Забава
Ќерката на Моника Белучи во нова серија на „Нетфликс“: глуми со своето момче

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел, Дева (21), на црвениот тепих се појави со своето момче, 24-годишниот италијански актер Саул Нани.
Младиот пар ја промовира серијата „Леопард“ на „Нетфликс“, во која и двајцата глумат, а штом се појавија пред камерите, го привлекоа целото внимание.
Младиот пар позира самоуверено, а корисниците на социјалните мрежи коментираа дека ги потсетуваат на мајката и таткото на Дева во нивните млади денови.
View this post on Instagram
„Пред две години поминавме шест месеци оживувајќи го ‘Леопард’ не само како приказна туку како љубовно писмо до оваа земја. Тоа ме научи повеќе отколку што очекував – за уметноста, за историјата и за неверојатните луѓе. Но, среде сето тоа, запознав некој што стана мое сидро на ова патување…“, напиша Дева претходно покрај фотографиите од неа и Саул на сетот.
Врската ја потврдија во 2023 година.
View this post on Instagram
Дева Касел веќе полека го освојува модниот свет. Таа неодамна прошета на пистата за престижниот бренд „Долче и Габана“ на Модната недела во Милано. Во светот на манекенството влезе на 15 години, а неколкупати ги красеше насловните страници на познатите списанија. Таа е едно од лицата на модната куќа D&G и веќе има носено неколку нивни ревии во Милано и Париз. Таа оваа година сними и реклама за овој бренд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Харви Вајнштајн низ солзи зборуваше за обвинувањата на Гвинет Палтроу

Кон средината на април започна ново судење за озлогласениот продуцент Харви Вајнштајн, кој е обвинет за силување.
Toj моментално отслужува казна на островот Рајкерс, каде што се осврна на обвинувањата на актерката Гвинет Палтроу дека сексуално ја нападнал.
„Дефинитивно флертував со неа“, рече тој, инсистирајќи дека обвинувањата за злоупотреба се лажни.
„Сè е измислено. Дури и не ја допрев“, додаде Вајнштајн. За време на интервјуто со политичкиот коментатор Кендинс Овенс, продуцентот се расплака, велејќи дека обвинувањата го „скршиле“.
Палтроу претходно тврдеше дека Вајнштајн ја злоставувал во неговата хотелска соба во 1996 година.
„Беше чудно. Бев сама во собата со него. Тој целосно ме шокираше“, рече актерката.
Според нејзините тврдења, Вајнштајн ѝ пришол облечен само во бањарка и ја прашал дали може да ја масира или дали може да го гледа додека се тушира.
Во април, американските медиуми објавија дека Вајнштајн боледува од хронична миелоидна леукемија, или рак на коскената срцевина. На почетокот на декември минатата година, тој заврши во болница поради „алармантни резултати од крвните тестови“, како што тогаш изјави неговиот адвокат Имран Ансари.
Кон крајот на минатата година, Вајнштајн поднесе тужба против градот Њујорк, обвинувајќи ги властите за небрежност и необезбедување соодветна медицинска нега. Неговите адвокати тврдат дека затворскиот објект не успева да обезбеди соодветна грижа за неговото влошено здравје, а особено го истакнаа студот и недостатокот на чиста облека.
Забава
(Видео) Дензел Вашингтон ги загуби нервите на црвениот тепих во Кан, се расправаше со фотографот

Добитникот на Оскар, Дензел Вашингтон се најде во центарот на вниманието поради расправијата со фотограф на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Дензел дојде на фестивалот за премиерата на неговиот нов филм Highest 2 Lowest.
Дензел (70) разговараше со колегата од бендот кога фотографите ги повикаа. Според очевидци, фотографот сакал да го привлече вниманието на Дензел и го фатил за рака. Ова го направи Дензел нервозен. Актерот се свртел кон фотографот и го предупредил да престане.
Denzel had to get somebody together at Cannes 👀 pic.twitter.com/bKmMYPucap
— chris evans (@notcapnamerica) May 19, 2025
Фотографот, како што се гледа на видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, се смешкаше и повторно посегна по раката на актерот, но Дензел наеднаш му ја тргна раката и повтори: „Застани“. Тој беше видно вознемирен.
Забава
(Видео) Кејти Пери го прекина настапот и му се обрати на обожавател: „Тргни се од мојот сопруг“

Кејти Пери остави еден обожавател без зборови среде концертот, со прилично неочекувана забелешка. На нејзината светска турнеја „Лајфтајмс“, која ќе вклучува 84 концерти, таа беше во одлично расположение, а за време на настапот во Невада, реши да се пошегува – на средина од песна.
За време на изведбата на нејзиниот сингл од 2024 година „I’m His, He’s Mine“, Кејти, облечена во трико и мрежести чорапи, отиде до работ на сцената и застана.
In my homewrecker era @katyperry 😤 https://t.co/WowsaAFHS3 pic.twitter.com/74WnszK3Aw
— kyle (@SomeonesNewMuse) May 19, 2025
Таа виде обожавател како пишува на мобилниот телефон и му се обрати директно со многу јасна порака. „Знам зошто си тука“, рече таа со насмевка и театарска сериозност. „Слушај… Ако продолжиш да му пишуваш пораки на мојот сопруг… Го правиш ова со месеци, откако настапувам овде. Не дојде поради мене“, додаде таа.
„Ако продолжиш да му пишуваш на мојот сопруг, ќе те избркаме. Сериозно, најди свој живот“, продолжи таа, а потоа го повтори насловот на нејзината песна: „Тој не те сака, Кајл. Јас сум негова жена. Јас сум негова, тој е мој… Тргни се, сериозно.“
Кајл ја сподели снимката на Икс, а подоцна објасни дека сè започнало затоа што сакал Кејти да отпее една од неговите стари песни што ги обожава, поради што се обратил до нејзиниот сопруг Орландо за помош.