Забава
(Фото) Мртва трка меѓу Кејт Мидлтон и Брижит Макрон: не се знае која е подобро облечена

Емануел Макрон, претседателот на Франција, и неговата сопруга Брижит Макрон пристигнаа во тридневна официјална посета на Обединетото Кралство. Тие беа пречекани во Лондон од кралот Чарлс и кралицата Камила, како и од принцот Вилијам и принцезата Кејт Мидлтон.
View this post on Instagram
Првата дама на Франција и принцезата од Велс привлекоа внимание со своите комбинации за оваа посебна пригода. Кога зборуваме за модниот изглед на Брижит Макрон, мора да нагласиме дека тој се карактеризира со едноставност и елеганција.
View this post on Instagram
Така беше и овој пат кога одлучи да облече бел фустан со златни детали, што ги следеа контурите на нејзиното тело. Својот изглед го надополни со беж чевли и рачно изработена чанта украсена со цветни мотиви.
Што се однесува до Кејт Мидлтон, таа се одлучи за комбинација во пудра розова боја, која се состои од струкирано сако и здолниште од тил.
View this post on Instagram
Интересно е што нејзината облека е дизајнирана од француската модна куќа „Диор“, со која принцезата од Велс сакаше да им оддаде почит на своите гости.
Таа го надополни својот целокупен изглед со високи потпетици од брендот Gianvitto Rossi и со шапка. Бисерниот ѓердан и обетките го надополнија нежниот изглед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.