Забава
Хју Грант не верувал дека Рене Зелвегер може да ја одглуми Британката Бриџит Џонс
„Дневникот на Бриџит Џонс“ е една од најомилените романтични комедии на сите времиња.
Но, Хју Грант вели дека првично не бил сигурен оти Рене Зелвегер е добар избор за Бриџит Џонс, британски лик базиран на книгите на писателката Хелен Филдинг.
Додека зборуваше за новиот документарец Being Bridget Jones, британскиот актер Хју Грант (60) призна дека првин мислел оти изборот на актерка што ќе ја глуми главната херојка прилично се протегнал.
„Имаше скандал зошто ова не е британска актерка“, вели Хју во разговор со „Индипендент“ алудирајќи на оригиналниот филм од 2001 година.

„Не ја познавав Рене Зелвегер, а Тексашанка да игра британски лик… се чинеше како протегање“, рече Грант, кој го игра шефот додворувач Даниел Кливер во оригиналниот филм.
Но, се покажа дека тоа е рецепт за успех бидејќи филмот на меѓународно ниво заработи 281,9 милиони долари, а главната херојка стана светски феномен.

На почетокот на оваа година холивудската актерка потврди дека со задоволство повторно ќе го игра ликот доколку четвртото продолжение добие зелено светло.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кејт Винслет: Дел од моите први интимни искуства беа со жени
Славната актерка Кејт Винслет откри дека како тинејџерка имала интимни искуства и со жени за што отворено зборуваше во поткастот Team Deakins. Таа се наврати на улогата во филмот Heavenly Creatures, кој ѝ ја лансира кариерата и во кој толкува сложен однос меѓу две тинејџерки.
„Ќе споделам нешто што досега никогаш не сум го кажала – дел од моите први интимни искуства беа со девојки. Бев љубопитна и во таа фаза од животот тоа ми помогна подобро да се поврзам со ликот“, изјави Винслет.
Улогата во Heavenly Creatures ѝ го отвори патот кон успешна кариера, која кулминира со светска слава по филмот „Титаник“. Денес, таа зад себе има богато актерско портфолио, а неодамна го оствари и своето режисерски деби со филмот „Збогум, јуни“, достапен на „Нетфликс“.
Винслет е позната по тоа што внимателно го чува приватниот живот, но и по јавното залагање за правата на ЛГБТК+ заедницата. Во претходни интервјуа таа зборуваше и за стравот што многу млади актери го чувствуваат во Холивуд доколку јавно ја откријат својата сексуалност поради можни последици врз нивната кариера.
Фото: Depositphotos
Забава
(Видео) Црниот фустан на Кејт Хадсон е совршен за празничните вечери
Кога зборуваме за модниот избор на Кејт Хадсон, на ум паѓа само еден збор, а тоа е – елеганција.
Славната русокоса се смета за дама со стил и вкус, а тоа го докажала многупати на големи настани, особено за време на многуте промоции на филмот Song Sung Blue.
View this post on Instagram
Сега повторно покажа дека едноставноста и елеганцијата немаат замена, а за нејзиното појавување во емисијата Watch What Happens Live носеше безвременско парче облека – црн фустан од Balmain. Станува збор за минималистички модел, без прерамки, што ја следи линијата на телото.
View this post on Instagram
Златниот детаљ во горниот дел од креацијата беше исто така впечатлив, што му даде на изгледот доза луксуз. Сето ова го надополни со златни додатоци, едноставна фризура и шминка во земјени тонови.
Стилистката Емили Санчез беше задолжена за беспрекорниот изглед на Кејт.
Забава
(Фото) Скопје во еден ритам: Махмут Орхан пред повеќе од 7.000 посетители
Светски познатиот диџеј приреди моќен арена-настап и незаборавна електронска вечер во арената „Борис Трајковски“.

Над 7.000 посетители ја исполнија арената „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што светски познатиот турски диџеј и продуцент Махмут Орхан приреди спектакуларен настап во рамките на The Arena Experience, во организација на Music Rituals.

Вечерта почна со програма на домашните изведувачи Anna Noodle и Danyel, Brancez и Lephonq и странските изведувачи Stasi Sanlin и People Like Us, кои со своите сетови ја подигнаа енергијата пред главниот настап.

Со врвна продукција, впечатливи визуелни ефекти и својот препознатлив мелодичен електронски звук Махмут Орхан ја донесе глобалната клупска енергија создавајќи силна атмосфера и незаборавно музичко доживување за публиката.

Настанот уште еднаш го потврди потенцијалот на Скопје како дестинација за големи меѓународни електронски музички продукции и постави нови стандарди за ваков тип на настани во регионот.


