Забава
Ќерката на Алек Болдвин добива заканувачки пораки
Ајреленд Болдвин добивала заканувачки пораки на социјалните мрежи и на е-поштата откога татко ѝ Алек Болдвин беше вмешан во случајно пукање на сетот на вестернот Rust.
26-годишната манекенка му се заблагодари на еден фан, кој сподели позитивна приказна за 63-годишниот актер бидејќи тоа било добредојдено олеснување за неа по преплавувањето со непријателски имејлови, текстуални пораки и повици по смртта на камерманката Халина Хачинс на снимање на филм во Ново Мексико.
Ајрленд сподели „скриншот“ од коментар од фан, кој се присети на своето искуство работејќи за продуцентската компанија на детски филм со Болдвин од 2000 година, Thomas and the Magic Railroad („Томас и магичната железница“), и раскажува како единствено барање на Алек било „да има млеко и житни зрна во хотелската соба кога ќерка му доаѓа во посета“.
Корисникот на „Инстаграм“ додаде: „ Секогаш ќе го паметам тоа“.
Ајрланд потоа напиша: „Меѓу некои од најодвратните и заканувачки коментари, е-пошта, текстуални пораки и говорни пораки што ги добивав деновиве… овој прекрасен коментар се издвојува“.
Во својата објава таа им се обрати и на сите хејтери: „Го знам татко ми, а вие не го познавате. Те сакам, тато“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Чоколадата би можела да исчезне до 2050 година, но научниците имаат „aс во ракавот“
Екстремните временски услови ја загрозуваат иднината на плантажите со какао ширум светот, што претставува сериозна закана за иднината на чоколадната индустрија. Поради тоа, научниците истражуваат други култури кои се поотпорни на климатските промени и од кои би можело да се создаде нова слатка алтернатива, пишува „Еуроњуз“.
Поголемиот дел од какаото (околу 60 проценти) доаѓа од западна Африка, од влажни земји како Брегот на Слоновата Коска и Гана, каде што високите температури и обилните врнежи се менуваат со кратки сушни периоди.
Сепак, во последните две години производството на какао опаднало и до 40 проценти. Поради тоа, цените на чоколадата пораснаа на нивоа какви што не биле забележани уште од 1970-тите години, а експертите предупредуваат дека свет без какао би можел да стане реалност веќе до 2050 година.
Како климатските промени ја загрозуваат чоколадната индустрија
Постојат повеќе фактори што укажуваат на можен недостиг на чоколада. Претходни извештаи како причини ги наведуваа нелегалното рударење злато, стареењето на какао-стеблата, па дури и шверцот, но истражувањата покажуваат дека главниот виновник е сè поизразениот контраст меѓу екстремните врнежи.
Институтот за клима и одржливост при Универзитетот Харвард наведува дека чувствителноста на какаото на временските услови не е новост, но дека климатските промени го „засилуваат интензитетот на обилните врнежи“ како што растат температурите.
За секое зголемување на температурата на воздухот за еден степен Целзиусов, атмосферата може да задржи околу седум проценти повеќе влага, што доведува до посилни и поинтензивни дождови.
„Основната физика е едноставна: потоплата атмосфера задржува повеќе влага, што ги засилува екстремните врнежи. Тоа доведува до задржување на вода во почвата, ерозија на земјиштето и создавање услови погодни за развој на габични заболувања“, објаснуваат истражувачите.
Можат ли научниците да ја спасат чоколадната индустрија?
Поттикнати од овој климатски предизвикан колапс, научниците од Националниот универзитет во Сингапур почнале потрага по решение.
Истражувачите го насочиле вниманието кон рогачот – климатски отпорна билка која се одгледува во Медитеранот и која постепено привлекува внимание како алтернатива на какаото.
За разлика од какаото, рогачот успева во топли и суви услови и бара многу малку вода. По печењето, ослободува специфична арома која потсетува на какао, иако неговиот вкус не одговара целосно.
За да го надминат тој проблем, тимот развил две техники за промена на вкусот на растението, користејќи ензими за да се засилат горчината и слаткоста.
Ензимскиот третман претставува едноставен и чист метод кој бара минимална обработка, за разлика од други постапки што вклучуваат агресивни хемикалии, како што е хлороводородната киселина, со цел подобрување на вкусот.
Со подобрување на ароматичниот профил на рогачот, истражувачите веруваат дека би можеле да ги охрабрат производителите на слатки да го користат рогачот во производи кои вообичаено бараат какао, како што се чоколадни табли, слатки напитоци и други производи на база на какао.
Доколку овие методи се применат во голем обем, тие би можеле „значително да ја намалат“ зависноста на чоколадната индустрија од какаото, правејќи ги синџирите на снабдување поотпорни на климатските промени и на појавата на болести кај посевите.
„Нашето истражување не е само обид да се репродуцира вкусот на какаото, туку и да се направи разновидност на состојките што ги користиме за создавање чоколадни алтернативи“, вели Манфред Ку, главен автор на научниот труд.
„Насочувањето кон издржливи, климатски отпорни култури како рогачот може да ѝ помогне на индустријата да се прилагоди на еколошките предизвици, а на потрошувачите да им понуди производ во кој ќе уживаат“, заклучува научникот.
Фото: pexels
Забава
Тие знаат што сакаш: хороскопските мајстори за подароци
Некои луѓе во божиќното дарување вложуваат посебно внимание и труд, а според астрологијата, одредени хороскопски знаци особено се издвојуваат по тоа што даваат одлични подароци – не затоа што се скапи, туку затоа што се внимателно избрани.
Лав – подарува со ентузијазам и сака да остави силен впечаток. За него подарокот е искуство, а не само предмет.
Девица – избира практични и корисни подароци, внимателно слуша и памети што му треба на другиот.
Рак – подарува од срце, со емотивни и персонализирани подароци кои имаат симболично значење.
Бик – се води од квалитет и естетика, подарува убави, трајни и пријатни работи што долго се паметат.
Овие знаци, според хороскопот, најдобро ги разбираат желбите на другите кога станува збор за божиќни подароци.
Фото: pexels
Забава
(Видео) Златан Ибрахимовиќ на плажа во Дубаи покажа што сè умее со топката
Легендарниот Златан Ибрахимовиќ објави видео од плажа во Дубаи на кое изведува фристајл трикови со топка.
Иако ја заврши кариерата, Ибрахимовиќ уште еднаш покажа дека е во врвна форма.
View this post on Instagram

