Забава
Јапонска компанија нуди изнајмување пријатели и членови на семејство
Јапонската компанија „Фемили романс“ нуди услуги на изнајмување пријатели и членови на семејство, а од неодамна може да изнајмите и помлада сестра.
Компанијата не изнајмува деца, но за помлада сестра може да понуди возрасна млада девојка за цена од 135 американски долари за три часа дружење, пренесува порталот „Сора њуз“.
Како дел од првичното барање од клиентите се бара да го наведат датумот на кој сакаат да ја изнајмат својата сестра, каде сакаат да се запознаат и на кои места ќе одат за време на терминот (забрането е отстапување од наведеното, како и барања за прекумерен физички контакт). Клиентите може да постават барање во врска со возраста, изгледот или личноста. „Фемили романс“ обично бара од клиентите да останат на јавни места со своите т.н. сестри.
Иако идејата е бизарна, „Фемили романс“ е само една во низата компании што се појавуваат во Јапонија, чија дејност е изнајмување луѓе за одредени семејни и пријателски улоги. Компаниите нудат сè, од состаноци за вечера до изнајмување посетители за погреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Разголената фотографија на Златан Ибрахимовиќ предизвика хаос на интернет
Поранешниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ често е тема и на странските и на домашните медиуми. Неодамна го привлече вниманието на јавноста со своите остри изјави за родителството, а сега, благодарение на неговата последна објава на социјалните мрежи, стана фокус на светот.
Како активен член на Инстаграм, каде што редовно објавува фотографии од својот деловен и приватен живот, Златан не се срамеше да покаже малку од својата интимна страна.
Тој објави компилација од фотографии, но првата што привлече внимание беше неговата разголена фотографија.
Тој ја покажа својата атлетска градба и широки рамена, а забележлива беше и преголемата тетоважа со лав на која поранешниот фудбалер е многу горд.
Коментарите од фановите постојано пристигнуваа, а многумина беа воодушевени од неговиот изглед.
Забава
(Видео) Ќерката на Моника Белучи го привлече вниманието во Париз: „Вистинска убавина“
Дева Касел неодамна присуствуваше на ревијата на Диор што се одржа во рамките на традиционалната Недела на модата во Париз, и ги воодушеви сите присутни, и со својот стил и со природната убавина.
За оваа пригода, таа одлучи да носи комбинација инспирирана од модниот тренд „old money“. Таа блескаше во сина кошула и елек со интересни детали што ги комбинираше со широки беж панталони.
Deva Cassel – Attends Christian Dior Haute Couture Week Spring/Summer 2026 at Paris Fashion Week in Paris, France 01-26-2026
-> https://t.co/Ios5kKWX0v pic.twitter.com/O22i7qFyp9— Tha Starz (@thastarz) January 28, 2026
Целата комбинација е потпишана од модниот бренд Диор, а облеката се карактеризира со тивок луксуз и разиграни бои.
Стајлингот го комплетираше со накит од куќата Картие, а што се однесува до косата – од стилистот Џон Нолет побара малку брановидна фризура што ѝ паѓаше по грбот.
Видео од настанот објави нејзината мајка, познатата италијанска дива Моника Белучи, на својот официјален профил на Инстаграм. Бројните комплименти за изгледот на Дева беа, навистина, забележливи.
Deva Cassel arriving at the Musée Rodin for the Spring Summer 2026 Haute Couture show. #DiorCouture pic.twitter.com/5GHDFEyBGZ
— Dior (@Dior) January 27, 2026
„Каква мајка, таква ќерка“, „Прекрасна е“, „Идна ѕвезда на модната индустрија“, се само неколку.
Забава
(Видео) Поранешната детска ѕвезда се пофали дека е 13 килограми полесна: „Сè уште не сум слаба“
Поранешната детска ѕвезда, актерката Аманда Бајнс, чиј физички изглед долго време привлекуваше внимание поради големата промена на нејзиното тело поради употребата на лекови за слабеење, објави нови фотографии на кои изгледа уште послаба.
Самата актерка призна дека ги користи лековите за слабеење, а сега се пофали со својот нов резултат и откри колку килограми ослабела.
Таа ослабела речиси 13 килограми откако го користи Оземпик, а коментираше и на својата папарацо фотографија.
„Нормално не ми се допаѓаат папарацо фотографиите, бидејќи тогаш имав околу 82 килограми, но сега со Оземпик ослабев речиси 13 килограми. Сега имам 69 килограми. Знам дека сè уште не сум слаба, но оваа фотографија е вистинска инспирација за мене“, рече Аманда Бајнс.
Таа ја покажа промената во видео на Инстаграм во кое позира во краток топ и бели шорцеви со чизми до колена. Сакаше да го истакне и покаже својот рамен стомак, а доби поддршка да продолжи да ослабува преку коментари кои вклучуваа многу комплименти, што ѝ даде дополнителна мотивација.

