Контакт

Забава

Хајди и Софија гламурозни судијки на популарното талент-шоу

Објавено пред

Хајди Клум и Софија Вергара пристигнаа во стил пред студиото за снимање на „Америка има талент“ во вторникот во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Двете го украдоа шоуто пред студиото во хотелот „Шератон Пасадена“ во Пасадена.

Клум (49) зачекори на црвениот тепих во лелеав зелен фустан. а Вергара (50) изгледаше како модерен пинап во комбинезон без прерамки.

Прекрасната зелена тоалета на супермоделот Клум има полупроѕирно здолниште со шлицови напред што им овозможува на нејзините затегнати нозе да се пробијат.

Актерката Вергара ги истакна облините во жолт цветен комбинезон без прерамки со деколте во форма на срце.

Тие се дел од четиричленото жири на натпреварот за таленти, заедно со комичарот Хауи Мендел и продуцентот Сајмон Кауел.

America’s Got Talent моментално е во својата 17-та сезона и се емитува на Ен-би-си секој вторник и среда.

Забава

Џоли пазарува со ќерката, Пит ги демантира сите наводи за насилство

Објавено пред

Анџелина Џоли излезе со ќерката Вивиен во Лос Анџелес среде судската битка со поранешниот сопруг Бред Пит.

dobivaj vesti na viber

47-годишната актерка беше фотографирана во маркетот „Ласенс“ во средата, еден ден откако Пит ги нарече наводите за злоупотреба целосно невистинити.

Таа на себе има долг бел фустан со проѕирна сива марама преку рамениците.

Некогаш славниот холивудски пар е во жестока правна битка во услови кога Џоли тврди дека пред шест години Пит физички ги нападнал неа и две нивни деца во текот на расправија во приватен авион. Таа исто така тврди дека Пит ја полеал со пиво за време на истата расправија.

Меѓутоа, претставник на Пит за „Холивуд репортер“ во вторникот изјави дека Џоли продолжува да ја повторува, ревидира и одново ја смислува својата верзија на настанот што се случил во 2016 година и притоа додава целосно невистинити информации секојпат кога не успева да го добие она што го сака.

„Нејзината приказна постојано се развива“, додаде тој.

Во вторникот ТМЗ објави дека Анџелина почнала клеветничка кампања против Бред и дека сето ова зело голем данок врз децата, кои ги труе против татко им.

Прикажи повеќе...

Забава

На Кевин Спејси му се суди во Њујорк по наводите за сексуална злоупотреба

Објавено пред

На оскаровецот Кевин Спејси денес треба да му се суди во граѓанска парница поради наводите дека сексуално нападнал момче пред 36 години.

dobivaj vesti na viber

Спејси е тужен во Њујорк од Ентони Рап, кој вели дека актерот несоодветно го допирал на забава во 1986 година кога имал 14 години.

Спејси (63) исто така се соочува со пет обвиненија за сексуален напад во Велика Британија.

Актерот од „Куќа од карти“ ги отфрли обвинувањата против него.

И Рап, кој сега има 50 години и исто така е актер, и Спејси се очекува да бидат во федералниот суд на Менхетн кога ќе почне судењето со избор на порота.

Рап тврди дека Спејси имал околу 26 или 27 години кога го сретнал на забава во неговиот стан на Менхетн.

Прикажи повеќе...

Забава

Украински дизајнери на Модната недела во Париз

Објавено пред

„Модата е комуникација со светот – покажува дека сме силни и можеме да продолжиме“, вели украинската дизајнерка Ирина Кохана, која мораше да се пресели во Лондон кога избувна војната.

dobivaj vesti na viber

Таа ги прикажа своите дизајни на гламурозните ревии во рамките на Недела на модата во Париз гледајќи го тоа како шанса да го истакне не само својот бренд, туку и отпорноста на својата земја.

„Секој од нас се бори“, вели таа за Би-би-си. „Тоа е да ја покажеме нескротливоста на нашиот народ, нашите таленти и нашата способност да создаваме дури и за време на војна, кога сè се руши“.

Во февруари, откако почна воениот конфликт, таа учествуваше и на Модната недела во Њујорк. „Сестра ми споделуваше видеа и фотографии од луѓе што трчаат на улица, беше навистина лошо“, додаде таа за Би-би-си. Не можеа да добијат пари од банките, чекаа редици на банкомат, па јас им праќав пари од странство, се обидов да им помогнам на луѓето. Првите пет дена се работеше само за преживување. Правење едноставни работи, како добивање пари, билети, наоѓање автомобил за да стигнете некаде“.

Работилницата на Кохана во Лавов беше затворена неколку месеци и таа реши да остане во Лондон, каде што имала некои контакти.

Нејзината работа, заедно со другите украински дизајнери, ја промовира американскиот моден стратег Џен Сидари, која претходно беше шеф на продажба во „Вивиен Вествуд Америка“.

Друг дизајнер, Фролов: „Сето ова ја покажува извонредната работа на нашиот тим, кој ја создаде оваа колекција во Киев, и покрај војната, постојаните сирени и гранатирањата“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Зеленски: Мора да се добие војната за да не можат руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава...

Економија3 часа

Владата ја ограничи маржата на млечните производи

На предлог на Министерството за економија, Владата ја замрзна маржата и за млечните производи: урда, крајво бело сирење и мешано...

Македонија3 часа

МНР повика на зрело и достоинствено однесување по најавените протести поради бугарскиот клуб во Охрид

По повод најавеното отворање на бугарскиот културен клуб во Охрид, како и повикот за протест, Министерството за надворешни работи упати...

Македонија4 часа

Ковачевски-Мицотакис: Заедничките стратешки проекти се од голема важност за долгорочната енергетска независност

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, оствари билатерална средба со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, во Прага. Ова е втора средба која...

Македонија5 часа

(Видео) Ковачевски во Прага: Солидарноста е неопходна за да се надмине енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски во Прага, во рамки на првиот состанок на Европската политичка заедница, учествува на лидерската тркалезна маса посветена...

Македонија6 часа

Маричиќ: Помалку емоции, а повеќе факти во градењето на добрососедските односи

На денешниот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет помеѓу Северна Македонија и ЕУ, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан...

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ: Загреб нема да ја води политиката на Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Прага изјави дека Хрватска сама се пофалила дека е одговорна за тоа што Западен Балкан...

Македонија8 часа

Премиерот Ковачевски официјално пречекан од чешкиот премиер Фијала во Прага

Со официјален пречек на шефовите на држави од страна на премиерот на Чешка, Петр Фијала, почнува првиот состанок на Европската...

Македонија9 часа

Мицкоски повика на масовен протест поради отворањето на бугарскиот културен клуб во Охрид

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен клуб во Македонија, а ќе го носи името „Цар...

Регион9 часа

Сијарто: Заеднички ќе ја браниме границата на Србија и Северна Македонија

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека Унгарија, Австрија и Србија се договориле да...

Свет9 часа

Сируп против кашлица причина за смрт на над 60 деца во Африка, СЗО апелира на претпазливост

Индија чека докази од Светската здравствена организација за поврзаноста помеѓу индискиот сируп за кашлица и смртта на десетици деца во...

Свет9 часа

Познат мотивот за масакрот на Тајланд: убиецот дошол да си го земе детето, а збеснал кога дознал дека го нема

Полицијата спроведува опсежна истрага за масакрот што се случи денеска во градинка во североисточниот дел на Тајланд. Во нападот на...

Европа11 час

(Видео) Мајки врескаат, се бројат жртви, се појавија снимки од пред градинката на Тајланд

На социјалните мрежи се појавија првите видеа од пред градинка на Тајланд, каде што имало масовно пукање. Според последните податоци,...

Европа12 часа

Премиерот на Чешка: Целта на самитот во Прага е само пробен договор за безбедност, енергија и клима

Премиерот на Чешка, кој претседава со Европската Унија, Петр Фијала, го најави денешниот прв самит на 44 шефови на држави...

Свет13 часа

Северна Кореја лансира балистички ракети, шести пат за помалку од две недели

Северна Кореја лансира две нови балистички ракети, шести пат за помалку од две недели, јавуваат агенциите во светот. Пјонгјанг објави...

Свет13 часа

Мексико: Вооружени напаѓачи убиле 17 лица, меѓу нив и градоначалник

Вооружени напаѓачи го убиле градоначалникот, татко му и уште 16 лица во државата Гереро во јужниот дел на Мексико, соопштија...

Европа14 часа

Претседателот на Австрија: „Путин ме измами“

Претседателот на Австрија, кој се кандидира за нов мандат, Александар ван дер Белен, вели дека било грешка да не се...

Европа1 ден

Шолц: Имаме проблем со работната сила, потребна е функционална миграциска политика

Германскиот канцелар Олаф Шолц потврди дека Германија има проблем со работната сила и коментираше каква заедничка миграциска политика би сакал...

Европа1 ден

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во...

Економија1 ден

Време е за одговорно однесување со енергенсите, поддршка за ранливите граѓани, порача владиниот економски совет

Денес во Владата се одржа Економскиот совет на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик-претседател на Владата, Артан Груби, вицепремиерот...