Забава
Фамке Јансен – совршена елеганција во плетен џемпер и мини здолниште
Таа има 55 години и сè уште сите погледи се вперени кон неа кога чекори по тротоарите на Њујорк, благодарение на нејзината манекенска фигура и беспрекорното чувство за стил.
И во неделата Фамке Јансен приреди уште едно супер шоу во текот на лежерна прошетка низ градот – долгонога убавица во плетен џемпер, мини здолниште и високи чизми.

Актерката, модел и поранешна Бонд-девојка ги покажа своите долги нозе со добро координиран комплет облека, совршена елеганција па дури и кога вози велосипед или чекори покрај него.

Јансен моментално е ангажирана во два филма во постпродукција: Endless и Redeeming Love. Но, во овој момент, додека Ковид-19 кризата сè уште трае, датумите на премиерите се во мирување до рана пролет.
Таа неодамна глумеше заедно со Џефри Дин Морган и Куш Џамбо во крими-драмата „Убиства со разгледници“ (The Postcard Killings), филм од 2020 година.
Јансен ја започна својата кариера како модел во 80-тите години на минатиот век, работејќи за најголемите имиња во модната индустријата, како Ив Сен Лоран, Џорџо Армани, Шанел и Викторија сикрет.
Атрактивната Холанѓанка беше и Бонд-девојка.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
На Никол Кидман и се додворува познат милијардер: на актерката и се насмевнува нова љубов?
Славната Никол Кидман изгледа подобро од кога било во кариерата, се согласуваат многумина. Пред пет месеци, таа официјално се разведе од музичарот Кит Урбан, со кого беше во брак 19 години и со кого има две ќерки.
Животот продолжува, за што сведочи и фактот дека Кит Урбан веќе пронашол нова љубов, а Никол ужива во својот сингл живот – засега. Сепак, можеби нема да остане сама долго, бидејќи наводно и се додворува влијателниот бизнисмен Пол Салем, кој им признал на своите блиски пријатели дека би сакал да ја запознае, пишува Дејли Меил.
Двајцата наводно имаат многу заеднички пријатели и досега се сретнале двапати, но официјално не се запознале, ниту разговарале.
Пол Салем е исто така разведен и е татко на четири ќерки со неговата поранешна сопруга Навин, со која го заврши бракот во 2021 година.
Тој е претседател на одборот на директори на MGM Resorts International, ко-сопственик на бејзбол тимот Worcester Red Sox, а со децении беше еден од лидерите на инвестициска фирма.
Никол Кидман и Кит Урбан постигнаа конечен договор за развод минатиот месец, откако актерката поднесе барање за развод во септември минатата година. Според извештаите, тие го постигнале договорот без поголеми несогласувања, а не е познато дали имале предбрачен договор.
Забава
(Фото) Една од најубавите жени во светот го поддржа својот сопруг во секси облека
Актерката Ева Мендес е во врска со актерот Рајан Гослинг од 2011 година, со кого тајно се омажи во 2022 година, а денес тие се сметаат за еден од најхармоничните познати парови кои изградиле многу стабилен семеен живот.
Познато е дека убавата Ева е меѓу најголемите обожаватели на својот сопруг до ден-денес, а тоа го докажа со објавување на серија црно-бели фотографии на Денот на вљубените на кои позира во кревет, облечена само во маица.
И не е било каква маица, туку една со ликот на Рајан Гослинг, а со овој гест го поддржа неговиот најнов филм „Project Hail Mary“.
Маицата е неколку броеви поголема, но дури и во неа Ева Мендес изгледа неверојатно секси, па, како што се очекуваше, на Инстаграм следеше лавина од комплименти.
И не е прв пат таа да го поддржи својот сопруг на овој начин, бидејќи ова е убава традиција за познатиот пар – да се поддржуваат еден со друг на овој начин – со одбрани маички.
Забава
(Фото/Видео) Ќерката на Синди Крафорд остава без зборови во „гол“ фустан
Моделот Каја Гербер, ќерка на познатата мајка Синди Крафорд, се појави на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Independent Spirit“ во смел фустан во кој изгледаше божествено, докажувајќи дека е свесна за модата и е вистинско олицетворение на еден од најбараните модели на сите времиња.
@voguespain #KaiaGerber y la demostración de que un vestido con transparencias puede ser el look más sofisticado. La modelo y actriz estuvo anoche en los Independent Spirit Awards ✨ #SpiritAwards #modaentiktok ♬ original sound – nj.audios
Каја избра целосно транспарентен, тесен фустан од чипка без ракави кој ја истакна нејзината совршена фигура, а тоа смело модно парче е од престижната куќа „Живанши“.
Во впечатлив фустан, таа привлече и погледи и воздишки, и самоуверено позираше за фотографите и снимателите, вешто правејќи ги најдобрите пози.
Фустанот доаѓа од колекцијата пред есен 2026.

