Контакт

Забава

Јапонската сонда „Хајабуса 2“ слета на астероид

Објавено пред

Јапонската вселенска агенција (JAXA) соопшти дека податоците кои ги испратила сондата „Хајабуса 2“ покажуваат дека таа денеска успешно слетала на астероид и извела историска мисија на собирање примероци од тлото за кои научниците се надеваат дека ќе придонесат за разбирање на потеклото на Сончевиот систем.

Сондата во април го подготвувала местото за слетување, а денес се спуштила во кратерот кој го направила и ги собрала податоците од внатрешноста на астероидот.

„Хајабуса 2“ е прва сонда која успешно собрала податоци од тло на астероид и така ја претрка НАСА која планира иста мисија.

Сондата почнала да се спушта вчера. На површината останала само неколку секунди. Следен чекор е да се врати на почетната позиција над астероидот и да го испита местото.

Астероидот Рјугу, кој е наречен по подводната змаева палата од јапонските народни приказни, се наоѓа на околу 300 милиони километри од Земјата.

Рјугу припаѓа на особено примитивен тип на вселенска карпа, останата од раните денови на Сончевиот систем. Затоа може да содржи индиции за условите и хемијата од тоа време – односно од пред околу 4,5 милијарди години.

Сондата би требало да тргне назад кон Земјата на крајот на следната година и да ги донесе собраните податоци.

Забава

Ќерката на Роџер Мур го гледа духот на својот покоен татко

Објавено пред

Актерот Роџер Мур почина во 2017 година на 89-годишна возраст, но ќерка му Дебора смета дека нејзиниот славен татко сè уште ја контролира и ѝ испраќа јасни знаци. Нејзината теорија е дека таа постојано гледа 007 знаци и негови слики.

„Неодамна еден јапонски турист ме пресретна на улица и ме праша дали можам да го упатам до зградата на безбедносната служба МИ5. ‘Џејмс Бонд’, викаше тој и верував дека тоа е тој, мојот татко, кој ми се јавува. Од сите луѓе на улиците во Лондон овој човек реши мене да ме праша. Мислам дека не може да биде случајно“, рече ќерката на Роџер.

Роџер Мур го глумеше Џејмс Бонд во седум филма, од 1973 до 1985 година, што ја обележаа кариерата на британскиот актер. Почина по кратката битка со ракот, но до последен момент беше позитивен и сигурен дека ќе се излекува.

„Тој им рече на лекарите да не му кажуваат лоши вести. Само сакаше да продолжи да ужива во тоа. Одеше на терапија и се бореше. Тој едноставно беше таков и затоа и сега мислам дека ми се јавува и така се шегува со мене“, рече ќерката на Роџер.

Прикажи повеќе...

Забава

Фелисити Хoфман оди во елитен затвор, ќе може да јаде пуканки и орео-бисквити

Објавено пред

Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинкит“, Фелисити Хофман (56), во петокот беше осудена на 14 дена затвор бидејќи платила 15.000 американски долари на лажна добротворна организација за местење на резултатите на тестовите за способност на ќерка си.

Станува збор за SAT (Scholastic Test Aptitude Test), тест што се користи како приемен испит за додипломски студии во Соединетите Држави.

Фелисити самата ќе се предаде на 25 октомври во затворот во Даблин, Калифорнија, кој списанието „Форбс“ го прогласи за еден од десетте најчисти затвори во Америка, пренесуваат странските медиуми.

Актерката на тој начин ќе може да купи многубројни шампони, дезодоранси, прашок за бебиња, па дури и крем за сончање. Фелисити исто така на располагање ќе има чипсови, орео-бисквити, пица и пуканки. Затворениците може да гледаат филмови, да играат друштвени игри и имаат на располагање и сала за вежбање.

Актерката ќе треба да плати и глоба од 30.000 американски долари и да потроши 250 часа добротворна работа покрај двонеделниот затвор.

Прикажи повеќе...

Забава

Фронтменот на групата „Карс“ пронајден мртов во стан во Њујорк 

Објавено пред

Рик Окасек (75), фронтменот на рок-групата „Карс“, беше пронајден мртов во неделата, 15 септември, во својот стан во Њујорк.

Њујоршката полиција добила повик за човек во несвест, пренесува Си-ен-ен. Окасек, чиј идентитет го потврди полицијата, беше прогласен за мртов на местото на настанот.

Групата „Карс“ доби популарност кон крајот на 70-тите и раните 80-ти години на минатиот век со хитовите My Best Friend’s Girl и Drive.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Фатиме Фетаи се враќа во скопското обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавни обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка...

Македонија10 минути

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавни обвинители го стави...

Свет3 часа

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија3 часа

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија3 часа

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион3 часа

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ3 часа

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет4 часа

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет4 часа

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион15 часа

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Регион17 часа

Брнабиќ и нејзината партнерка прошетаа со Парадата на гордоста низ Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира...

Македонија18 часа

Пет лица за затруле со храна, затворен ресторанот во Брвеница

Пет лица за затруле со храна, по што е затворен ресторанот во тетовското село Брвеница, со цел да се спречи...

Македонија23 часа

Загина македонски планинар кој паднал во провалија на Олимп

При пад во провалија загина македонски планинар на планината Олимп во Грција. Според информациите, тој бил дел од деветчлена група...

Македонија1 ден

Привршуваат подготовките за рушење на дивоградбите во Охрид

За поефикасна координација на акцијата за уривање на охридските дивоградби денеска се одржа средба на градоначалнкот Константин Георгиески со министерот...

Свет1 ден

Демонстрантите во Хонгконг бараат Велика Британија да изврши притисок врз Кина

Учесниците во протестите во Хонгконг денеска се собраа пред британскиот конзулат, каде од поранешниот колонијален владател со овој регион побараа...

Македонија1 ден

Претстои недела во која Скопје ќе се фокусира на алтернативниот и еколошки транспорт

Град Скопје од 16. до 22. септември со програма која опфаќа содржини за граѓаните од сите возрасти, и годинава ќе...

Европа1 ден

Хан бара земјите членки да дадат повеќе пари за буџетот на ЕУ

Идниот европски комесар за буџет и администрација, Јоханес Хан, инсистира на буџетски план со дополнителни трошоци за земјите членки, но...

Европа1 ден

Сноуден: Нѐ следат на секој чекор

Погрешно би било подемот на политичарите како Доналд Трамп, Борис Џонсон или десничарската Алтернатива за Германија, да го гледаме само...

Култура2 дена

Отворено јубилејното 40. издание на „Браќа Манаки“

Вечерва во Битола почна 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалот го отвори претседателот на држвата,...

Македонија2 дена

Целосно завршен процесот за разрешување на Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашната вонредна седница едногласно ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена за...

Досие