Забава
Џастин Бибер ги вознемири фановите со нови фотографии: „Тоа не е Хејли, отворете ги очите“

Пејачот Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Бибер не се видени заедно долго време и се шпекулира дека не се во добри односи, а неговата нова објава дополнително ги разгоре овие сомнежи, барем кај некои обожаватели, кои се прашуваат која е жената со која е фотографиран.
Покрај фотографијата направена за време на прекрасно зајдисонце, Џастин прегрнува жена и ја опишува објавата со зборовите: „Моја секогаш и засекогаш“.
Иако многумина тврдат дека станува збор за Хејли, некои веруваат дека станува збор за непозната жена.
View this post on Instagram
Со оглед на тоа што фотографиите се доста заматени, лицето на жената на фотографијата не е јасно видливо, што им остави простор на фановите на Џастин за сомнеж, а тој доби коментари: „Таа не личи на Хејли“, „Која е девојката на фотографијата?“, „Тоа не е Хејли“, „Дефинитивно, не е Хејли, отворете ги очите“…
Сепак, повеќето веруваат дека фотографиите се навистина од Џастин Бибер и неговата прекрасна сопруга Хејли, иако таа не беше означена во објавата ниту, пак, ги објави фотографиите на својот инстаграм-профил. Бибер го означи својот бренд, но тоа е сè…
Додека некои се скептични, други, кои сè уште се мнозинство, се согласуваат дека е убаво да ги видиме повторно заедно по долго време.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.