Забава
(Видео) „Црвено известување“ најгледан филм во историјата на „Нетфликс“
Од „Нетфликс“ објавија дека акционата комедија Red Notice („Црвено известување“) е нивниот најгледан филм.
Објавен на платформата на 12 ноември, веќе на првиот ден од неговото емитување стана најгледаниот филм на стриминг-услугата.
Тој е во категоријата топ-10 филма во последните три недели, а моментно 50 отсто од претплатниците на „Нетфликс“ го гледале филмот, пренесува Си-ен-ен.
Веста на социјалните мрежи ја споделија и ѕвездите на филмот Гал Гадот и Двејн Џонсон.

„Не можам да ви кажам колку сум среќна, колку сум благодарна, колку сум воодушевена од овие луди статистики и информации. Го направивте нашиот филм најгледан во историјата на ‘Нетфликс’!!! Вие сте причината зошто ги правиме овие филмови. Вашата љубов ни значи сѐ. И во никој случај не го земаме тоа здраво за готово. Ви благодарам“, напиша Гал на својот инстаграм-профил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кејти Пери и поранешниот канадски премиер повеќе не се кријат: Сите ги гледаат во Давос
Кејти Пери и Џастин Трудо го привлекоа вниманието на јавноста кога се појавија на Светскиот економски форум во Давос. Двојката, која веќе некое време е на насловните страници, блесна на овој настан, а нивните насмевки и љубовни погледи беа, навистина, забележливи.
И додека Трудо беше еден од учесниците на овој престижен настан, неговата сакана беше морална поддршка. Комбинацијата што пејачката ја носеше за оваа пригода е исто така интересна.
Таа избра беж сет кој ја истакнува нејзината витка фигура и ја нагласува целата нејзина женственост.
Нејзиниот аутфит е синоним за елеганција, а Кејти Пери се погрижи сите светски лидери да бидат воодушевени од нејзиното издание.
Својот стил го комплетираше со минималистичка шминка во природни тонови, а косата ја стилизираше на наједноставен начин – се одлучи за ниска пунџа, а додаде и златни обетки.
Што се однесува до поранешниот канадски премиер, тој избра класично одело и најобична вратоврска.
Забава
(Видео) „Eye of the Tiger“ во Давос: Зашто Макрон не ги тргна очилата додека држеше говор и се фотографираше со политичари
Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика внимание на Светскиот економски форум во Давос, каде што се појави со пилотски очила за сонце.
На социјалните мрежи веднаш се отворија дискусии зошто ги носи очилата додека држи говор пред присутните, а некои коментатори забележаа дека не ги тргнал ни за време на фотографирањето со други политичари.
Причината не била модна, туку здравствена. Неколку дена претходно, за време на новогодишно обраќање пред припадници на француската војска, неговото десно око беше видно црвено и отечено. Тогаш Макрон се извини за „непријатниот изглед“ на окото.
Со доза хумор, тој го спореди изгледот со песната „Eye of the Tiger“, алудирајќи на борбениот дух. Но и покрај објаснувањата, појавата со очилата во Давос предизвикала бројни шпекулации.
Во говорот, Макрон предупреди дека светот влегува во ера на длабока нестабилност и опасност од „свет без правила“, каде меѓународното право сè почесто се крши, а надвладува логиката на посилниот. Како посебен извор на загриженост ја посочи агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Фото: ЕПА
Забава
(Видео) Сите зборуваат за поранешната Мис Гренланд: „Сега го разбирам Трамп“
Деновиве, Мис Гренланд 2024 е многу популарна на социјалните мрежи, а токму прекрасната Наја Мароси влезе во историјата како прва претставничка на Гренланд на натпреварот Мис Гранд Интернешнл.
View this post on Instagram
Престижната титула на натпреварот на кој учествуваа 68 убавици ја освои Наја, која на Инстаграм се претставува како Наја Матилде Росинг.
View this post on Instagram
Неодамна ја предаде својата круна на новата Мис, поточно нејзината наследничка, а кога ќе ги погледнете сликите и видеата, ќе разберете зошто Наја повторно привлече толку многу внимание…
View this post on Instagram
„Сега го разбирам Трамп“, гласи еден од коментарите на социјалната мрежа Икс, а корисникот се пошегува со видео клип од натпреварот за моменталната ситуација со Гренланд и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
This is Miss Greenland 2024. I understand Trump now. pic.twitter.com/CV4RCtLcSZ
— Dr. Clown, PhD (@DrClownPhD) January 19, 2026

