Забава
(Фото) Ја навредуваа поради изгледот, беше грдото пајче, а потоа стана најуспешниот модел
Познатата манекенка Жизел Бундхен наполни 45 години иако на многумина им е тешко да поверуваат. Неодамна се породи третпат, а многу бргу потоа ја покажа својата совршена фигура како во своите најдобри денови.
Жизел е родена во малото гратче Хоризонтина, мајка ѝ работела како учителка, а татко ѝ бил банкарски службеник. Таа пораснала со пет сестри.

Таа трпела навреди поради нејзината висина додека била во училиште, никогаш не сфаќајќи колку нејзината висина ќе ѝ значи во животот.
„Бев висока и многу слаба. Децата во училиште ме викаа Олив Ојл или Саракура, птица со многу тенки и долги нозе“, рекла еднаш Жизел.
Сè почна да се менува неколку дена пред нејзиниот 15-ти роденден кога таа и нејзините сестри отидоа на курс по мода што вклучуваше патување во Сао Пауло. Потоа еден агент ја забележа додека шеташе во градот и ја покани во својата агенција.

„Тоа беше првпат да патувам сама во град со 22 милиона луѓе“, рече таа претходно.
Тешко се приспособи, па дури и имаше инцидент. Татко ѝ ѝ даде 50 долари за да повика такси, но таа одлучи да се качи на воз до својот стан за да заштеди пари. Потоа еден џепчија ѝ го украде паричникот и мораше да пешачи целиот пат до дома.

На 17-годишна возраст работеше на модната ревија на Александар Меквин и во текот на нејзината кариера стана моделот со најмногу насловни страници. Нејзината најважна соработка беше со „Викторија сикрет“, кои ѝ понудија договор вреден 25 милиони долари.

„Се чувствував како да сум на вистинското место, во вистинско време со вистински став. Мора да запомните дека секогаш постоеше дел од мене што се чувствуваше како аутсајдер. Без разлика каде се наоѓате, секогаш постои тој дел на кој некако се сеќавате“, рече таа.
Таа престана да биде ангел на „Викторија сикрет“ во 2006 година бидејќи се замори од тоа секогаш да шета во долна облека.

Турбуленции во нејзиниот љубовен живот
Главна тема на таблоидите беше нејзината врска со Леонардо ди Каприо, со кого беше од 1995 до 2005 година.
Тие беа придружени со многубројни турбуленции и расправии, а наводно раскинале барем еднаш пред конечно да се разделат. Набргу по раскинувањето, таа го запозна Том Брејди, со кого се омажи и има две деца. Таа љубов траеше до 2022 година, а тие отсекогаш важеа за еден од најхармоничните познати парови.

Сепак, разводот дојде бидејќи се оддалечија, а Жизел набргу почна врска со Хоаким Валенте, инструктор по борачки вештини, кој го тренира нејзиниот син. Двајцата на почетокот се криеја, но набргу сè стана познато.
Таа го доби и своето трето дете со Валенте, прво заедно, и се чини дека семејството сега ужива во љубовта.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

