Забава
Џенифер Гарнер испратила селфи на погрешен број

Холивудската актерка Џенифер Гарнер, поранешна сопруга на Бен Афлек, останала со зацрвенето лице откако испратила селфи на погрешен број.
49-годишната Џенифер се обиде да му испрати фотографија на Карл Ламбли, нејзиниот поранешен колега од ТВ-серијата „Алијас“, за да одбележи 20 години од емитувањето на првата епизода, но остана засрамена кога фотографијата отиде кај непознат.
Таа напиша на Инстаграм: „Знаеш кога ќе направиш селфи за да докажеш некому дека ти си тоа? И добивате порака ‘погрешен број’ веднаш откако таа фотографија излегла надвор во светот? Па, понижувачки, нели. ”
Во меѓувреме, Џенифер претходно откри дека начинот како се справувала со пандемијата докажува дека е цврста, ја сфаќала својата сила и можела да се прилагоди и да се справи со промените. „Добро ми е кога сме само јас и децата во куќата. Заедно создаваме авантури кога ги нема.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун го краси црвениот тепих на годишната гала на Клајв Дејвис

Шерон Стоун ги привлече сите погледи на себе кога пристигна на годишната гала на Клајв Дејвис, која традиционално се одржува во Лос Анџелес еден ден пред доделувањето на „Греми“ наградите.
64-годишната актерка од „Ниски страсти“ изгледа модерно и елегантно во розов костим украсен со тул на саботниот настан што ги собра ѕвездите на Холивуд.
Цртите на лицето, кои видно ѝ пркосат на годините, ги истакна со блескава палета на шминка.
Изгледот го комплетира со раскошен сребрен ѓердан, а таблоидите коментираат дека зрачи со самодоверба додека позира пред камерите.
Забавата позната како Pre-Grammy Gala е меѓу последните настани што се одржуваат во текот на неделата на „Греми“, а која кулминира со најголемата вечер во музиката.
65. доделување на „Греми“ наградите се одржи синоќа во Крипто Арената во Лос Анџелес.
Забава
(Видео) Антонио Бандерас открива дека неговиот лик во „Индијана Џонс 5“ е сојузник

Мачорот во чизми на Антонио Бандерас ги натера гледачите да молат за милост, но неговиот лик во „Индијана Џонс и бројчаник на судбината“ не е само со остри заби и канџи.
Во интервју за „Инсајд тотал филм“, Бандерас открива дека неговиот лик игра многу мала улога и е пријател на славниот Индијана Џонс кого го глуми Харисон Форд, еден и единствен, како што го нарече.
Бандерас говореше и за своето искуство со работа со Форд, негова икона уште од детството, и за возбудата што еден ден ќе го сподели филмот со своите внуци.
„Беше прекрасно само да бидеш блиску до него. Некои денешни интервјуери ми велат: О, боже, имав седум години кога излезе ‘Шрек 2’, а сега имам 27 години и ве интервјуирам и од тогаш ги гледам вашите филмови“.
„Истата работа ми се случи со Харисон. Се сеќавам на првиот пат кога го гледав ‘Индијана Џонс’ и откачив“, рече актерот. „Самото тоа што сум таму. Самото тоа што моето име е поврзано со Индијана Џонс е нешто големо. Ако мојата ќерка некогаш добие бебе, можам да ѝ кажам: еј, дедо направи филм со Индијана Џонс“.
Во режија на Џејмс Менголд, петтото продолжение со оригинален наслов Indiana Jones and the Dial of Destiny прикажува како Форд се враќа во својата легендарна улога на археолог авантурист и се бори со своите стари непријатели, нацистите.
Филмот треба да пристигне во кината на 30 јуни 2023 година и, најверојатно, е големото збогување на Харисон Форд со познатиот авантурист археолог имајќи предвид дека актерот веќе наполни 80 години.
Забава
(Видео) „Греми“ 2023: Зад песната на годината се крие неверојатна приказна

Бони Рајт беше вчудоневидена кога освои „Греми“ за песна на годината на соноќешната церемонија во Лос Анџелес, еден од најголемите настани во музичката индустрија.
73-годишната пејачка и текстописец се закити со една од главните награди. Нејзината песна Just Like That беше прогласена за песна на годината.
Џил Бајден ѝ ја врачи наградата, а Бони не можеше да поверува дека е победничка во оваа престижна категорија. „О, боже. Многу сум изненадена. Не знам што да кажам. Ова е нереален момент”, рече Бони. Таа ѝ се заблагодари на Академијата што ја цени уметноста на пишување песни и што ѝ оддаде почест.
„Не пишувам многу песни, но толку сум горда што ја цените оваа“, додаде таа. „Песна на годината е прилично важна работа. Ова е голема работа за мене и многу сум горда.“
Медиумите потсетуваат на неверојатната приказна зад Just Like That, која беше објавенa во април 2022 година. Се појави на истоимениот албум, кој се искачи на 44-то место на Билборд Топ-200.
Песната ja напиша Бони, која откри дека била инспирирана од приказната за една жена која срцето на својот починат син му го дала на друго дете. Бони ја посвети песната на својот пријател и колега Џон Прајн, кој почина во 2020 година по борбата со коронавирусот.
„За оваа песна ме инспирираше неверојатна приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој кој ги донира органите на својата сакана личност за да помогне на друга личност да преживее“, изјави Рајт. „Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња. И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа колку го сакав и сите го сакавме Џон Прајн, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна“, додаде таа.