Забава
Џастин Бибер сподели фотографија на сопругата Хејли во шорцови
Никогаш не му претставува проблем да им ја покаже сопругата на своите 127 милиони следбеници на „Инстаграм“.
Тинејџерскиот идол Џастин Бибер на „Инстаграм“ сподели лежерна фотографија, на која сопругата, манекенката Хејли Болдвин Бибер, е сликана во еднобојна комбинација од куси црни панталони и црн блејзер.
Русокосата убавица изгледот го дополни со тиркизни сандали и мала чанта преку рамото.
„Го сакам овој изглед, беби“, напиша Џастин на фотографијата.
Поп-ѕвездата во последните неколку недели го промовира својот нов студиски албум Changes („Промени“), прв по пауза од пет години. Албумот излезе на Денот на вљубените.
Таблоидите коментираат дека секоја песна од албумот е за неговата сопруга.

Без многу претерување, г-ѓа Бибер неделава во објава на „Инстаграм“ го пофали последното достигнување на својот сопруг.
„Не би можела да бидам посреќна што луѓето, конечно, може да го слушнат овој албум… не би можела да бидам погорда на тебе, повљубена во тебе. Честитки за неверојатниот и прекрасен беби-албум. #CHANGES“, напиша таа на својата објава на „Инстаграм“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Со нив нема „само уште 5 минути“: хороскопски знаци што мразат доцнење
Постојат хороскопски знаци кои времето го сфаќаат многу сериозно. За нив доцнењето не е ситница, туку знак на неодговорност и непочитување.
Девица – исклучително организирана и точна. Доцнењето кај Девиците предизвикува фрустрација и ги тера да се прашаат колку сериозно можат да ве сфатат. Точноста за нив е основа на почитта.
Јарец – го цени времето како ресурс. Доцнењето го доживува како губење време и непрофесионалност. Не реагира бурно, но јасно покажува незадоволство и ретко заборава.
Овен – импулсивен и нетрпелив, не сака да чека. Очекува да бидете на време и доцнењето лесно го вади од такт, дури и ако тоа не го каже директно.
Забава
Започнува тридневната „Новогодишна приказна“ во Кисела Вода
Вечерва почнува тридневната манифестација „Новогодишна приказна“ во паркот „Шопен“, во близина на ООУ „Невена Георгиева Дуња“, во Кисела Вода.
Од 19:00 часот ќе настапи Ди Џеј Марио со труба, а од 21:30 часот следи музичкиот проект Пауза за ракија на Игор Димовски. Водител на настанот е Миро Кацаров.
Паркот е празнично уреден и збогатен со новогодишни куќарки со топли напитоци и празнична храна, а организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат и да уживаат во предновогодишната атмосфера.
Настанот е отворен за јавноста.
Забава
Славен како дете, осамен како тинејџер: приказната на Меколи Калкин
Меколи Калкин откри дека на врвот на славата, како тинејџер, направил пауза од глумата бидејќи сакал да има што е можно понормално детство.
По огромниот успех на филмот Сам дома и неговото продолжение, како и улогата во Ричи Рич (1994), Калкин решил да се повлече затоа што се чувствувал изолирано и сакал да се дружи со врсниците, да излегува и да живее типичен тинејџерски живот.
Во интервју за емисијата Mythical Kitchen, тој објасни дека најчесто работел сам и ја спореди својата состојба со ликот на Том Хенкс во Cast Away. Калкин нагласи дека славата не ја барал свесно, туку „едноставно му се случила“.
По паузата што ја започнал на 14 години, тој се вратил на глумата во 2003 година со филмот Party Monster. Денес внимателно ги бира улогите и почесто работи на анимирани проекти. Во приватниот живот, со сопругата Бренда Сонг одгледува два сина.
depositphotos

