Забава
Ќерката на Бијонсе освои награда за песната што ја напиша за својата мајка
Блу Ајви Картер (7), ќерка на пејачката Бијонсе (38) и Џеј Зи (49), ја освои својата прва награда Soul Train, за време на доделувањето на наградите во Лас Вегас, пренесува „Дејли мејл“.
Таа ја освои наградата за песната што ја напиша за својата мајка, „Brown Skin Girl“, која им ја посвети на жените со потемна кожа. Песната победи пет ривали, а корисниците на „Твитер“ ѝ честитаа на младата дама за освојувањето на наградата, која ја сподели со мама и тато.
„Седумгодишното девојче навистина успеа“ е еден од коментарите.
Бијонсе и Џеј Зи се родители и на двегодишните близнаци Сер и Руми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Интернетот полуде по нејзиниот фустан: Но – зошто?
Кејт Хадсон неодамна присуствуваше на доделувањето на Costume Designers Guild наградите во Лос Анџелес. Наградите ги доделува Здружението на костимографи на филмски и ТВ продукции за годината.
На доделувањето на наградите оваа година присуствуваа бројни познати личности од различни области на уметноста, а меѓу оние кои привлекоа најголемо внимание беше и актерката Кејт Хадсон.
За оваа пригода, таа одлучи да носи лаванда фустан од Валентино. Креацијата на прерамки е изработена од сатен и совршено ја следи женската фигура. Се одликува со дискретно деколте и отворен грб што го нагласува женското тело.
Додаде дијамантски чокер од брендот BVLGARI, кој совршено го надополни овој аутфит, кој многу потсетува на стариот холивудски гламур.
Косата ја стилизираше на наједноставен начин – ја пушти слободно да паѓа по рамената, а кога станува збор за шминка, се одлучи за едноставни, земјени тонови.
Насмевката на лицето на Кејт беше исто така забележлива, која ја покажуваше цело време за време на фотосесијата на црвениот тепих.
Забава
(Фото) Македонски шмек на синоќешниот All Star натпревар – Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски
Викендов во Лос Анџелес се одржа најголемиот кошаркарски настан во годината, натпреварот на најдобрите кошаркари од NBA лигата, познат како NBA All Star Weekend.
А на All Star натпреварот, еден од најдобрите NBA кошаркари во моментов, Џејлен Браун од Boston Celtics, носеше патики дизајнирани од нашиот Сатја Грабулоски и неговото SWithADot студио.

Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги даде насоките за уникатните патики што ги носеше.
Браун ги носеше овие патики и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап на All Star викендот.

За патиките кои ги изработи за кошаркарот и комуникацијата со него, Грабулоски вели:
„Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многу луѓе не знаат, но Џејлен, меѓу другото е и предавач на Универзитетот MIT, па неговата љубов кон бројките и космосот се пресликани во еден пар патики кој ноќеска ги носеше на NBA All Star Weekend. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје“.

Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во NBA. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.
Забава
(Видео) Што е реформер пилатес и зошто е толку популарен?
Овој метод на вежбање стана исклучително популарен бидејќи не само што ги зајакнува мускулите и ја подобрува флексибилноста, туку помага и во одржувањето на правилно држење на телото и стабилноста на телото.
Сè поголем број жени се одлучуваат за реформер пилатес, поради неговите бројни придобивки за телото и здравјето. Реформер пилатес е напреден метод на пилатес кој се изведува со помош на специјализиран уред наречен реформер.
За разлика од класичниот пилатес, овој користи лизгачка платформа, пружини со различен отпор и рачки за вежбите да се изведуваат попрецизно и со контролиран отпор.
Овој метод е идеален за рехабилитација бидејќи овозможува безбедно зајакнување на мускулите без прекумерен стрес врз зглобовите. Отпорот може да се прилагоди на индивидуалните потреби, што го прави реформер пилатесот погоден за луѓе кои се опоравуваат од повреди или операции.
Покрај рехабилитацијата, реформер пилатес е одличен за спортисти и за секој што сака да развие сила, рамнотежа и стабилност на телото. Контролираните движења го намалуваат ризикот од повреда, а воедно ги активираат главните мускулни групи на безбеден начин.

Предности на Реформер пилатес и зошто е толку популарен
Погоден за сите возрасти и нивоа на физичка подготвеност
Реформер пилатес може да се прилагоди и за почетници и за напредни вежбачи. Отпорот на пружините овозможува вежбите да се изведуваат нежно или поинтензивно, што го прави универзален метод.
Безбеден за зглобовите и идеален за рехабилитација
Поради контролата на движењето и прилагодливиот отпор, Реформер пилатес ги зајакнува мускулите без преоптоварување на зглобовите. Затоа често го препорачуваат физиотерапевтите и тренерите за закрепнување по повреди или операции.
@pilatesbyalice__ Get the f*** up, were going to PILATES 😜🤍😂 @Reform by Mia #pilates #pilatesworkout #reformerpilates #reformer #reformerinstructor ♬ LET'S GO – Jaden Bojsen & Sami Brielle
Ги зајакнува мускулите на јадрото и го подобрува држењето на телото
Фокусирањето на стомачните мускули, долниот дел од грбот, карлицата и колковите помага за стабилност на телото, подобра рамнотежа и правилно држење на телото.
Ја зголемува флексибилноста и подвижноста
Вежбите на реформер истовремено ги зајакнуваат и истегнуваат мускулите, што ја подобрува подвижноста на зглобовите и ја намалува вкочанетоста на телото.
Ефективни и видливи резултати
Прецизно водените движења ги активираат мускулите на подлабоко ниво, што резултира со побрзо и поефикасно зајакнување на телото во споредба со класичниот тренинг.

Популарност кај жените и спортистите
Многу жени и девојки го избираат реформер пилатесот бидејќи го обликува телото, го подобрува држењето на телото и флексибилноста, а во исто време е забавен и предизвикувачки тренинг.
Интензитетот на вежбите може да се прилагоди, што го прави погоден за почетници. Сите овие предности го прават реформер пилатесот одличен метод на вежбање за секој што сака безбедно, но ефикасно да го зајакне телото и да ја подобри физичката кондиција.

