Контакт

Забава

Хоакин Феникс спасува мајка крава и теле од кланица по веганскиот плач на оскаровската вечер

Објавено пред

Хоакин Феникс помогна да се спасат мајка крава и нејзиното теле од кланица еден ден по критикувањето на практиките на млечната индустрија во текот на говорот на „Оскарите“, на кои освои награди за најдобар актер за Џокер.

Феникс, кој целиот живот е веган, ги критикуваше месната и млечната индустрија во својот говор на оскаровска вечер.

Во клипот објавен во средата од страна на Farm Sanctuary, познатиот актер и вегански заговорник, заедно со претставници на група за спас на животните во Лос Анџелес (Los Angeles Animal Save), ја посети кланицата „Пико Ривера“ во Калифорнија, каде што разговараше со нејзиниот основач и извршен директор, Ентони дМарија.

45-годишниот оскаровец имал срдечна дискусија со Ди Марија за индустриските практики иако двајцата не се согласувале за тоа дали зборот за судбината на животните треба да биде „собран“ или „убиен“.

Тој подоцна беше виден како носи бебе теле во транспортна приколка кон еден животински резерват управуван од страна на непрофитната организација Farm Sanctuary.

Актерот мајката ја крсти Либерти, а нејзиното теле Индиго.

„Моја надеж е, додека гледаме како бебето Индиго расте со својата мајка Либерти во резерватот, секогаш да се сеќаваме дека пријателствата може да се појават на најнеочекуваните места. И, без оглед на нашите разлики, љубезноста и сочувството треба да владеат секаде околу нас“, рече Феникс.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Кели Бенсимон практикува социјално дистанцирање покрај базен во својот дом

Објавено пред

Таа најави одмор од социјалните медиуми на почетокот на овој месец.

Оваа недела Кели Бенсимон повторно се појави во јавноста кога им дозволи на фотографите да ја сликаат во својот дом со цел да ги докаже обидите за дистанцирање од луѓе во текот на пандемијата на коронавирус.

Поранешната манекенка и американска телевизиска ѕвезда е позната по тоа што во петтата деценија има фантастична линија и водушевува со својот изглед.

51-годишната ѕвезда од ТВ-серијата „Вистински домаќинки од Њујорк“ сè уште им пркоси на годините со беспрекорна фигура додека ужива околу базенот во својот дом во Вест Палм Бич, Флорида.

Кели, поранешна жена на францускиот моден фотограф Жил Бенсимон, ја сликаа и во секојдневно издание додека се дружи со кучето внатре во куќата.

А во периодот на дистанцирање од луѓе поранешниот модел не се откажува од секојдневната рутина – џогирање покрај морето.

Поранешната реална ѕвезда со тело на млада девојка во неонско зелен комплет – хеланки и топ за џогинг.

Претходно овој месец, Кели ги посети Бахамите во време кога во целиот свет се слушаат препораките за изолација, пишува британски „Дејли мејл“.

„Таа тврди дека е во карантин во луксуз, иако се чини дека не ги почитува правилата за социјално растојание и ограничен контакт со другите“, оценува таблоидот.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Боб Дилан со нова песна по пауза од 8 години

Објавено пред

Американскиот пејач-текстописец Боб Дилан ги изненади фановите со својата прва оригинална песна во осум години, 17-минутна балада за атентатот на 35. претседател на САД, Џон Ф. Кенеди.

Во придружба на нежно пијано, чело и придушени тапани, кои даваат една посебна магија на целата изведба, песната со име Murder Most Foul го раскажува убиството на претседателот додека ја опишува еволуцијата на контракултурата на 60-тите.

„Ова е неиздадена песна што ја снимивме неодамна и може да ви биде интересна. Бидете безбедни и Бог да е со вас“, напиша Дилан на својата веб-страница, заедно со портрет на Кенеди, кој беше убиен во 1963 година возејќи се во поворка низ Далас.

Во песната се спомнуваат имиња на музичари, бендови и референци за поп-културата, вклучувајќи ги „Битлси“, Чарли Паркер, „Иглс“, Стиви Никс и фестивалот „Вудсток“.

Прикажи повеќе...

Забава

Пласидо Доминго итно пренесен во болница поради коронавирусот

Објавено пред

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго (77) итно бил пренесен во болница бидејќи неговото здравје се влошило една недела по утврдувањето дека е заразен со коронавирус.

Доминго бил на домашно лекување во мексиканското одморалиште Акапулко, но неговата состојба се влошила, па бил итно пренесен во болница за да биде под медицински надзор, јавуваат светските медиуми.

Според портпаролот на Доминго, оперскиот пејач моментно е во стабилна состојба.

Првите симптоми Доминго ги добил на 13 март, два дена по пристигнувањето во Мексико, а неодамна на „Фејсбук“ објави дека бил тестиран и дека е позитивен на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Нухиу: Петмина полициски службеници се заразени со коронавирус

Заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот фејсбук-профил објави дека петмина полициски службеници се заразени со коронавирус, додавајќи дека...

Економија38 минути

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од вечерва на полноќ бензините ќе поевтинат, а дизелот ќе поскапи, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена на бензинот...

Европа1 час

Фон дер Лаен: ЕУ интензивно ќе им помогне на Италија и Шпанија

Европската Унија многу интензивно ќе им помага на Италија и Шпанија во борбата против коронавирусот, изјави претседателката на Европската комисија,...

Свет2 часа

Веќе шест дена нема нови заболени од коронавирус во Вухан, се отвораат продавниците и трговските центри

Нема нови случаи на заразени од коронавирус во Вухан веќе неколку дена, продавниците се отвораат и животот полека се враќа...

Топ2 часа

Полицискиот час не го почитувале 242 лица, приведени се 95

Според статистиките на МВР, во текот на изминатите 24 часа на ниво на целата држава 242 лица не ја почитувале...

Свет3 часа

Во светот 716.482 заболени од коронавирус, починале 33.691

Бројот на заболени од коронавирус до синоќа до 22 часот бил 716.482, 33.691 лице починале, а 150.889 луѓе се излекувани....

Свет17 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија21 час

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија22 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија22 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија23 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија23 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија24 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија1 ден

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија1 ден

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет1 ден

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет1 ден

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија2 дена

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа2 дена

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија2 дена

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Досие