Забава
(Видео) Фановите згрозени од потегот на Тејлор Свифт за време на концертот: „Направи го тоа во твоите 4 ѕида“
Тејлор Свифт три дена по ред настапуваше во Единбург, Шкотска, каде што нејзините обожаватели предизвикаа галама за време на концертот, а внимание привлече снимката на која пејачката брише слуз од носот, што ги згрози некои обожаватели, кои веројатно никогаш не го направиле тоа.
@xcrystine grace personified @Taylor Swift @Taylor Nation #TSTheErasTour #EdinburghTSTheErasTour #swiftie #edinburghn1 #erastour ♬ original sound – xcrystine
Познатата пејачка моментно е среде турнејата „Ерас“, најголемата светска турнеја на музичар во последните неколку децении, а за време на настапот во Шкотска беше снимена како си го брише носот за време на изведувањето на песната Don’t Blame Me по што може да се види како си ја брише раката од костимот во кој настапува.
THIS IS CRAZYYY…. pic.twitter.com/MFojMV63qk
— SPOON𐙚 (@SPOONGRANDE) June 11, 2024
Кога излегоа неколку од овие видеа, фановите имаа разни реакции на нејзиното однесување.
„Сум видел три видеа на Тејлор како си го брише носот во последните 30 минути, таа мора да носи марамчиња со себе на сцената“, напиша едно лице на „Икс“.
Се чини дека на популарната пејачка не ѝ било лесно да настапува во Шкотска на 8 Целзиусови степени. За време на концертот, поради студот, морала да носи ракавици, а на самиот концерт истакнала дека ѝ се грчат рацете од студ.
„Многу ми е жал, ова никогаш досега не се случило, но мојата рака е замрзната, само ќе ја загреам. Многу ми е непријатно“, рече таа на сцената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) ДНК снима спот за „Чаршија“ во Чаршијата: гости се Мишел Трајковски и Бока Конга
Вчера на социјалните мрежи ДНК ја промовираа својата најнова песна со наслов „Чаршија“, песна на која гостуваат: познатиот хармоникаш Мишел Трајковски и Бока Конга.
Станува збор за уште една песна која во стилот потсетува на претходните „Ако утре ме нема” и „Животе брате”.
Во ова најново музичко остварување на ДНК свој допринес даде еден од нашите најдобри хармоникаши, Мишел Трајковски и „мајсторот“ за конги, популарниот Бока Конга.
„Мислам дека со Лазе уште еднаш успеавме да создадеме нешто што ќе и се допадне на публиката. Очигледно е дека го сакаат овој звук и навистина ни е драго што е така“, накусо изјавија момците од ДНК.
Инаку и за оваа песна се сними видеоспот во турската чаршија во Скопје, во кој покрај Панчо и Андреј се појавува и познатата водителка Вера Мештеровиќ, моделот Драгана Спасовска, диџеите Irie Scratch, Nasty и други…
Како режисер на спотот се потпишува Огнен Шапковски, додека директор на фотографија беше Кристијан Теодоров.
Забава
Семејството на Метју Пери зборуваше првпат по неговата смрт
Една година по неговата смрт, семејството на Метју Пери зборуваше јавно. Очувот на Пери, новинарот Кит Морисон, и сестрата Кејтлин дадоа интервју за канадскиот „Хелоу“ и ги открија плановите за Фондацијата „Метју Пери“ во Канада.
Според официјалната веб-страница на организацијата, Фондацијата е создадена за да обезбеди „сеопфатна поддршка на поединците што живеат со нарушувања од зависноста по третманот“.
„Работата што ја работам сега е многу себична затоа што се чувствувам како да седам до Метју и да работам со него секој ден на нешто што му беше важно“, рече Кејтлин (43), која работи како извршен директор на Фондацијата.
„Благословена сум што преку оваа фондација секогаш можам да го имам блиску до мене“, додаде таа.
„Би сакал да биде запаметен по тоа што им помага на луѓето што се борат со зависноста“, додал очувот на актерот. Неговата смрт, велат, била неверојатен шок за нив.
„Кога Метју ненадејно умре, тоа беше неверојатно шокантно… Секој што изгубил дете, ќе ви каже дека, дури и ако сте некако подготвени за оваа можност, тоа е поразително“, изјави Морисон.
„Она што решивме да го изввлечеме од целата трагедија беше да направиме нешто корисно“, додаде тој.
Пери почина на 54-годишна возраст во октомври минатата година од акутните ефекти на кетаминот и други фактори што го натераа да ја изгуби свеста и да се удави во џакузито, според обдукцијата во декември. Актерот јавно ја призна децениска употреба на супстанции, вклучително и во годините кога го играше Чендлер Бинг во хит телевизискиот серијал од 90-тите, „Пријатели“.
За потсетување, еден од двајцата лекари од Калифорнија, кои се меѓу петтемината обвинети за неговата смрт од предозирање, во средата се изјасни за виновен за нелегална дистрибуција на кетамин. Марк Чавез се изјасни за виновен пред Окружниот суд на САД во Лос Анџелес. При изрекувањето на пресудата, тој може да добие и до 10 години затвор.
Другиот лекар обвинет во случајот, Салвадор Пласенсија, се изјасни за невин, како и кообвинетата Јасвен Санга, позната како кралица на кетаминот. Личниот асистент на Пери, Кенет Ивамаса, кој призна дека му ја вшприцал дрогата на Пери, и наводниот посредник, кој рекол дека набавил кетамин од Санга, веќе се изјаснија за виновни за обвиненијата со кои се соочуваат.
Забава
(Видео) Помладиот колега на Никол Кидман за еротската сцена: Се срамев, снимавме без проба
Актерот Харис Дикинсон (28) признал дека му било непријатно да сними непланирана интимна сцена со актерката Никол Кидман (57) во филмот Babygirl. Во таа сцена морал, без претходна проба, да танцува гол на песната на Џорџ Мајкл, а истакнал дека му е срам, пишува „Дејли мејл“.
„Режисерката Халина Рејн ја пушти песната и рече: ‘Само танцувај’. И танцував, претходно испив малку виски, но тоа беше непријатно“, рече актерот нагласувајќи дека Никол Кидман му била голема поддршка и ја опиша како исклучително срдечна личност.
„Таа создава атмосфера на снимањето и прави сите да се чувствуваат удобно, ранливо и смешно бидејќи е исклучително храбра“, додаде Дикинсон.
И Никол Кидман неодамна проговори за своето искуство со снимањето на овој филм. Таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни. Рекла дека се чувствува фрустрирано и повремено мислела оти повеќе не сака да снима такви сцени.