Забава
(Фото) Актер снимен како гледа во мобилниот телефон на „Оскарите“, причината насмеа многумина

Иако оваа година не беше номиниран за ниедна награда, актерот Џеф Голдблум успеа да привлече внимание на „Оскарите“ и да стане вирален со еден потег.
Пред почетокот на гламурозната церемонија на доделувањето на „Оскарите“, 72-годишниот актер е снимен како прелистува на својот телефон и веројатно имал добра причина за тоа.
Имено, тој мораше да ги провери своите фотографии на црвениот тепих, каде што позира пред да почне доделувањето на наградите.
Актерот беше снимен како прелистува фотографии на „Инстаграм“ на кои е означен, а луѓето на „Икс“ почнаа да се потсмеваат со него.
„Самољубието во најдобро издание. Џеф Голдблум, кој најмногу се цени себеси – тоа е енергијата што ни треба на сите“, „Класичен Џеф Голдблум! Ако не можете да се восхитувате на самите себе, кој ќе се восхитува?“, „Џеф Голдблум се однесува како да е возач на автобус во друга временска линија, кој се разбудил едно утро во оваа временска линија како Џеф Голдблум. Никогаш не е несреќен што е Џеф Голдблум“ и „Ова е најјаката работа кога било“, се само дел од коментарите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Hitech
Која е Мира Мурати, Албанката што ја тресе Силиконската долина: Ја напушти „Опен АИ“, па создаде компанија

Мира Мурати, поранешена главна технолошка директорка (СТО) на „Опен АИ“ и краткотраен в.д. извршен директор по соборувањето на Сем Алтман во 2023 година, повторно е во центарот на вниманието.
Триесет и шестгодишната девојка сега води своја сопствена стартап компанија за вештачка интелигенција – „Тинкинг Машинс Лаб“ – која планира да собере рекордни 2 милијарди долари основен капитал.
Стартапот е основан кон крајот на 2024 година, и додека малку се знае за неговите производи, Мурати неодамна откри дека развиваат модели со вештачка интелигенција фокусирани на соработка меѓу човекот и машината. Според „Бизнис Инсајдер“, оваа почетна рунда на финансирање може да биде најголема во историјата, а вредноста на стартапот се проценува на повеќе од 10 милијарди долари.
Патот од Албанија до врвот на светската технолошка сцена
Ермира „Мира“ Мурати е родена во албанскиот град Валона, а на 16-годишна возраст добила стипендија на колеџот Пирсон во Канада. Студиите ги продолжила во САД, каде што се стекнала со две дипломи – уметност на колеџот Колби и инженерство на колеџот Дартмут. Во раните фази од нејзината кариера, таа работела во Токио и Франција, а потоа како менаџер во „Тесла“, каде што учествуваше во развојот на „Модел Икс“
Помеѓу 2016 и 2018 година, таа работеше на развој на технологија за проширена реалност во „Лип Моушн“ (сега позната како „Ултралип“).
Улогата во развојот на „Чат ГПТ“ и драматичното заминување од „Опен АИ“
Мурати се приклучи на „Опен АИ“ во 2018 година како потпретседател за применета АИ технологија, а ќе стане CTO во 2022 година. Таа беше клучна фигура во развојот на „Чат ГПТ“, „Дал-Е“ и други напредни модели. По ненадејното соборување на Алтман кон крајот на 2023 година, таа накратко ја презема улогата на в.д. директор, но Алтман се враќа на позицијата по само една недела.
После тоа, Мурати се повеќе излегува во јавноста како заштитно лице на компанијата – таа учествуваше на презентацијата на моделот „Чат ГПТ 4-o“ и се појави на Мет Гала 2024 година, каде „Опен АИ“ претстави персонализиран четбот.
Таа е позната по нејзиниот повнимателен пристап кон развојот на вештачката интелигенција и нејзиното застапување за регулирање на оваа технологија.
„Не треба да се потпираме на саморегулација од страна на компаниите. Регулаторите мора да бидат вклучени“, рече таа во интервју за Тајм.
„Тинкинг Машинс Лаб“– мистериозна стартап компанија која регрутира поранешен персонал на „Опен АИ“
По напуштањето на „Опен АИ“ во септември 2024 година, Мурати ја основа „Тинкинг Машинс Лаб“, која излезе на берза во февруари 2025 година. Нејзините вработени вклучуваат голем број поранешни инженери од „Опен АИ“, „Мета“ и „Антропик“. Некои од креаторите на „Чат ГПТ“, како Џон Шулман и Барет Зоф, исто така се приклучија на тимот.
Визијата и инспирацијата на Мира Мурати
За приватниот живот на Мира Мурати се знае многу малку. На Канскиот филмски фестивал во 2024 година, таа сподели анегдота за тоа како нејзината мајка првпат го прашала „Чат ГПТ“ кога Мира ќе се омажи. Инспирацијата ја наоѓа во филмот „2001: Вселенска одисеја“ и поетската збирка на Рајнер Марија Рилке, додека како една од нејзините омилени песни ја наведува „Параноид Андроид“ на „Рејдиохед“
За Мурати, вештачката општа интелигенција која може да се прилагоди, да учи сама и да решава широк опсег на задачи – ја претставува последната и најважна технологија што ќе ја создаде човештвото. Како што вели таа, оваа визија е причината поради која дошла од „Тесла“, преку „Лип Моушн“, до „Опен АИ“ и сега до сопствен стартап за вештачка интелигенција.
Забава
Луѓето родени во три хороскопски знаци глумат ладнокрвни, но всушност се многу чувствителни

На прв поглед, некои луѓе изгледаат смирени, рационални и тешко сфатливи. Но, под површината, зад самоувереното однесување и контролираната надворешност, се крие длабока емотивност. Одредени хороскопски знаци едноставно не сакаат да ја покажуваат својата ранливост, па ја кријат зад ладна маска, присебност или сарказам. Астрологијата открива дека зад таквото однесување често се крие чувствителност што не сакаат да ја разоткријат. Подолу се три знаци кои го играат тоа совршено – но нивните емоции всушност се длабоки.
Јарци
Јарците оставаат впечаток на сериозни, ладнокрвни и секогаш прибрани луѓе. Но, под таа цврста надворешност има изненадувачки нежна страна што тие ретко ја покажуваат. Длабоко ги доживуваат емоциите, но ги чуваат за себе затоа што не сакаат да изгледаат слаби. Иако ретко отворено зборуваат за своите чувства, долго се сеќаваат на сè што им се кажува. Кога се грижат, тоа е сериозно – и затоа дури и малите разочарувања можат да влијаат на нив повеќе отколку што некогаш ќе признаат.
Шкорпиите
Шкорпиите изгледаат непоколебливи, а понекогаш и застрашувачки мирни. Но, нивниот внатрешен свет е исполнет со интензивни емоции кои тие вешто ги кријат. Не сакаат да бидат ранливи пред другите, па често глумат рамнодушност за да се заштитат. Нивната чувствителност не е очигледна бидејќи често се крие со остар јазик и оддалеченост. Меѓутоа, кога се повредени, чувството на предавство длабоко ги потресува и тешко им е да простат.
Водолија
Водолиите се познати по својата независност, интелектуален пристап и емоционална резерва. Сепак, под нивната рационална фасада се крие чувствителна природа која не сака да биде повредена. Тие ретко ги изразуваат своите емоции отворено, но ги обработуваат долго и тивко, далеку од погледот на другите. Кога нешто ќе ги допре, тие ќе се повлечат и ќе ја анализираат ситуацијата од сите агли, но без многу драма. Нивната ранливост не доаѓа преку солзите, туку преку тишината и повлекувањето.
Забава
Семејството на Фреди Меркјури во спор со неговата поранешна девојка за продажба на неговите работи

Кашмира Булсара (73), сестрата на легендарниот Фреди Меркјури, наводно е бесна на неговата поранешна девојка Мери Остин затоа што ги продавала личните работи на Фреди, пишува „Д Сан“.
„Кашмира беше лута и вознемирена што виде толку многу предмети на нејзиниот сакан брат ставени на продажба“, рекол извор близок до сестрата на Меркјури. Затоа Кашмира заедно со синот Џамал Зук и личната асистентка тајно учествувала на аукцијата во Сотби, каде на крајот потрошила 3 милиони фунти за некои од предметите.
„Одвоија огромен буџет, па всушност беа многу задоволни со конечната бројка, и покрај тоа што платија значително повеќе од проценетата цена за секој артикл. Се разбира, Кашмира цени колку Фреди беше обожаван ширум светот, но беше тажна од помислата дека некои од неговите сентиментални предмети нема да бидат со неговите најблиски“, вели изворот.
Меѓу предметите кои наводно ги купила Кашмира се џубокс, елекот со мачките на Фреди што музичарот го носел на снимањето на спотот за песната „Овие се деновите од нашиот живот“ и осум страници работни верзии на текст.
Мери и Фреди се запознале во 1970 година, кога тој се преселил од родниот Занзибар во Лондон. Три години подоцна почнале да живеат заедно, но во 1976 година Фреди и признал дека е геј, по што раскинале. Иако никогаш не се венчале и покрај неговата сексуална ориентација, Фреди во неколку наврати ја нарекувал Мери негова сопруга. Тие останале во добри односи до неговата смрт во 1991 година.