Контакт

Забава

Шерон Стоун смета дека нејзината репутација на „тешка“ ѝ наштетила на кариерата

Објавено пред

Шерон Стоун вели дека била искрена за разни прашања во текот на годините и смета дека нејзината подготвеност јавно да дискутира за спорни работи го поткопала нејзиниот потенцијал за заработка.

63-годишната актерка изјави за WSJ Magazine: „Едноставно, возбудена сум кога гледам каде припаѓам во светот, да видам каде оди моето патување“.

„Мислам дека кога ги кажував сите тие работи – за кои сега жестоко дискутираат Камала Харис, нашата чудесна потпретседателка, и Мишел Обама и Хилари Клинтон – за правата на жените, прилично ми ја отежнаа мојата филмска кариера“.

„Луѓето сметаа дека сум ‘тешка’ затоа што ги барав тие работи и очекував да ги добијам бидејќи сметав дека се исправни и соодветни за мене и за другите жени“.

Шерон исто така смета дека ставовите еволуираат и на крајот – верува дека тоа може да им ги олесни работите на жените во филмскиот бизнис.

Забава

Шон Пен одбива да работи на новата серија сè додека секој член на екипата не прими вакцина

Објавено пред

Шон Пен зазема став на начин што може да ја разниша целата филмска и ТВ-индустрија, одбивајќи да работи на новата драмска серија Gaslit сè додека не се вакцинираат сите членови на актерскиот и техничкиот тим.

Тврдиот став на актерот доаѓа само неколку дена по премиерата на Канскиот филмски фестивал на неговиот нов режисерски обид – Flag day („Денот на знамето“), во кој исто така и глуми.

Според „Дедлајн“, Пен нуди да ги олесни напорите за вакцинација против Ковид-19 без никаков трошок за актерите и техничката екипа.

Продукцијата започна кон крајот на април во Лос Анџелес, аПен, наводно, има уште само неколку недели додека не ја заврши серијата.

Студиото на Gaslit, „Ен-би-су јуниверзал“ ја направи вакцинацијата задолжителна за членовите на продукцијата во „Зона А“, која вклучува членови на актерскиот тим и други во непосредна близина на актерите.

Прикажи повеќе...

Забава

Канје Вест со емотивно деби во живо на новиот албум

Објавено пред

Канје Вест доби бурни овации по премиерата на неговиот долгоочекуван десетти студиски албум „Донда“ на стадионот Mercedes-Benz во Атланта во четвртокот вечерта.

Откривањето на албумот на 44-годишниот рапер беше емитувано преку директен пренос на „Епл мјузик“, а на настанот присуствуваше и неговата отуѓена Ким Кардашјан Вест заедно со две од нивните четири деца.

„Донда“, насловен по покојната мајка на раперот, Донда Вест, им дава на побожните фанови поглед во неговиот турбулентен брак со Ким, а ја прикажува и соработката со Џеј Зи и Тревис Скот.

По пристигнувањето со модерно доцнење на настанот, Вест се појави со полупроѕирна маска на лицето и црвен комплет, кој алудира на соработката Yeezy x Gap. Тој продолжи да чекори низ арената под рефлекторите. Насекаде имаше поставени звучници од кои ечеа разни нумери на албумот.

Арената „Мерцедес-Бенц“ може да се пофали со капацитет од 71. 000 места за седење, а Вест наводно им подарил 5.000 билети на студентите во областа Атланта, Џорџија, а некои фанови платиле неколку стотици долари за место“, според „Шоубиз 411“.

Прикажи повеќе...

Забава

Би-би-си: Може ли да има нова музика од Ејми Вајнхаус?

Објавено пред

Во десетте години по смртта на Ејми Вајнхаус откриени се неколку нејзини необјавени песни за двата постхумни албуми Lioness и Amy, пишува британски „Би-би-си“ во статија по повод 10-годишнината од смртта на поп-ѕвездата со волшебен глас.

Но, се претпоставува дека поголемиот дел од материјалот што го снимила го нема, откако шефот на издавачката куќа Дејвид Џозеф ги уништи нејзините демо снимки за да спречи нивно експлоатирање.

„Тоа беше морална работа“, изјави тој за Билборд во 2015 година. „Нема им дозволам на други луѓе да ја завршат нејзината работа, тоа никогаш нема да се случи,“ рече тој тогаш.

Додека многу критичари ја поздравија неговата желба да го заштити наследството на Ејми, нејзиниот татко има поинакво гледиште.

„Тој е идиот“, изјави Мич Вајнхаус за „Би-би-си“ и додаде дека секако сака фановите да ги слушнат нејзините необјавени песни.

Тој вели дека сè уште може да има надеж, бидејќи семејството поседува некои нејзини снимки.

„Најдовме неколку парчиња, но тешко е затоа што ЦД-ата се малку расипани, но како и да е, ни кажаа дека можеби ќе можеме да спасиме нешто“.

„Можеби не е добро како Back to Back, но според она што го слушнав, од фрагментите што можеби ќе можеме да ги спасиме, добро е“.

Мајката на Ејми, Џенис Вајнхаус-Колинс дополни: “Ејми секогаш пееше. Таа секогаш пееше, постојано.“

Ејми Вајнхаус почина на 23 јули 2011 година, на само 27 години, по долга и мачна битка со дрогата и алкохолот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Димитров од Словенија: Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот или ќе го изгубиме

Или ќе го вратиме кредибилитетот на ЕУ на Балканот, или ќе го изгубиме. И мислам дека ние навистина се потпираме...

Македонија19 минути

Судот ги ослободи Мијалков и поранешните „алфи“, нема доволно докази дека го малтретирале Бошкоски

Кривичниот суд ги ослободи од обвинение поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“...

Свет1 час

ЕУ досега донира само три проценти од ветените вакцини, повеќето се од „Астра зенека“

Членките на Европската Унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против Ковид-19 на сиромашните земји, претежно од „Астра...

Европа2 часа

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирусот може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави...

Спорт3 часа

Денеска официјално започнуваат 32. Олимписки игри во Токио – Македонија со 8 претставници

Во Токио денеска во 13 часот по средноевропско време ќе бидат отворени 32. Олимписки игри кои е планирано да траат...

Топ3 часа

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна речиси 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на...

Македонија4 часа

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Македонија14 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ15 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија18 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија21 час

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ1 ден

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ1 ден

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија1 ден

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион1 ден

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија2 дена

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ2 дена

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија2 дена

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Досие