Забава
Хороскопските знаци во кои се раѓаат најголемите егоисти

Понекогаш се чини дека некои луѓе секогаш се ставаат себеси на прво место, без разлика на околностите. Нивната тенденција да се фокусираат на сопствените потреби и желби може да ги направи да изгледаат егоистично во очите на другите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.
Лав
Лавот е, без конкуренција, апсолутен шампион на себичноста. Како крал на Зодијакот, Лавот сака да биде во центарот на вниманието. Егото на Лавот не е само големо – тоа е спектакуларно. Секоја негова реплика звучи како да доаѓа од сцена на Бродвеј, додека аплаузот од публиката е очекуван.
Лавот се храни со внимание и восхит. Ако го пофалите, ќе процвета, но ако го игнорирате, подгответе се за драматична промена на атмосферата. Неговото его доаѓа од верувањето дека светот постои за да биде сведок на неговата големина.
Овен
Егото на Овенот е како трка во која тој секогаш треба да победи – дури и ако никој друг не учествува. Неговата огнена природа го тера да биде секогаш најдобар, прв и најважен. Овенот нема време да ги чека другите, а ако се обидете да им го попречите патот, подгответе се за експлозија на его.
Овој знак едноставно сака да доминира. За него успехот е личен проект, а секој неуспех го сфаќа како лична навреда. Неговата потреба за самопотврдување доаѓа од длабоката желба да остави свој белег – и да му се восхитуваат додека го прави тоа.
Шкорпија
Шкорпијата можеби не е толку гласна фалбаџија како Лавот, но нејзиното его е исто толку силно – едноставно обвиткано во превез на тајност. Таа верува дека нејзиниот поглед на светот е единствениот правилен, а ако се осмелите да и противречите, подгответе се за лекција по филозофија од Шкорпијата.
Зошто Шкорпијата е себична? Нејзината интензивна природа ја тера да верува дека нејзините чувства, мисли и одлуки се поважни од оние на другите. Шкорпијата е убедена дека нејзината интуиција никогаш не е погрешна, што често ја прави тврдоглава и егоист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор.
Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт понесе сендвичи со мед од нејзината кошница во Анмер Хол, а Меланија донесе теглички мед од Белата куќа.
Првата дама претходно беше во обиколка на Куќичката за кукли на кралицата Мери и Кралската библиотека, пред да отпатува кон Чекерс, каде ќе се сретне со Доналд Трамп и премиерот Кир Стармер.
Настанот следуваше по државниот банкет во чест на Трампови, кој вчера беше организиран во замокот Виндзор.
Забава
Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност.
Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“.
Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува.
Додека пребарувал една парцела, слушнал предупредувачки сигнал од уредот и сфатил дека нашол нешто. Наскоро пред него се појавил голем саксонски прстен изработен од злато! На само 50 метри подалеку пронашол и златен украс во форма на глава од гавран.
Британецот веднаш го пријавил откритието, а надлежните го затвориле целиот локалитет. Понатамошните ископувања ги презеле археолозите.
Авторот на објавата на „Редит“ рекол дека вредноста на пронајдениот артефакт ќе се подели помеѓу пронаоѓачот, сопственикот на земјиштето и државата.
„Оваков настан се случува еднаш во животот“, напишал тој.
Приказната предизвика бројни реакции, а еден корисник коментирал: „Тој е првиот човек кој по толку векови ги допрел овие предмети“.
Друг додал: „Археолозите цел живот трагаат, а никогаш не наоѓаат нешто толку драгоцено“.
Стручњаците истакнуваат дека ваквите артефакти значително придонесуваат за разбирањето на минатото. Но, најголемата вредност е нивниот придонес кон историското и културното наследство.
Забава
Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, велат од општина Центар.