Контакт

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Забава

Џенифер Лопез заблеска на црвениот тепих на АМА наградите

Објавено пред

Најголемите музички имиња кои треба да добијат признанија за своите дела од изминатава година се собраа во Мајкрософт театарот во Лос Анџелес доцна синоќа на доделувањето на Американските музички награди (АМА 2020).

Меѓу многуте ѕвезди кои продефилираа на црвениот тепих, мегаsвездата Џенифер Лопез, поп-пејачката Дуа Липа и моделот Кара Делевињ го донесоа гламурот на церемонијата со строго дефинирани правила за физичка дистанца.

Лопез (51) ги провлче погледите на себе кога го покажа своето беспрекорно обликувано тело во блескава сребрена дводелна креација.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Кина направи виртуелна преобразба на музичкото шоу за таленти

Објавено пред

На прв поглед, се чини дека нема ништо посебно во уште еден натпревар во пеење во Кина која е опседната со шоу за таленти, но „Дименжн нова“ овој пат е поинакво – сите натпреварувачи се виртуелни.

Во оваа виртуелна естрада на виртуелни идоли од кинеската стриминг-платформа iQIYI, има тројца судии – селебрити личности – кои треба ја пронајдат следната голема sвезда.

Иако концептот е познат, реализацијата е нешто што не сме виделе порано.

Натпреварувачите излегуваат во пространа сала, во која неизбежниот скелет „Ти-рекс“ виси од високиот плафон, и натапуваат пред жирито во реално време.

Но, овие пејачки надежи не се реални, наместо тоа, тие се дигитални креации, нацртани и обликувани како јапонски аниме фигури.

iQIYI, најпознат по популарните шоуа за таленти како што е The Rap of China, ја истражува футуристичката територија со најновиот телевизиси потфат.

Покрај 32 виртуелни претенденти, има и антропоморфна лисица со пет опашки, облечена во одело, и една фока – и двете на аудиција за место во жирито.

Прикажи повеќе...

Забава

Дизниевите играни филмови премиерно на „Дизни-плус“

Објавено пред

Додека „Дизни плус“ во моментов е домашен тревник на многу популарниот „Мандалоријанец“, како и на разни телевизиски серии на студиото Марвел, како „Ванда-вижн“, се чини дека претплатниците наскоро ќе посветат повеќе време на стримерот на „Куќата на глувчето“ бидејќи Дизни таму планира да прикаже премиери на неколку нови проекти.

Порталот „Дедлајн“ известува дека претстојните играни филмови, вклучувајќи ги „Круела“ со Ема Стоун и Ема Томпсон во главните улоги, „Питер Пан и Венди“ со Јара Шахиди и „Пинокио“ со Том Хенкс, најверојатно ќе немаат премиерно прикажување во киносали и наместо тоа ќе одат директно на „Дизни плус“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе, кога непознат маж ги нападна...

Свет1 час

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат скоро две милијарди дози вакцина за Ковид-19 следната година, објави Агенцијата за деца на ООН.УНИЦЕФ...

Свет12 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија13 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија13 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Свет13 часа

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември

Првите Американци ќе ја примат вакцината против Ковид-19 на 11 декември, изјави шефот на американската програма за вакцина против коронавирус,...

Свет14 часа

Протести во Германија против ограничувањата поради коронавирусот

Во Германија денеска се одржа протест против ограничувањата поради коронавирусот. Протестот, на кој имаше нереди, беше прикажуван во живо на...

Регион16 часа

За 24 часа во Србија починале 31 човек, рекорден број пациенти на респиратор

Во последните 24 часа во Србија починале 31 човек, а регистрирани се нови 4.995 случаи на коронавирус. Од последниот пресек...

Македонија17 часа

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни...

Македонија19 часа

Полицијата упадна на семејна веселба со 70 гости во Гостивар

Седумдесет гости се собрале синоќа во угостителски објект на семејна веселба во селото Здуње, Гостиварско и покрај забраните за групирање...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на Филипче и лампиони на Шилегов

ВМРО-ДПМНЕ му подари бел мантил на министерот за здравство, Венко Филипче, и лампиони за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов,...

Македонија20 часа

Пендаровски: Негацијата на јазикот и културата е ништење на националната припадност

Јазикот и културата се фундаменти на секој народ и нивната негација значи обид за ништење на националната припадност, вели претседателот...

Македонија21 час

Каракачанов: Скопје сака да ги поддржиме, а потоа да ни забодат нож во грб

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање...

Македонија22 часа

Хоспитализирани уште 35 пациенти во ковид-центрите во Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474...

Македонија23 часа

Заев за Денот на албанската азбука: Градиме општество со почит кон етничките разлики

Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност,...

Свет24 часа

Трамп загуби на суд во Пенсилванија, републиканците бараат да го признае поразот

По новиот пораз во судот во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со зголемен притисок од републиканците да се...

Европа24 часа

СЗО: Европа ќе се соочи со трет бран на почетокот на годината, ако владите не спречат ширење

Специјалниот претставник на Светската здравствена организација (СЗО) за Ковид-19 предвиде трет бран пандемија во Европа на почетокот на 2021 година,...

Македонија2 дена

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.182 нови случаи на Ковид 19, починаа 25 лица

Во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 1.182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31,...

Македонија2 дена

Ковачев по изјавата на Пендаровски: Нивото продолжува да ви паѓа

„Нивото продолжува да ви паѓа“, реагира бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, откако македонскиот претседател, Стево Пендаровски вчера изјави дека со политиката на...

Досие