Забава
Дома си е дома! Кети Пери и Орландо Блум се селат во хациенда во Монтечито
Кети Пери и Орландо Блум започнуваат нов живот како семејство во богатата енклава Монтечито, Јужна Калифорнија, а соседи ќе им бидат принцот Хари, Меган Маркл и бебето Арчи.
Пејачката Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум купија огромна медитеранска хациенда во Монтечито за 14.2 милиони долари, објави „Варајети“.

Двојката, која ја дочека ќерката Дејзи Доув во август, го купи преубавиот комплекс со поглед кон океанот од поранешниот извршен директор на Duracell & Chrysler , Чарлс Роберт Кидер, кој го поседуваше имотот повеќе од 20 години.

Затворениот имот на двојката се состои од повеќе структури кои се простираат површина од 8.9 хектари. Со преселбата на овој имот Кети и Орландо ќе им се придружат на елитата на Холивуд, па дури и на британското кралско семејство, со принцот Хари, Меган Маркл и 17-месечниот Арчи, како нивни соседи.

Принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, во јуни купија замок за 14.7 милиони долари во изолиран и заграден имот надвор од Монтечито, Јужна Калифорнија, и станаа жители на богатиот град во кој сопственици на куќи се Аријана Гранде, Елен Деџенерис и Опра Винфри.
Кети и Орландо потрошија многу повеќе од планираниот буџет за нова куќа, иако комплексот претрпе значителен пад на цената откако првпат беше огласен по цена од 20 милиони долари во пролетта 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Брз трик за чистење: Бањата може да блесне за 12 минути
Бањата е место каде брзо се собираат каменец, влага и траги од сапун, но со правилен редослед може да се исчисти за околу 12 минути. Клучното правило е чистењето секогаш да оди од горе кон долу, за да не ја повторувате истата работа.
1 минута – Подготовка
Отворете прозорец или вклучете вентилација, тргнете ги крпите и ситниците и напрскајте ги тоалетната школка, мијалникот и тушот со средство за чистење.
2–4 минута – Полици и огледало
Избришете ги горните полици и ормарчиња, а огледалото исчистете го со средство за стакло или вода со оцет.
5–7 минута – Туш или када
Со сунѓер исчистете ги плочките и славините, а потоа исплакнете со топла вода.
8–9 минута – WC-школка
Исчистете ја внатрешноста со четка, а надворешноста пребришете ја со дезинфекциска крпа.
10 минута – Мијалник и славини
Отстранете ги трагите од паста и сапун, а славините избришете ги со сува крпа за да заблескаат.
11–12 минута – Подот
На крај избришете го подот со топла вода и средство за чистење или малку оцет.
Со ваква кратка рутина, бањата може брзо да изгледа чисто и свежо – за помалку време отколку што трае една епизода од серија.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Селена Гомез му ги бакна стапалата на Бени Бланко во неговиот подкаст, бројни реакции
Пејачката и актерка Селена Гомез предизвика реакции на социјалните мрежи откако во најновата епизода од подкастот „Friends Keep Secrets“ му бакна стапало на својот сопруг, музичкиот продуцент Бени Бланко.
Во текот на разговорот, Гомез седела на подот во дневната соба, додека Бланко бил на каучот со ногата потпрена на масата. Во еден момент таа се наведнала и му го бакнала прстот на ногата.
Бланко се пошегувал со водителите и рекол дека му се допаднал гестот, додавајќи дека го разубавил неговиот ден.
Снимката предизвика бројни негативни реакции на социјалните мрежи, каде дел од корисниците ја нарекоа „одвратна“ и „непријатна“.
Контроверзијата се појави и поради претходна епизода од подкастот, во која Бланко ги покажал своите стапала, кои дел од гледачите ги оценија како нечисти. Тој подоцна во емисијата „Jimmy Kimmel Live!“ се бранеше дека има „одлични стапала“.
Селена Гомез и Бени Бланко се во врска од 2023 година, а се венчаа во 2025 година.
Забава
Хејли Бибер: Докторката ме советуваше да не останам бремена, но јас останав
Манекенката Хејли Бибер откри дека нејзината прва бременост со синот Џек Блуз, кого го има со сопругот Џастин Бибер, била целосно неочекувана.
Во подкастот „SHE MD“ таа раскажа дека лекарите претходно ја предупредиле дека поради септум на матката може да има проблеми со забременување и дека можеби ќе биде потребна мала операција пред да планира деца.
„Реков дека не размислувам за бременост во тој момент, а потоа – како по чудо – останав бремена“, изјавила 29-годишната манекенка.
View this post on Instagram
Лекарката објаснила дека септумот е вродена аномалија при која ткиво ја дели матката, што може да го зголеми ризикот од спонтан абортус или предвремено породување.
И покрај ризиците, бременоста поминала добро.
View this post on Instagram
На крајот, Хејли и Џастин, кои се во брак од 2018 година, добиле здраво дете, а манекенката вели дека најмногу ужива во времето поминато со својот син.
Фото: depositphotos

