Забава
Фановите на главниот машки лик во „Бриџертон“ со нетрпение ја чекаат втората сезона

„Нетфликс“ минатиот месец соопшти дека „Бриџертон“ е најгледаната серија во историјата на мрежата, гледана во над 83 милиони домаќинства во светот.
Оваа историска или ретро верзија на „Озборувачка“ остави посебен впечаток кај гледачите, особено кај женскиот пол.
Мини серијата е екранизиран љубовен роман со интересен кастинг и импозантна костимографија, што е доволно за одлична релаксација и бегство од секојдневието.
Но, многумина го делат мислењето дека за рекордната гледаност на серијата на „Нетфликс“ влијание има и главниот лик – војводата Хејстинг, кого го глуми релативно непознат актер – Реге Жан Пејџ.
Оваа серија му донесе неверојатна популарност, па веќе е меѓу главните фаворити да биде следниот 007.
31-годишниот актер е роден во Лондон. Неговата мајка е родена во Зимбабве, а татко му е Англичанец, свештеник. Детството го поминал во Зимбабве и вели дека за него тоа е најубавата земја.
„Секој тоа го вели за својата земја, но објективно, мојата земја е прекрасна. Луѓето таму се љубезни и дарежливи, многу поинакви од оние со кое се соочив подоцна – груби, студени луѓе“, таблоидите цитираат негова изјава дадена пред да стане популарен.
Неоспорен е фактот дека „Бриџертон“ му донесе голем пробив во кариерата. „Нетфликс“ ја најави втората сезона на серијата, а многу од тие што веќе ја гледале првата велат дека токму актерот е главната причина поради која би продолжиле да ја гледаат.
Таблоидите открија дека неговата популарност на социјалните мрежи нагло пораснала по емитувањето на петтата епизода, во која ја има првата секс-сцена. Актерот наводно преку ноќ добил неколку милиони следачи на „Инстаграм“ по оваа епизода.
Првата сезона, заснована врз првата книга на Џулија Квин, со наслов „Јас и војводата“ (The Duke and I), се фокусира на комплицираната романса меѓу најстарата ќерка на семејството Бриџертон, Дафне, и војводата од Хејстингс, Сајмон Басет.
Втората сезона ќе ја следи втората книга во книжевниот серијал „Бриџертон“ со наслов „Виконтот што ме сакаше“ (The Viscount Who Loved Me).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најмладата ќерка на Доналд Трамп го покажа својот син, реакциите се дека многу личи на дедо му

Тифани Трамп (31), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, го доби своето прво дете со својот сопруг Мајкл Булос (27) на 15 мај оваа година. Сега ги објави првите фотографии од својот син на „Инстаграм“.
„Љубовта на нашиот живот, Александар Трамп Булос“, напиша таа во описот. Бројни следбеници ја контактираа и рекоа дека малиот Александар многу личи на својот дедо Доналд Трамп.
View this post on Instagram
„Тој е копија на твојот татко“, „Трамп има силни гени, сите негови деца личат на него“, „Ист дедо му“, продолжија коментарите.
Откако Тифани претходно се пофали со среќната вест на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија од стапалото на детето, се огласи и Трамп.
„Ќерка ми роди бебе. Одам дома да го видам тоа бебе“, рече тој потоа, додавајќи: „Таа е одлична и бебето е одлично.“
Доналд беше првиот што ја објави бременоста на Тифани.
View this post on Instagram
Пред две години, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот бинис вреден милијарди, Булос Ентерпрајзис, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.
Двојката почнала да се забавува во 2018 година кога се запознала во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција. Тие се вериле во јануари 2021 година, на крајот од мандатот на нејзиниот татко како претседател. Булос ѝ предложил брак на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.