Контакт

Забава

Холивудски ѕвезди споделија фотографии рано наутро на Денот на благодарноста

Објавено пред

Празникот Ден на благодарноста или Тенксгивинг е време кога милиони Американци тргнуваат на пат кај роднини, пријатели, на одмор или го поминуваат дома со најблиските, но оваа година е малку поинаква.

Круговите се затегнаа како резултат на зголемениот број случаи на Ковид-19. Но, тоа не значи дека sвездите не ја облекуваат најубавата облека за да уживаат во мисирка и вино со оние што им се драги.

Познати личности се појавија на „Инстаграм“ рано во четвртокот за да го покажат декорот што го подготвија за годишниот празник на храната.

Меѓу нив, прва беше Рис Витерспун.

Џенифер Анистон позира со своето ново куче со име Лорд Честерфилд. „Ние сме благодарни“, напиша таа.

Не изостана ниту свршеникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез. „Бидете благодарни за луѓето што прават промена во вашиот живот“, напиша Родригез на објавата додека позира со Џеј Ло заедно со нивното мешано семејство.

Денот на благодарноста е празник во чест на жетвата што главно се прославува во САД и Канада. Во САД се прославува на четвртиот четврток од ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Синдикатот на американски актери решава дали ќе го исклучи Трамп

Објавено пред

Американската федерација на ТВ и радиоуметници (АФТРА) ќе одржи состанок на кој ќе решава за исклучување на американскиот претседател, Доналд Трамп, од своите редови.

Синдикатот САГ-АФТРА, кој обединува околу 160.000 актери, новинари и други медиумски професионалци, во соопштението вели дека свикал состанок на својот дисциплински комитет во врска со улогата на Трамп во насилниот упад на толпата во американскиот Капитол на 6 јануари.

„Доналд Трамп ги нападна вредностите што ова здружение ги смета за најсвето – демократијата, вистината, почитта кон нашите сограѓани од сите раси и вери и светоста на слободниот печат“, рече Габриел Картерис, претседателка на САГ-АФТРА.

„Рамна е линијата од неговото безобразно непочитување на вистината до нападите врз новинари извршени од неговите следбеници“, додаде таа во изјавата.

Трамп стана член на САГ од неговите појавувања во неколку холивудски филмови и ТВ-емисии почнувајќи од „Сам дома 2“ до „Сексот и градот“ во раните 90-ти.

Прикажи повеќе...

Забава

„Лига на правдата“ на Зак Снајдер ќе биде четиричасовен филм, а не серија

Објавено пред

Новата проширена верзија на „Лига на правдата“, во режија на Зак Снајдер, ќе биде игран филм, а не серија во четири епизоди, како што претходно беше најавено.

Режисерот ги потврди своите планови за новата таканаречена „снајдер кат“ верзија на ДС-филмот и откри дека ќе биде игран филм. Претходно беше објавено дека форматот на проектот на Снајдер ќе биде мини серија во 4 дела, секој дел во траење од 1 час.

Без оглед на форматот, ова е нешто што фановите со нетрпение го очекуваа уште од 2017 година по „Лига на правдата“ на Џос Ведон, коментираат медиумите.

Новиот филм на Снајдер треба да ја има својата премиера во март на „ХБО макс“.

Прикажи повеќе...

Забава

Мери Бери: Луѓето не треба да се двоумат дали да примат вакцина против Ковид-19

Објавено пред

Легендарната британска готвачка и ТВ-ѕвезда, Мери Бери, откри дека примила вакцина против коронавирусот и смета дека луѓето треба да го следат нејзиниот пример и да мислат и на другите.

Бери (85) деновиве откри дека таа и сопругот Пол (88) се вакцинирале и ќе ги охрабрат сите да го сторат тоа.

„Луѓето не треба да се двоумат во врска со вакцините генерално“, рече таа повикувајќи се на сопственото искуство од детството кога имала детска парализа.

„Ако сте биле во болница како што бев јас, со луѓе во агонија, со болка… Мислам дека сите треба да се вакцинираат“, рече таа за „Радио тајмс“. „Имав детска парализа, но сега речиси сите во светот се вакцинирани против тоа“, рече таа додавајќи дека имала огромна среќа што болеста ја погодила само левата страна на нејзиното тело.

Мери Бери е британска готвачка, авторка на кулинарски книги и телевизиска водителка. Има објавено повеќе од 75 книги за готвење, од кои најпозната е Baking Bible.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и процентот на позитивни од...

Топ26 минути

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет1 час

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет2 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија2 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет14 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет15 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија16 часа

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија16 часа

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија18 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија21 час

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија21 час

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Македонија1 ден

Водици годинава без скокање по крстот

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици кој се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето...

Македонија1 ден

Не е исклучена можноста жените да одат во пензија и на 62 години

Во однос на дилемите во јавноста за задолжителното пензионирање на 64 години возраст и 15 години стаж, Министерството за труд...

Свет2 дена

Објавено ново видео од упадот во Конгресот на САД

Објавено е ново видео од упадот на приврзаниците на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп во зградата на американскиот Конгрес...

Спорт2 дена

Чиле „падна“, Македонија во главната рунда на Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација по двата високи порази во пресметките со Шведска и домаќинот Египет, ја забележа првата победа на Светското...

Македонија2 дена

Во Македонија 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 63 нови случаи на коронавирус, 13 лица починаа, а 176 оздравеа, соопшти...

Досие