Забава
(Фото) Џенифер Анистон во врска со опасен тип: повторно фатени

Познатата актерка и ѕвезда од култната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон (56), која зад себе има два неуспешни брака, е сè поприсутна во медиумите поради наводите дека има нова љубов, а тоа е љубовниот гуру и лајф-тренер, кој исто така практикува хипноза, Џим Кертис, со кого пристигна на Мајорка за да го прослави Денот на независноста на Америка.
I am freaking out with all these pictures! Jennifer Aniston & Jim Curtis pic.twitter.com/XadQOJoQtW
— CarolAniston (@jenanistoworld) July 8, 2025
Актерката го запознала со своите блиски пријатели на Мајорка, а сите заедно се дружеле на луксузна јахта, што дополнително ги разгорело шпекулациите дека почнале романтична врска.
Jennifer Aniston e Jim Curtis, Mãe e pai ❤️ pic.twitter.com/rWtNRK51it
— vitória (@anistonjjgreen) July 8, 2025
Нивните фотографии завршија на социјалните мрежи, а корисниците нашироко тврдат дека тие се нов љубовен пар, особено затоа што ова не е првпат да бидат заедно во јавност.
“Jennifer Aniston was seen enthusiastically introducing Curtis to her close friends, actor Jason Bateman and his wife Amanda Anka, before the group enjoyed a yacht party together.” – aaawww ❤️ pic.twitter.com/vqmNBdFO0z
— Ana Flávia (@jennaniiston) July 8, 2025
Актерката еднаш им објави на своите следбеници дека ја чита неговата книга, а потоа откри дека го надминала долгогодишниот страв од летање со помош на хипноза, а двајцата беа видени заедно во хотел во Калифорнија минатиот месец.
View this post on Instagram
И сето ова ги поддржува шпекулациите дека тие се новиот славен пар…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.