Контакт

Забава

Ѕвездите споделија фотографии зад сцената на „Мет гала“

Објавено пред

Како и секоја година, елитата не можеше да му одолее на предизвикот, па и оваа „Мет гала“ не помина без милион фотографии што инстантно беа објавени на социјалните мрежи.

Меган Фокс, Били Ајлиш и Лил Нас Икс во понеделникот им дадоа на своите фанови редок поглед зад сцената на годинешната „Метрополитен гала“, познатата зона без селфиња.

Иако на гостите им е забрането да фотографираат или снимаат со својот телефон на ексклузивниот настан, голем број sвезди го прекршуваат ова правило секоја година.

Хитмејкерот на Old Town Road, Лил Накс Икс (22), ја искористи секоја можност да ја документира ноќта на социјалните мрежи, а се фотографира со Адисон Реј, Тимоти Шаламе, Пит Дејвидсон, Јара Шахиди и Френк Оушн.

 

Покрај Меган Фокс и Били Ајлиш, многу други ѕвезди споделија фотографии зад сцената на модната екстраваганција во режија на Ана Винтур, најмоќната жена во светот на модата.

Најпознатите лица на поп-културата се појавија во њујоршкиот музеј „Метрополитен“ во понеделникот вечерта за да ја прослават „Мет гала“, забава на годината на модната индустрија.

Уредничката на американскиот „Вог“, Ана Винтур, се потпишува како главен организатор на настанот.

Забава

Ар Кели прогласен за виновен за рекет и секс-трговија со малолетнички

Објавено пред

Федералната порота во понеделникот го прогласи аренби пејачот Ар Кели за виновен на судењето за трговија со луѓе, изнуда и злоупотреба на малолетнички.

Поротниците на федералниот суд во Бруклин размислуваа повеќе од еден ден пред да гласаат за да го осудат 54-годишниот Кели по сите девет точки од обвинението, по шестнеделното судење на кое обвинителството го претстави како предатор кој ја користел својата слава речиси четврт век за да намамува жени и малолетни девојки во својата орбита за секс.

Кели ја спушти главата надолу додека се читаше пресудата, со лицето заштитено со бела маска.

Пејачот, чие полно име е Роберт Силвестер Кели, е еден од славните личности судени за врбување и сексуална злоупотрба на девојки, во екот на движењето #MeToo кое ги засили обвинувањата против него, иако таквите наводи го прогонуваа уште од раните 2000-ти.

Прикажи повеќе...

Забава

„Ролинг стоунс“ ја одбележа првата турнеја без Чарли Вотс со трибјут-видео

Објавено пред

„Ролинг стоунс“ ја започнаа американската турнеја No Filter во неделата (26 септември) со оддавање почест кон покојниот тапанар Чарли Вотс.

Британските ветерани, на својата прва турнеја од 1963 година без Вотс, прикажаа негови фотографии и видео на големи проекции во арената Св. Луис, Мисури пропратено со звук на виртуозно тапанарско соло.

 

Додека публиката од околу 60,000 луѓе извикуваше „Чарли“…„Чарли“, Мик Џегер, Кит Ричардс и Рон Вуд излегоа на сцена за воведната песна Street Fighting Man.

„Беше прилично емотивно кога ги видов тие слики на Чарли на екранот. Ова е нашата прва турнеја што ја правиме без него”, рече фронтменот Џегер, држејќи се за рака на сцената со гитаристот Ричардс.

„На сите ни недостига Чарли и на сцената и надвор од сцената “, додаде Џегер.

Прикажи повеќе...

Забава

Необјавена снимка од Џон Ленон се продава на аукција во Копенхаген

Објавено пред

Аудиокасета, на која има снимен разговор со Џон Ленон и Јоко Оно додека ја посетиле Данска во 1970 година и досега необјавена песна на Ленон, ќе се најде на аукција денес (28 септември) во Копенхаген.

Лентата со песната Radio Peace е снимена на 5 јануари 1970 година од четири момчиња од Данска, кои успеале да добијат интервју со парот за локално училишно списание.

Аукциската куќа „Брун Расмусен“ соопшти дека аудиокасетата, која четворицата ја продаваат заедно со фотографиите од состанокот, е проценета меѓу 31.500 и 47.000 долари.

За време на 33-минутната снимка, Ленон зборува за мировната кампања на двојката, неговата фрустрација од имиџот на „Битлси“ и за должината на косата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија1 час

Земјотрес кај Кичево и околината

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала синоќа ја потресе околината на Кичево. Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици...

Македонија1 час

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст,...

Свет2 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион2 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија3 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија3 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија16 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија19 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа22 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија22 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија23 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија23 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа23 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Досие