Забава
Џенифер Гарнер за малку ќе ја запалела кујната додека готвела
Џенифер Гарнер ја продолжи божикната традиција на правење говедски бургињон по рецептот на Ина Гартен, но призна дека работите малку излегле од контрола и таа за влакно избегнала катастрофа.
49-годишната актерка сподели видео на Инстаграм од пожарот и напиша: „Една работа во врска со традициите – сè што правите за да им дадете значење е да ги задржите. Не знам кога почнав да го правам говедскиот бургињон на @inagarten за Божиќ, одамна мирисот на оваа совршен гулаш ме прави да се чувствувам среќно, удобно и опуштено додека речиси не ја запалив кујната.“
„Ина тоа никогаш не би го направила!“ се пошегува таа.
„Можеби ова ќе има смисла за вашата новогодишна ноќ, но каде и да ве однесе овој викенд – ви посакувам здрава, радосна и мирна Нова година.
Ина Гартен (73), авторка на книги за готвење, одговори на објавата на Џенифер и призна дека и таа го правела истото во минатото. „Тоа е мојот омилен! И секој пат речиси ќе ја запалив кујната! Среќна Нова година! Лавју“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Црно-белата фотографија од Кејт Мидлтон и принцот Вилијам растажи многумина
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го обележаа Денот на вљубените со заедничка фотографија на Инстаграм. Авторот е Џош Шајнер, фотограф кој исто така ја направи нивната божиќна честитка за 2025 година.
„Среќен Ден на вљубените“, накратко гласи описот на оваа објава на Инстаграм.
Фотографијата предизвика лавина од коментари, а имаше и такви кои пролеаја солзи радосници затоа што „Кејт е повторно истата стара личност“.
„Среќен Ден на вљубените на најубавиот кралски пар“, „Овие двајца, нивната љубов и нивното семејство, се навистина најубави. Бог да ве благослови“, „Многу ни е мило што ве гледаме повторно, Кејт“, се само дел од коментарите…
И, навистина, кралскиот пар, по сите проблеми, конечно изгледа среќно и мирно, особено Кејт Мидлтон, која го преживеа ракот.
Кејт јавно објави во март 2024 година дека ѝ е дијагностициран рак и дека започнува превентивна хемотерапија. Во септември истата година, таа објави дека го завршила третманот и дека нема знаци на болест.
Забава
(Видео) На 81 година, Мајкл Даглас вози санки по Арктикот и спие во хотел од мраз
Мајкл Даглас (81) објави видео од Арктикот, каде што вози моторни санки и престојува во хотел изграден целосно од мраз. Ова патување доаѓа откако неодамна го посетил и Антарктикот. Во снимката, тој ги опишува мразот, излегувањето на сонцето околу 10 часот и мракот кој паѓа веќе во 14 часот. Посетил и леден хотел со уметнички скулптури во собите.
Покрај патувањето, Даглас најави и објавување на свои мемоари, каде што ќе зборува отворено за својот живот, семејството и искуствата надвор од славата.
View this post on Instagram
Забава
Каков прв состанок сака секој хороскопски знак
Некои сонуваат за вечера со свеќи, други би побегнале на патување, а трети најмногу се вљубуваат додека се забавуваат на исто место во исто време. Идеалниот состанок не изгледа исто за секого – бидејќи ниту романтиката не е универзална. Каков состанок одговара на секој хороскопски знак, открива „Индекс“.
♈ Овен
Најлошо му е кога е сè пребавно и „премногу тивко“. Идеалниот состанок започнува спонтано: краток пијалок, па некаква активност – билијард, картинг, пикадо, видео игри – што било каде што нешто се случува и каде што може да се натпреварува (па макар и на шега).
♉ Бик
За него романтиката е во уживањето. Вечера во проверен добар ресторан, десертот не се прескокнува, па мирна прошетка – тоа е неговиот јазик на љубов.
♊ Близнаци
Не поднесуваат состаноци кои изгледаат како долга пауза. Им треба динамика: кафе, па изложба или паб квиз, па „ајде уште тука“ – идеално кога вечерта има неколку станици, а разговорот секогаш оди во нов правец.
♋ Рак
Бара чувство на сигурност и топлина. Пријатно бистро, домашна вечера или филмска вечер, со акцент на „ние“ – без врева, без глумење, со разговор што останува во срцето.
♌ Лав
Сака сè да изгледа како настан. Коктели на убаво место, добра светлина, малку гламур и чувство дека вечерта е посебна – дури и ако трае само неколку часа.
♍ Девица
Не поднесува хаос, но го вреднува трудот. Идеалниот состанок е организиран и смислен: кафе, па прошетка или мал излет – деталите се важни, но на тивок, прецизен начин.
♎ Вага
Ја сака естетиката и атмосферата. Вино, убава околина, галерија или некој културен настан, па вечера на место каде што не мора да се викаш за да се слушнеш – сè треба да биде „по мерка“.
♏ Шкорпија
Не се пали на генерички сценарија: сака нешто интимно, малку мрачно, со доза на напнатост. Добар бар, музика, долг разговор и чувство дека „нешто се случува“, и без многу зборови.
♐ Стрелец
Најсреќен е кога состанокот е мини авантура. Роуд трип до блиско место, улична храна, нешто ново и смешно, план кој се менува во движење – за него романтиката е во слободата.
♑ Јарец
Вреднува квалитет без драма. Сериозна, добра вечера, добро вино и разговор со смисла. Без потреба од спектакл, но мора да се почувствува почит и намера.
♒ Водолија
Бега од клишеа. Идеалниот состанок е неконвенционален: стендап, паб квиз, алтернативен концерт или нешто сосема случајно – што подоцна ќе стане добра приказна.
♓ Риби
Најнежни од сите. Прошетка покрај вода, топло вино или чоколадо, мирна атмосфера и романтика што повеќе се чувствува отколку што се планира.

