Забава
(Фото) Сè на неа е широко, а сепак е неверојатно секси
Многумина велат дека пејачката Никол Шерцингер е најжешката и најубавата жена на светот, а мажите се согласуваат дека таа е сигурно една од најпосакуваните дами на јавната сцена денес.

Годините навистина не ѝ можат ништо, а тоа го покажа и на овогодинешната Мет Гала, кога се појави во црно-бела комбинација, а за оваа пригода реши да ги истакне своите адути со длабоко деколте.

Никол изгледаше беспрекорно таа вечер, а неколку дена подоцна се појави во сосема поинаква, но не помалку интересна облека.

Ова е настанот „Meet the Nominees“ како дел од 78-то доделување на наградите „Тони“, кои се доделуваат за достигнувања во американскиот театар.

За овој настан, Никол избра лабав миди фустан од Каролина Херера, и иако беше облечена лежерно, не успеа да ја скрие својата одлична фигура.

Со фустан со широки ракави и лабав крој, украсен со големо копче, таа носеше беж чевли со високи потпетици, а својот заводлив изглед го запечати со модерна висока пунџа и малку поизразена шминка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Во француско село 30 соседи делат еден автомобил
Во малото француско село Пон-де-Баре, со околу 300 жители, триесетина соседи одлучиле да делат еден заеднички автомобил, наместо секој да има свој. Станува збор за стар Citroën ZX, кој од приватно возило станал заеднички ресурс, пренесува „Ел Паис“.
Проектот не е поддржан од компанија или дигитална платформа, туку функционира врз основа на доверба и солидарност. Соседите плаќаат 25 центи по изминат километар, со што се покриваат само трошоците за гориво и одржување. Нема месечни членарини ниту резервации.
Клучевите од автомобилот се чуваат во локалниот бар, кој станал неформален центар на иницијативата. Освен што ги намалува трошоците и загадувањето, проектот, според жителите, придонел и за зајакнување на меѓусебните односи и чувството на заедништво во селото.
Примерот од Пон-де-Баре покажува дека одржливата мобилност е можна и без скапи решенија – понекогаш е доволно само поинаков начин на користење на автомобилите.
Забава
Со нив нема „само уште 5 минути“: хороскопски знаци што мразат доцнење
Постојат хороскопски знаци кои времето го сфаќаат многу сериозно. За нив доцнењето не е ситница, туку знак на неодговорност и непочитување.
Девица – исклучително организирана и точна. Доцнењето кај Девиците предизвикува фрустрација и ги тера да се прашаат колку сериозно можат да ве сфатат. Точноста за нив е основа на почитта.
Јарец – го цени времето како ресурс. Доцнењето го доживува како губење време и непрофесионалност. Не реагира бурно, но јасно покажува незадоволство и ретко заборава.
Овен – импулсивен и нетрпелив, не сака да чека. Очекува да бидете на време и доцнењето лесно го вади од такт, дури и ако тоа не го каже директно.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.

