Забава
Хејтерските коментари не ја нарушија традицијата! Новата фотографија на принцот Џорџ има над милион лајкови

Многу фанови на кралското семејство со нетрпение го очекуваа денешниот ден, роденденот на принцот Џорџ, на кој традиционално се објавува негов портрет.
Портретот лесно можеше да биде изоставен оваа година, откако фотографии на малиот принц на трибините на стадионот Вембли станаа мета на хејтери на социјалните мрежи.
Сепак, мајката, Кејт Мидлтон, не ја наруши традицијата, туку го зеде фотоапаратот во раце и направи прекрасна фотографија од нејзиното осумгодишно дете.
Портретот на симпатичното и разиграно момче доаѓа по бројните шпекулации во британските медиуми за тоа како принцот Вилијам и Кејт најверојатно ќе престанат да го изложуваат Џорџ во јавност, сето тоа поради недоличните коментари на фотографијата на принцот Џорџ во костум и вратоврска на финалето на Европското првенство во фудбал.
Деновиве проструи веста дека годинава ќе недостасува роденденскиот портрет на Џорџ. Сепак, тоа не се случи.
Фотографија на Џорџ со широка насмевка и облечен во опуштена комбинација – шорцеви и поло маичка додека седи на автомобил во природа – беше објавена на официјалниот инстаграм-профил на војводата на Кембриџ уште синоќа.
Фотографијата на малиот Џорџ фатен од објективот на мама Кејт во Норфолк, каде што семејството моментално се одмора, заработи повеќе од милион лајкови.
Многумина забележаа како момчето силно наликува на неговиот татко принцот Вилијам. Имаше низа комплименти со честитки: „Изгледа како неговиот татко“, „Многу личи на Вилијам“, „Сè повеќе личи на татко му“, „Фотографиите на нејзиното височество никогаш не разочаруваат“, „Војвотката направила прекрасна фотографија“, „Каква насмевка”, „ Какво убаво мало момче “…
Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон обожава да биде во природа и медиумите шпекулираат дека роденденската прослава ќе помине во семејни активности на отворено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Најубавата актерка на светот покажа како се оди на Вимблдон

Се чини дека секое појавување на Џесика Алба привлекува внимание, па затоа нејзиното посетување на голем тениски турнир не помина незабележано.
Убавата актерка присуствуваше на спектаклот на трева со својата најстара ќерка Онор, а за таа пригода покажа уште едно совршено модно издание.
Фотографиите ги објави на својот официјален Инстаграм профил, па имавме можност да видиме што носи најубавата актерка на светот за секојдневни пригоди.
Како што можете да видите, таа се одлучи за лелеава летна тоалета во сина боја, која малку ја нагласува нејзината витка фигура. Додала бели патики и чанта во истата боја, а стајлингот го заокружила со едноставни додатоци и шминка во земјени тонови.
Што се однесува до нејзината ќерка Онор, ниту таа не отстапи од моделот на „лесен фустан“, а за оваа дневна верзија избра фустан со прерамки со цветни мотиви во црвена и сина боја. Изгледот го заокружи со едноставен накит и минимална шминка.
Забава
(Фото) Марија Шарапова целосно се промени

Никогаш поубава и никогаш посреќна, Марија Шарапова го покажа својот син!
Поранешната тенисерка Марија Шарапова неодамна се огласи на Инстаграм од посебна причина. Таа објави фотографија од својот син Теодор, кој го прослави својот трет роденден.
Како што можете да видите, петкратната освојувачка на Грен слем турнирите гордо позираше со својот наследник, а насмевката на нејзиното лице секако беше забележлива.
„Вистина е. Поминува толку брзо“, напиша Марија Шарапова, алудирајќи на „времето како лета“.
Марија Шарапова стана мајка во јули 2022 година, кога таа и нејзиниот свршеник Александар Гилкес го добија синот Теодор.
Иако повремено објавува фотографии од своето дете, поранешната тенисерка не крие колку улогата на мајка ѝ го променила животот, како и нејзиното „работно време“.
„Иако е работа со полно работно време, неверојатно е исполнувачко да се гледа како се развива ова мало човече“, рече еднаш шармантната Русинка.
Забава
Рита Ора го привлече целото внимание на фестивал: „Презгодна си“, „Изгледаш совршено“

Рита Ора го привлече целото внимание со своето појавување на фестивалот во Гластонбери, поточно, главна тема беше нејзиниот моден избор.
Познатата пејачка со албанско потекло, Рита Ора, имаше неколку значајни настапи на Гластонбери, со кои се пофали и на социјалните мрежи.
Не е тајна дека нејзиниот изглед е секогаш главна тема, а бикините се нејзиното омилено парче облека. И така беше и овој пат.
Пејачката позираше во скапо бикини од Burberry, вредни околу 500 евра. Својот аутфит го надополни со голем црн ремен и чизми.
Ова не е нејзиното единствено појавување на фестивалот. Рита го покажа и својот изглед од претходните денови. Една од комбинациите беше краток црн фустан со отворен грб, како и бел топ во комбинација со здолниште.
Не требаше долго време коментарите под нејзината објава да „експлодираат“.
„Презгодна си“, „Изгледаш совршено“, „Најубава си“, „Ова е премногу убаво“, беа некои од коментарите.