Контакт

Забава

Ѕверката од „Сексот и градот“ е голем заводник и во седмата деценија од животот

Објавено пред

Шеесет и четиригодишниот актер Кристофер Давид Нот, попознат како Џон Џејмс – Ѕверката од познатата серија „Сексот и градот“, ги освои симпатиите на женскиот дел на гледачката публика.

Од крајот на емитувањето на култната серија поминаа речиси 15 години, но Крис и денес успешно ја брани титулата голема заводник.

Иако се сметаше за вечен ерген, срцето на Крис го освои Тара Вилсон, со која се венча во 2012 година и има син. Двојката ретко се појавува заедно во јавноста.

Судејќи според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, актерот изгледа одлично и во седмата деценија од животот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ерика Мена му се заблагодарила на своето момче со скап подарок бидејќи останала бремена

Објавено пред

Поранешната манекенка Ерика Мена, која стана позната по учеството во реалното шоу „Љубов и хипхоп“, сакала да му се заблагодари на своето момче, раперот Сафари Семјуелс, на посебен начин затоа што забременила со него.

Таа му подарила скапоцен ѓердан од 50.000 долари, на кој пишувало daddy, односно тато.

Станува збор за 14-каратен ѓердан од розово злато, украсен со дијаманти, пишуваат американските медиуми.

Според традицијата, мажите купуваат подароци за своите избранички кога ќе останат бремени. Сепак, Ерика решила да не го почитува обичајот и да се разликува од другите.

Семјуелс е поранешно момче на Ники Минаж. Тие раскинаа во 2014 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Лијам Хемсворт има нова девојка, два месеца по разводот од Мајли

Објавено пред

Актерот Лијам Хемсворт (29) и пејачката и актерка Мајли Сајрус (26) ненадејно се разведоа пред два месеца по што таа веднаш тргна по својот пат, а сега се чини дека и славниот заводник одлучи да продолжи понатаму.

Двајцата беа во брак само една година, а Мајли потоа имаше авантура со девојка, но тоа не траеше. Исто така, се зборува дека таа има ново момче, а Лијам првпат од разводот е фатен со австралиската манекенка и актерка Медисон Браун (22).

Тие се шетале на улиците на Њујорк држејќи се за раце, се бакнувале и се гушкале и во ниеден момент не се криеле.

Бидејќи заедно ручале во ресторан и подоцна заедно се возеле во метро, се претпоставува дека се во врска и дека се заљубени.

Прикажи повеќе...

Забава

Зои Кравиц во улога на жена-мачка во најновиот филм за Бетмен

Објавено пред

Актерката Зои Кравиц ќе ја игра жената-мачка во новата интерпретација на франшизата за популарниот суперхерој, со тоа што Роберт Патинсон го глуми Бетмен.

Блокбастерот во продукција на „Ворнер брос“, а во режија на Мет Ривс, е предвидено да почне со снимање во Велика Британија во јануари, објави The Wrap.

View this post on Instagram

rouge pur couture, baby. 💋

A post shared by Zoë Kravitz (@zoeisabellakravitz) on

Ривс, кој ги режира последните два филма „Планетата на мајмуните“, ја наследи улогата на режисер од Бен Афлек, кој го напушти проектот.

Продуцентите објавија во мај дека Патинсон ќе го игра Бетмен, а таа вест предизвика разни реакции.

View this post on Instagram

love dis guy. 📸: @myleshendrik

A post shared by Zoë Kravitz (@zoeisabellakravitz) on

Кравиц, 30-годишната ќерка на Лиса Бонет и музичарот Лени Кравиц, глуми во „Големите мали лаги“ на „Ејч-би-о“, чие снимање заврши во јули. Покрај тоа, таа глумеше во хитови Mad Max: Fury Road и X-Men: First Class, 2011.

Новиот „Бетмен“ е предвидено да почне да се прикажува во јуни 2021 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

(Видео) Судири на протестот на пожарникарите во Париз, полицијата употреби солзавец и водени топови

Француската полиција употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз. #Policiers contre #pompiers, quand les...

Македонија13 часа

Министрите на ЕУ не донесоа одлука за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија не донесоа одлука за определување датум за почеток на преговори...

Европа15 часа

(Видео) Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во...

Регион16 часа

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Премиерот во оставка на Косово, Рамуш Харадинај, денеска испрати писмо до Собранието на Интерпол во кое се вели дека Приштина...

Спорт16 часа

Михајлов ја презеде одговорноста, си поднесе оставка

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бугарија Борислав Михајлов ја напуштил функцијата по расистичките испади на навивачите на синоќешниот квалификациски натпревар...

Свет17 часа

Оштетен аеродромот во Барселона, откажани 45 лета

Поради протестите во Шпанија, откажани се 45 лета на меѓународниот аеродром „Ел Прат“ во Барселона, кој, според информациите, претрпел мала...

Свет17 часа

Руската сајбер-шпионка од скандалот со велешките лажни интернет-страници приведена во Минск

Руската државјанка и осомничена сајбер-шпионка, Ана Богачева, на која САД ѝ наметнаа санкции поради наводно мешање во изборите и чие...

Топ18 часа

Откриена 14-члена криминална група, која организирала шверц на 400 мигранти од Грција

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, Секторот за криминалистички истраги, Националната единица за сузбивање шверц на мигранти и трговија...

Македонија18 часа

Кривични пријави против Меѓународниот сојуз, „Томато продукција“ и „БМЈ медија груп“

Против Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, против „Томато продукција“, каде што беше сместена телевизијата „1ТВ“, и против...

Економија19 часа

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари

Владата ја зголеми минималната плата на 14.500 денари, објави на владина седница премиерот Заев. Тој истакна дека е постигнат договор...

Македонија20 часа

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство, Асим Муса, денеска, на прес-конференција, соопшти дека се повлекува од функцијата. Неговата одлука за повлекување следува по...

Македонија21 час

На судењето за ТНТ вештак тврди дека и со „нокиа 3310“ може да се прислушува

Во Кривичниот суд утрово продолжи судењето за предметот ТНТ на СЈО. Беше сослушан вештакот Орце Симев, предложен од обвинетите. Вештакот,...

Македонија21 час

Пендаровски до ЕУ: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени

Македонскиот претседател, Стево Пендаровски, денеска очекува одлука од Европската Унијија, а не сигнал. Тој во интервју за австрискиот весник Die...

Дијаспора22 часа

Македонски организации во Бугарија: Ја повикуваме Софија да го запре говорот на омраза

,,За жал не може да се каже дека прифатената позиција на Владата и парламентот на Република Бугарија изненадува – таа...

Македонија23 часа

Поранешни вработени во „Охис“ на протест пред Собрание, бараат неисплатени плати

Вработени во „Охис“ ја блокираа улицата пред Собранието. Бараат исплата на 24 неисплатени плати. Велат дека протестираат секој вторник и...

Европа23 часа

(Видео) Се судрија полицијата и демонстрантите во Барселона

Илјадници каталонски сепаратисти излегле на улиците во Барселона и се обиделе да го блокираат барселонскиот аеродром по пресудата на деветмина...

Регион23 часа

Пожар во бегалски камп на Самос, се евакуираат мигрантите

Грчките власти евакуираат преполн прифатен центар за мигранти и азиланти на егејскиот остров Самос, каде избувна голем пожар по судир...

Македонија24 часа

Османи во итна посета на Луксембург и Брисел на консултации со ЕУ

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска, патува за Луксембург и Брисел на последни консултации и разговори...

Спорт1 ден

Ајакс со еколошки гест – до Лил ќе патуваат со воз наместо со авион

Холандските шампиони, Ајакс, се решија за еколошката опција за патувањето за следниот меч во Лигата на шампионите против францускиот Лил,...

Македонија2 дена

Пронајден затвореникот кој утрово им побегна на затворските чувари додека купувале сендвич

Полицијата го пронајде и уапси затвореникот кој утрово успеа да им помогне на затворските чувари додека купувале сендвич. Од МВР...

Досие