Забава
(Фото) Се омажи Мел Би

Поранешната членка на „Спајс грлс“, Мел Би (50), се омажи за фризерот Рори Мекфи (37) во Лондон овој викенд.
Мел Би носеше фустан од Џозефин Скот направен по мерка за нејзината свадба, а подоцна се пресоблече во фустан од Џастин Александар.
View this post on Instagram
Церемонијата беше проследена со прием на ѕвезди во хотелот „Шангри-Ла“. Меѓу гостите единствена од „Спајс грлс“ беше Ема Бантон, но се појавија и други ѕвезди, меѓу кои Кара Делевињ, Кетрин Рајан и Дејзи Лоу.
View this post on Instagram
Трите ќерки на Мел Би беа нејзини деверуши. Пејачката ја има ќерката Феникс (26) со првиот сопруг Џими Гулзар. Поранешната двојка беше во брак од 1998 до 2000 година.
View this post on Instagram
Другата ќерка на Мел Би, Ангел Ирис (18), е од нејзината врска со Еди Марфи. Најмладата ќерка, Медисон (13), е од бракот со Стивен Белафонте со кого Мел Би беше во брак од 2007 до 2017 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.
Забава
Повеќе земји најавуваат бојкот на Евровизија ако настапи Израел

Неколку европски држави, меѓу кои Ирска, Словенија, Шпанија, најавија дека нема да учествуваат на Евровизија 2026 доколку настапува Израел. Радиодифузерите своите ставови ги темелат на, како што велат, „неприфатливата состојба во Газа и големиот број цивилни жртви“.
Исланд сè уште ја разгледува својата позиција и чека исход од консултациите во Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Оттаму велат дека разбираат колку е прашањето чувствително и дека продолжуваат разговори со сите членки за да се најде решение.
Наредното издание на Евровизија треба да се одржи во мај во Виена, а телевизиите имаат рок до средината на декември да потврдат учество. Во меѓувреме, повеќе од 70 поранешни натпреварувачи потпишаа писмо со кое бараат Израел да биде исклучен од фестивалот.