Забава
Човек што има 48 деца не може да си најде девојка
Донаторот на сперма, кој досега има 48 деца, а уште 10 или 11 допрва треба да се родат, се бори да ја најде љубовта на својот живот – признава дека повеќето жени губат интерес кога ќе дознаат што прави.
Кајл Горди (31) од Лос Анџелес им ја нуди својата сперма на самохрани мајки, лезбиски парови, како и сопрузи и сопруги што не може да зачнат свои деца.
Своите услуги, кои се бесплатни, ги промовира на социјалните мрежи и наместо во банка за сперма, материјалот им годава директно на жените, пишува „Јутарњи.хр“.
Тој објаснува дека некои луѓе не сакаат да одат во банка за сперма затоа што донаторите таму се анонимни, што значи дека новите родители нема да знаат ништо за личноста чии гени ќе ги носат нивните деца, па наместо тоа, се обраќаат кај него.
Досега, во последните 8 години, тој им помогнал на десетици жени да станат мајки, но неговата дарежливост го чини љубовен живот.
„Десет години немам девојка. Секогаш, пред сè, им кажувам на жените што правам и во тој момент тие стануваат незаинтересирани. Ми велат дека разбираат дека сакам да им помагам на жените, но дека не сакаат некој што веќе има деца со други жени. Не им се допаѓа“, посочува Горди.
Сè почнало пред осум години кога лезбиска двојка пројавила желба за дете, но тие биле загрижени дали ќе земат сперма од банка бидејќи нема да ја знаат историјата на таткото.
„Ним им беше непријатно што нема да знаат ништо за биолошкиот татко, дури ни од каде потекнува. Затоа разговаравме, а јас им реков: ‘слушајте, со задоволство ќе ја донирам мојата сперма, дури и детето да знае кој му е татко ако сака’. Потоа ејакулирал во чаша и им ја дал. Две недели подоцна една од двете жени му кажала дека е бремена и го носи неговото дете“, пренесува „Јутарњи.хр“.
По ова, рекол дека сè повеќе жени почнале да стапуваат во контакт со него преку интернет.
„Помогнав да се создадат многу семејства, навистина го работам тоа што го работам, го работам сериозно“, вели тој.
Кајл поминал низ генетско тестирање, тестирање за СПБ, како и анализа на спермата. Покрај тоа, тој не пие алкохол и се обидува да јаде органска храна за да се осигури дека неговата сперма е во врвна состојба.
Кајл објаснува дека не наплаќа ништо за услугите и дека тоа што го прави го става во ризик – бидејќи технички законски е татко на детето, мајката може да побара од него да плати издршка во секое време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

