Забава
„Фрла искористени марамчиња на подот, па им наредува на слугинките да ги соберат“: скандалозно однесување на член на кралското семејство
Принцот Ендрју наводно ги малтретира своите вработени, дури и фрлајќи искористени марамчиња на подот пред да им нареди на слугинките да ги соберат, открива нова контроверзна книга. Во делото „Успон и пад на Јорк“ од авторот Ендрју Лауни, војводата од Јорк е опишан како „страшен“ кон сите кои работат за него, додека новата документарна серија на Channel 5, „Ендрју и Ферги: Војводата и војвотката во изобилство“, открива уште шокантни детали од животот на контроверзниот член на кралското семејство.
„Ендрју е особено ужасен кон персоналот; изгледа дека не ги гледа како обични луѓе“, вели писателот.
„Се однесува со нив како со подредени на кои може да им командува. Мислам дека е многу нарцисоиден и сè се врти околу него“, додава тој.
„Ќе го повика својот чувар да му ги собере топчињата за голф откако ќе ги удри, ќе повика слугинки од четири ката пониско за да му ги отворат завесите. Ќе фрли искористени марамчиња на под и ќе очекува луѓето да ги соберат“, објаснува тој, пренесува „Мирор“.
Документарецот во траење од 90 минути, емитуван во саботата, ги истражува животите на Ендрју и неговата поранешна сопруга Сара Ферган, со посебен осврт на нивниот однос, контроверзните врски со Џефри Епстајн и луксузниот животен стил.
Во него се додава: „Ендрју не се огласи по повод новите тврдења за неговото однесување кон персоналот“.
Ендрју се повлече од јавните должности во 2019 година поради аферата со неговото пријателство со Епстајн. Иако повеќе не е активен член на кралското семејство, повремено се појавува на семејни настани, а годинава присуствуваше на традиционалната велигденска служба со кралот и другите членови на семејството во капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор.
Претходно имаше тврдење дека побарал преместување на еден вработен бидејќи „не му се допаѓал младежот на неговото лице“. Кралскиот автор Том Квин за Times изјавил: „Точно е дека некои членови на кралското семејство знаат да покажат лош темперамент. Еден поранешен службеник се присети дека принцот Ендрју инсистирал еден член на персоналот да биде преместен бидејќи не му се допаѓал младежот на неговото лице“.
Авторот додал: „Еден поранешен службеник дури побарал еден маж да биде префрлен на други должности поради вратоврската“.
Принцот Ендрју претходно бил опишуван како „многу тежок“ за работа, а персоналот дури се обидувал да го избегне. Пол Барел, поранешен батлер на кралското семејство, изјавил во документарецот: „Луѓето се обидуваа да го избегнуваат принцот Ендрју бидејќи беше многу тежок. Секогаш беше бомбастичен, викаше и пцуеше, што не се очекува од член на кралското семејство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Зошто сребрениот маникир е идеален избор за празниците?
Празничната сезона секогаш носи посебна доза на сјај и гламур, не само во комбинациите на облека и шминката, туку и во деталите за убавина што сакаме да ги користиме за да го заокружиме нашиот стил.
Тогаш ситниците доаѓаат до израз, а маникирот станува важен дел од целокупниот впечаток: дискретен, но забележлив, едноставен, но ефективен.

Во потрага по нијанса што изгледа празнично и носливо во исто време, многумина се свртуваат кон бои што рефлектираат светлина и лесно се вклопуваат во различни стилови. Таквиот избор им овозможува на ноктите да изгледаат посебно во текот на целата празнична сезона, без оглед дали станува збор за дневни обврски или вечерни собири.

Тука доаѓа до израз сребрениот маникир. Елегантен, модерен и ненаметливо гламурозен, совршено се вклопува во зимската атмосфера и потсетува на снег, мраз и празнични декорации. Може да биде суптилен и минималистички, но и исклучително ефективен преку хромирана завршница или мали светки, што го прави еден од најразновидните избори во овој период.

Покрај тоа, сребрените нокти се лесни за комбинирање со различни облеки и изгледи на шминка, од класични зимски комбинации до попразнични избори.
Токму поради оваа комбинација од елеганција, прилагодливост и празничен сјај, сребрениот маникир останува еден од најпопуларните избори во зимскиот период од година во година.
Забава
(Видео) Гордон Ремзи ја омажи ќерка си, се појави Викторија Бекам и ги воодушеви сите
Холи Ремзи, ќерка на познатиот готвач Гордон Ремзи, и Адам Пити, олимписки пливач, се венчаа во саботата во црквата Бат Аби. На свадбата присуствуваа многу познати личности, вклучувајќи го и семејството Бекам – секако, без Бруклин Бекам, кој е во лоши односи со нив.
Сепак, ова не ги спречи Викторија и Дејвид Бекам да блеснат на овој голем настан, а секако мајката на семејството привлече посебно внимание. Викторија Бекам одлучи да облече фустан од својата модна колекција за оваа пригода и со тоа да направи одлична промоција на брендот.
Victoria Beckham wows in stunning £1,290 satin teal dress from her own collection while her daughter Harper, 14, follows in her mother's glamorous footsteps with £3k Bottega handbag as the family attend Adam Peaty and Holly Ramsay's wedding https://t.co/TFZBnwe6Fk
— Daily Mail (@DailyMail) December 28, 2025
Таа носеше сатенски фустан во смарагдна боја кој ја следеше линијата на телото и ја нагласуваше нејзината витка фигура. Не треба да се изостави пристојно деколте, кое само го „зачини“ ова минималистичко издание.
Стајлингот го надополни со едноставни додатоци – дијамантска нараквица, но и едвај забележлива шминка.
Додаде и темни очила кои служеа за една цел – да ја заштитат од странските медиумски фотографи кои брзаа да ја фотографираат.
Што се однесува до господинот Бекам, тој носеше црно одело со вратоврска, а додаде и беж капут со класичен крој.
Забава
(Видео) Најголемиот тренд за оваа зима доби потврда: И тоа од Кејт Мидлтон
Британското кралско семејство присуствуваше на традиционалната божиќна миса, а како и обично, Кејт Мидлтон се истакна со своето модно издание.
Kate Middleton stepped out for Christmas Day services wearing her brown tartan Blazé Milano coat, the same piece she wore during her first public engagement of the year when she surprised the public and announced she was in remission. ❤️ 📸: WireImage; Getty pic.twitter.com/p1g7F2SgNJ
— Page Six (@PageSix) December 26, 2025
Принцезата од Велс веќе е прогласена за најдобро облечена жена за 2025 година, па сега таа само потврди сè по илјадити пат и зацврсти еден тренд.
Најпопуларната боја оваа сезона е кафеава, а Кејт Мидлтон го знае ова многу добро, бидејќи се појави на мисата облечена во кафеава комбинација од глава до пети. Карираниот капут беше ѕвездата на овој аутфит, но принцезата направи и мал моден експеримент.
Она што ретко се гледа е комбинација од различни карирани дезени, а Кејт го направи токму тоа. Под нејзиниот долг и совршено модерен капут, се гледаше миди здолниште, исто така карирано, но во малку поинакви нијанси.
Чевли, чанта, ракавици – сè беше во кафеава боја и некако го „смири“ целиот аутфит, а Кејт Мидлтон потврди директно од кралскиот двор што ќе биде најмодерно оваа зима.
И тоа не е сè. Кејт уште еднаш покажа дека рециклирањето на модата е пожелно секогаш и насекаде, па затоа таа веќе го носеше гореспоменатиот капут кога првпат се појави пред сите и објави дека е во ремисија.

