Забава
Шерон Озборн се извини дека застанала во одбрана на Пирс Морган
Шерон Озборн јавно го поддржа својот пријател Пирс Морган откако тој се откажа од „Добро утро Британија“ поради одбивањето да ѝ се извини на Меган Маркл за навредливите коментари.
А сега, таа се огласи на Твитер со извинување за нејзината поддршка за Морган, а ваквото извинување некои британски веснци го квалификуваа како понизно и грозно.
Пирс Морган, ѕвездата на Good Morning Britain, ја напушти својата улога на водител во изминатите пет години откако рече дека не ѝ верува ниту збор на Меган Маркл, алудирајќи на нејзиното тврдење во интервјуто со Опра Винфри дека помислувала на самоубиство.
Во екот на бурата, неговата пријателка Шерон (68) се појави во американското ток-шоу The Talk и рече: „Се чувствувам како да ќе ме стават на електричен стол затоа што имам пријател за кој многумина мислат дека е расист , па тоа ме прави и мене расист.“
Сепак, таа подоцна се огласи на Твитер со извинување.
Шерон, која е во брак со рок-легендата Ози Озборн речиси 40 години, напиша: „Отсекогаш сум бил прифатена со толку многу љубов и поддршка од афроамериканската заедница и имам длабока почит и љубов кон нив.“
„На сите Афроамериканци што го навредив и оние што се чувствуваат збунети или изневерени од она што го реков, навистина ми е жал.“
„Испаничив, се чувствував заслепена, застанав во одбрана и дозволив да преовлада стравот од обвинувања дека сум расист“.
По избувнувањето на Пирс, што предизвика повеќе од 41.000 поплаки до британскиот регулатор за комуникации „Офком“, Шерон беше меѓу првите кои застанаа во негова одбрана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Џенифер Анистон откри за кого гласала на изборите во САД: „Да ставиме крај на ерата на хаосот“
Актерката Џенифер Анистон на „Инстаграм“ откри дека гласала на претседателските избори во САД. Американците имаат можност да гласаат пред закажаниот изборен ден. Тие може да гласаат од далечина, на пример, по пошта или лично.
Џенифер ја изрази својата поддршка кон Камала Харис.
View this post on Instagram
„Денес, не гласав само за пристап до здравствена заштита, репродуктивна слобода, за еднакви права, безбедни училишта и правична економија, туку и за разум и човечка пристојност. Запомнете дека вашиот глас е важен кој и да сте и каде и да живеете. Вашиот глас е важен“, ја почна таа својата објава на „Инстаграм“.
„Знам дека не се согласуваме за сè и тоа е убавината на оваа земја, но нели ви е доста од оваа негативност меѓу нас? Заплашување и постојани закани до оние што не размислуваат исто како другите? Ајде да ја завршиме оваа ера на страв, хаос и напади врз нашата демократија и да гласаме за некој што ќе нè обедини, а нема да се заканува“, додаде таа.
Забава
Кијану Ривс снимен со девојката на романтична прошетка, не ја криеле љубовта
Кијану Ривс и неговата девојка Александра Грант привлекоа внимание за време на неодамнешното излегување. Фотографите ги снимиле на романтична прошетка на улиците на Лондон, а потоа парот отишол на вечера во еден од популарните ресторани.
Актерот (60) и визуелната уметничка (51) за време на излегувањето цело време се држеле за рака и не ја криеле љубовта. Тие им позираа на фотографите со насмевка, а актерот во еден момент дури и им мавна.
Кијану и Александра првпат беа видени заедно во 2019 година на настан кога новинарите ги фатија како се држат за рака. Недолго потоа тие признаа дека се заедно, а оттогаш се неразделни. Двојката ретко се гледа во јавноста.
Забава
Шерифовиќ за сурогат-мајката што ѝ го роди синот: Некои луѓе седат под карпа
Марија Шерифовиќ на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио, кој ѝ го роди сурогат-мајка. 39-годишната пејачка на оваа тема проговори при неодамнешното гостување во емисијата на српскиот водител Огњен Амиџиќ.
„Во Америка сум од 2014 година, тогаш не беше релевантно. Немаме доволно време да разговараме за ова детаљно. Сè што правев, правев по совет на најдобрите лекари во САД. Во едно интервју јас реков дека по неколку неуспешни обиди, единствено решение беше тоа“, раскажа Марија.
„Ужасно ми пречи што на Балканот, со должна почит кон сите нормални, цивилизирани луѓе, луѓето седат под карпа. Седам во Америка, се сончам и читам како луѓето во весници, емисии, утрински програми велат дека оваа жена е врзана за радијатор, како ја малтретирале. Почитувани, ова е процедура за која се потребни илјадници документи, потпишани документи“, додаде Шерифовиќ.
Таа изјавила дека сурогат-мајките не се третираат како робови, како што многумина мислат, и дека во нејзиниот случај сурогат-мајката добивала третмани, како масажи и помош од чистачка на куќата.
„Таа е жената што помогна да ми се исполни мојата најголема желба во животот. Имавме најблиска можна врска, разговаравме секој ден, заедно ги поминувавме сите предизвици во бременоста, заедно одевме на прегледи“, изјави претходно Марија.
Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, поради што на крајот се одлучила за сурогат-мајка. Инаку, Шерифовиќ не сака да открие кој е таткото поради договорот за приватност, но рече дека нејзиниот син ќе знае сè за тоа кога ќе дојде време.