Забава
Ќе постигнат сè што ќе замислат: од 12 април почнува период на луда среќа за три хороскопски знаци

Полната месечина во Вага на 12-ти април најавува моќна енергетска промена која ќе донесе големи промени за многумина.
Нејзината енергија го осветлува она што досега беше скриено, ни помага да донесеме важни одлуки и да го ослободиме она што не кочи. Овие 3 хороскопски знаци ќе процветаат во наредниот период.
Вага
Како домаќин на полната Месечина, Вагата ќе блесне во својот полн сјај. Ги очекуваат емотивни пресврти, особено во љубовниот живот – можно е обновување на стара врска или влегување во нова, длабока и хармонична љубовна приказна.
На деловен план ќе има признанија и пофалби, а финансиската состојба значително ќе се подобри. Вагите ќе чувствуваат внатрешна рамнотежа и ентузијазам, што ќе ги мотивира на храбри потези кои многукратно ќе се исплатат.
Лав
Полната месечина во Вага им носи големо олеснување и бран на среќа на Лавовите, особено на полето на кариерата. Сега доаѓаат во вистинско време долгоочекуваните промени – можни се понуди за вашата работа од соништата, унапредување или успешно завршување на некој важен проект.
Љубовниот живот станува повозбудлив, а Лавовите ќе зрачат со харизма која привлекува внимание. Финансиите се стабилизираат, а некои Лавови може дури и неочекувано да направат голема парична добивка.
Риби
За Рибите, оваа полна месечина носи емотивна трансформација и можности конечно да најдат мир и сигурност. На љубовен план има подлабока поврзаност со партнерот или средба со личност која им го менува животот.
Кариерата оди во нов правец – можно е да се отвори можност по која копнееле, но не се осмелиле да ја следат. Нивната интуиција е исклучително силна, а со неа доаѓа и финансиската среќа – време е да бидат наградени за сè што трпеливо чекале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харли го покажа секој дел од своето тело во бикини: „Невозможно е да има 59 години“

Британската актерка и модел Елизабет Харли (59), која на прагот од седмата деценија воодушевува со својот младешки изглед и совршена фигура, објави нови фотографии во костими за капење од својата најнова колекција и успеа повторно да ги воодушеви своите следбеници и навистина да им го одземе здивот.
Два модели костими за капење во кои гордо ја покажа својата витка линија совршено ги истакнаа сите нејзини атрибути и навистина е тешко да се поверува дека оваа жена наскоро полни 60 години.
Пред неколку месеци, таа ја освои титулата за најубава жена на светот, а сега слободно може да се каже дека го заслужува тоа – дефинитивно е меѓу најубавите и најсексипилните познати жени, пренесуваат светските агенции.
Додека во првата објава, Елизабет позира со пријателка и промовира два модели на костими за капење, во иста боја, во видеото кое штотуку стигна до нејзините фанови, таа покажа совршена фигура од сите агли.
Таа уживаше на песок, под палма, на сонце, море и слобода, и успеа повторно да ги шармира своите обожаватели со линијата на девојка.
Забава
Меган е виновна: принцот Хари целосно го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација

Принцот Хари го изгуби интересот за работата на хуманитарната организација „Сентебале“ откако се ожени со војвотката Меган Маркл и се пресели во САД, изјави Коабане Теко.
„Сентебале“, основан во 2006 година во чест на принцезата Дајана, се соочува со криза по низата обвинувања за вознемирување и „женомраза“ упатени од претседателката на управниот одбор, Софи Чандаука, пишува британски „Телеграф“.
Принцот Хари и принцот Сеисо се повлекоа од организацијата минатиот месец, заедно со други членови на одборот. Теко го изрази своето разочарување што војводата и војвотката од Сасекс, и покрај честите посети на Африка, не го посетија Лесото, ниту, како што тврди, одржуваа контакт со заедницата.
„Неговото губење на интересот го уби духот на „Сентебале““, изјави Теко за „Телеграф“, истакнувајќи дека бил изненаден од повлекувањето на Хари од организацијата.
Комисијата за добротворни организации на Велика Британија започна истрага за работата на „Сентебале“.
Според организацијата, „Сентебале“ е посветена на работа со млади луѓе во Лесото и Боцвана, обезбедувајќи поддршка во областите на здравство, социјална еднаквост и отпорност на климатските промени.
Забава
Бен Афлек проговори за Џеј Ло: „Таа е спектакуларна, многу ја почитувам“

Актерот Бен Афлек одлучи да го прекине молкот и да стави крај на гласините дека тој и поранешната сопруга Џенифер Лопез повеќе не се во добри односи.
На црвениот тепих на премиерата на „Д Акаунтант 2“, познатиот актер имаше само добри зборови за Лопез, нагласувајќи дека меѓу нив нема непријателство.
„Џенифер Лопез е спектакуларна. Таа е одлична со моите деца, имаме одличен однос“, изјави Афлек за „Ентертејнмент тунајт“ и додаде: „Ги сакам нејзините деца. Тие се прекрасни. Таа е неверојатно важна и искрена личност која навистина ја ценам и сум благодарен”.
Тој додаде дека на премиерата со него биле 17-годишните близнаци Макс и Еме, кои Џеј Ло ги има од претходната врска со Марк Ентони. За време на премиерата се дружеа со децата на Афлек од бракот со Џенифер Гарнер – Виолета (19), Серафина (16) и Семјуел (13).
„Одлична вечер. Моите деца се тука, децата на Џенифер се тука. Горд сум на филмот, сакам кога доаѓаат сите деца. За мене е навистина возбудливо и забавно“, рекол актерот.
Афлек и Лопез официјално се разведоа пред четири месеци, а според извори и двајцата се справуваат со емотивните предизвици на крајот на нивниот брак, фокусирајќи се на работата.
„И двајцата се тажни што бракот не успеа“, изјави извор за „Дејли мејл“.
„Но, наместо да тагуваат, тие се фрлија на работа. И двајцата сакаат повеќе успех, повеќе хитови, повеќе награди“, додаде.