-годишен скопјанец кој е осомничен дека ја убил невенчаната сопруга. Според информациите на МВР, И.Е.(36)...

Македонија10 часа

Австрија забрани летови од Македонија и другите земји од Западен Балкан

Со цел да се избори со пандемијата на коронавирус, Австрија го прошири списокот на земји на кои им е забрането...

Македонија10 часа

Најголем дел од заболените изминатата недела се лица над 60 години

Минатата недела, односно за седум дена, регистрирани се вкупно 1.073 нови позитивни случаи на коронавирус од вкупно направени 9.995 тестови....

Македонија11 час

Во Македонија досега се излечени над 4.000 пациенти од коронавирус

Од почетокот на пандемијата, бројката на оздравени пациенти изнесува 4.326 лица. Во текот на вчерашниот ден надлежните соопштија за 123...

Македонија12 часа

Денеска гласаат болните, немоќните и затворениците

Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори. Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со...

Свет12 часа

СЗО: Многу земји одат во погрешна насока, нема враќање во нормала во скоро време

Светот во догледна иднина нема да се врати во некогашната нормала, оцени Светската здравствена организација (СЗО), еден ден по рекордните...

Европа12 часа

Судот во Каталонија го забрани карантинот

Судот во Каталонија ја оспори одлуката на регионалната власт да воведе целосна забрана за движење на околу 200.000 луѓе кои...

Регион13 часа

Шест часа траеше сослушувањето на Тачи во Хаг, рочиштето продолжува и денеска

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, по шестчасовно испрашување ги напушти просториите на Специјалното јавно обвинителство во Хаг, а рочиштето ќе продолжи...

Македонија24 часа

Гласале 723 лица заболени од Ковид-19 и во самоизолација

Вкупно 723 лица, кои се заболени од Ковид-19 или се наоѓаат во самоизолација, гласале денеска. Како што информира претседателот на...

Македонија1 ден

На базен со маска, задолжително е туширање пред влегување во водата

На денешната владина седница веше усвоен протоколот за работата на базените, кој вклучува носење маска на лицето и држење растојание,...

Македонија1 ден

Растојание помеѓу лежалките и во водата, забрана за играње одбојка – објавен протоколот за плажите

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на плажите во текот на пандемијата. Во согласност со протоколот, покрај...

Македонија1 ден

Планинар синоќа залутал на косовска територија, утрово е пронајден на бачило

Утрово е пронајден 42-годишен планинар од планинарското друштво „Љуботен“, кој синоќа залутал на косовска територија. Тој се движел во група...

Топ1 ден

Нова мигрантска драма во кумановското село Ваксинце – Пакистанци во залошништво држеле мигранти

Нова мигрантска драма деновиве се случувала во кумановското село Ваксинце, каде што две лица од Пакистан во засложништво држеле 19...

Македонија1 ден

Косово воведе задолжителен тест за влез на граѓаните од Македонија, Црна Гора и од БиХ

Косовската влада воведе задолжителен негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и од Босна...

Македонија1 ден

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија регистрирани се три смртни случаи и 88 новозаболени од коронавирус. Излекувани се 123 пациенти,...

Свет1 ден

Италијански лекари: Ковид-19 не е само распираторно заболување, туку убиец што го погодува целото тело

Последиците од Ковид-19 врз пациентите кои се излечени би можеле да бидат полоши од што се мислеше. Италијански лекари предупредуваат...

Досие