Забава
(Фото) На судењето на Пи Диди беа презентирани нови морничави докази

На судењето на музичкиот могул Шон Диди Комбс беа презентирани нови морничави докази.
Во судницата беа прикажани фотографии од домашната архива, откривајќи залиха од долна облека, лубриканти и масло, сите тие се дел од доказите презентирани од обвинителот во случајот во кој раперот и продуцент Шон Диди Комбс е обвинет за голем број обвиненија, вклучувајќи трговија со луѓе и криминално заговарање.
🚨BREAKING: Pictures released by Federal prosecutors show a cigar box seized in March 2024 raid on Sean “Diddy” Combs’ Los Angeles mansion
Diddy had approximately 15-20 gallons of Baby oil in his home based off these pictures pic.twitter.com/DQLiy3bP3V
— The Patriot Oasis™ (@ThePatriotOasis) June 23, 2025
Серија фотографии прикажуваат долна облека, штикли, мрежести чорапи и камшици расфрлани низ просторијата.
Исто така е познато дека полицијата пронашла оружје и дрога за време на претресот на неговиот луксузен имот.
Обвинителството тврди дека Комбс го искористил својот статус и моќ за да ги принуди своите партнерки да учествуваат во таканаречени секс маратони „фрик-оф“, каде што наводно биле подложени на неговото насилно и манипулативно однесување.
⚠️ WARNING: This post contains descriptions of alleged sex trafficking, drug use, & violence.
Disturbing new images released by federal prosecutors in the ongoing criminal trial of Sean ‘Diddy’ Combs show a cache of weapons, including AR-15 style rifles & pump shotguns, &… pic.twitter.com/0HzqtWJ9wP
— True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) June 20, 2025
Адвокатите на Комбс, кои ќе ја презентираат својата одбрана оваа недела, признаваат дека тој бил вмешан во случаи на семејно насилство, но силно ги негираат обвиненијата за трговија со луѓе и криминал. Тие нагласуваат дека ова е обид за криминализирање на врските меѓу возрасни кои, според нив, биле консензуални.
Комбс се изјасни за невин.
Доколку биде осуден, раперот може да се соочи со 15 години до доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.