Забава
Ѕвездите дефилираа во блескави изданија на ЦМА-наградите

Кери Андервуд блеска во сребрена боја, а Кети Пери, Миранда Ламберт и Келси Балерини го носат гламурот во неутрални тонови на ѕвездената парада на најголемите награди за кантри-музика.
Кери Андервуд на себе има хипнотизирачка асиметрична тоалета со пердувести мониста и шлиц до бутот, што ги истакнува нејзините вити нозе на 55. доделување награди на Асоцијацијата за кантри-музика (Country Music Association – CMA) во средата вечерта.
Изведувачката, која 15 последователни години беше женски вокал на годината на шоуто, ја исправи својата руса коса за свеченоста ао арената „Бриџстоун“.
Нејзиниот сопруг Мајк Фишер позира пред фотографите со раката обвиена околу неа. Тој дојде да ја поддржи нејзината номинација за забавувач на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вечерва се одржува главната вечер на Таксират фестивал

Вечерва во Скопје се одржува Главната вечер на Таксират фестивал, а токму со овој настан официјално ќе биде затворено јубилејното 25-то издание на македонскиот најпосетен алтернативен музички фестивал. Во финалниот настан на јубилејниот ТАКСИРАТ кој ќе се одржува во Арената „Борис Трајковски“, публиката ќе има прилика да ужива во повеќе од 10 концерти и настапи кои паралелно ќе се одвиваат на три бини, а на кои ќе се претстават безмалку 20 музички изведувачи.
Главната вечер годинава ги собира Таксират резидентите, имињата потпишани зад најмасовните концерти, артистите кои дефинираа жанрови, но и станаа белег на „Таксират“ или уште поважно, музичката екипа која во моменти одигра значајна улога во опстојувањето на фестивалот. Покрај нив, скопската Арена „Борис Трајковски“ вечерва е збирно место и на новата генерација, актуелниот бунтовен звук, но и светската алтернативна, транскултурна електронска сцена. Во листата со изведувачи се: македонскиот маестрален музички уметник Кирил Џајковски, „Даб Ефекс“ од Австралија, „Ејсид Араб“ од Франција, но и најуспешниот регионален состав „Дубиоза Колектив“, како и популарните „С.А.Р.С.“, Страјк, „Смат“, „Лет 3“ и други.
Влезот за посетителите ќе биде отвроен во 19:30 часот, a почетокот на програмата е во 20:30 часот.
Забава
(Видео) Венеција: Гондола се преврте поради туристи кои одбиле да седнат и да престанат да прават селфи

Група туристи паднала во канал во Венеција кога гондолата со која се возеле се превртела откако не ги послушале наредбите да престанат да прават селфи и да седнат.
Во матната и студена вода завршил и гондолиерот кој се обидувал да маневрира додека пловел со чамецот под мостот кај плоштадот Свети Марко.
Според извештаите на локалниот печат, групата од Кина се возела во гондола и правела селфи кога се случил инцидентот.
Маневарот на гондолиерот под мостот барал максимален баланс на тежината на чамецот, но патниците ги игнорирале неговите наредби да седнат и наместо тоа продолжиле да стануваат и да фотографираат, поради што гондолата се превртела, пишува Гардијан.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез во фустан кој ги натера сите погледи да бидат вперени кон неа

Џенифер Лопез прошета на црвениот тепих на доделувањето на наградите на магазинот Elle, а токму поради футуристичкото издание беше една од оние чиј аутфит привлече најголемо внимание.
Jennifer Lopez and Ben Affleck at ELLE’s Women in Hollywood event. pic.twitter.com/xa8yE6MLg9
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) December 6, 2023
Наградуваната пејачка и актерка заедно со нејзиниот сопруг Бен Афлек пристигнаа на доделувањето на наградите „Жени во Холивуд“ на списанието Elle што се одржа во Лос Анџелес.
Jennifer Lopez and Ben Affleck attend ELLE’s Women in Hollywood event. pic.twitter.com/FeLGzAYVQm
— Bennifer Updates (@BenniferUpdates) December 6, 2023
На настанот Лопез носеше долг фустан кој беше составен од две парчиња – сребрен хромиран дел кој и ги покриваше градите и класичен долен дел со изрез позади.
Футуристичкиот горен дел на модното издание бараше актерката да се појави без , а градник, истовремено покажувајќи ја својата гола половина.
Впечатливиот фустан го спои со црни чевли на платформа.
Изгледот го комплетираше со висечки обетки, а косата и беше крената во пунџа. Афлек беше облечен во класичен црн костум и вратоврска.
Познатиот пар, кој се венча во август 2022 година, сподели и бакнеж на црвениот тепих.