Контакт

Забава

Џенифер Гарнер и Бен Афлек купуваат новогодишната елка заедно со децата

Објавено пред

Тие беа видени во напната сцена во јавност минатиот петок. Но, на 14-тиот роденден на нивната ќерка Вајолет, Бен Афлек и Џенифер Гарнер, вчера се вратија во соживот и повторно беа семејство.

Поранешниот брачен пар со трите деца заедно купуваа новогодишна елка во Лос Анџелес.

Но и покрај убавата прошетка, и Бен и Џенифер изгледаа мрачно додека шетаа заедно со своите деца, и мајката на Бен, Кристин Ен Болдт.

Покрај славеницата Вајолет, заедно со поранешната двојка беа видени и 10-годишната Серафина и седумгодишниот Семуел.

Минатиот петок, на Денот на благодарноста кој што го поминаа заедно,  поранешните сопружници имаа жестока расправија пред домот на Џенифер. Потоа папараците ја забележаа кога го возеше својот поранешен сопруг во неговиот Ренџ Ровер до хотел во близина на Санта Барбара.

Џенифер и Бен се венчаа во 2005 година, се разделија во 2015 година, а разводот траеше толку долго што имаше гласини дека повторно ќе бидат заедно.

Бен, кој е зависник на алкохол, беше на рехабилитација повеќе пати, последен пат во втората половина на минатата година, наводно, на инсистирање на Џенифер.

Наука

(Видео) За прв пат снимено поврзување и раздвојување на атоми

Објавено пред

Научници успеаја за прв пат во историјата да снимат видео со поврзување и раздвојување на атоми, процес што се одвива на скала што е 500.000 пати помала од дијаметарот на човечко влакно.

Користејќи напредни микроскопски методи, физичарите и хемичарите од универзитетот Улм во Германија и универзитетот Нотингем во Велика Британија беа во можност да го регистрираат поврзувањето, а потоа и раздвојувањето на два атома со големина помеѓу 0,1 и 0,3 нанометри, пренесе „Скај њуз“.

За да го постигнат ова, тие користеле посебен микроскоп преку кој со високоенергетски тенок сноп од електрони може да се набљудуваат многу тенки примероци.

„Заробивме неколку атоми на рениум (Re) кои се здружија и формираа Re2. Бидејќи раниумот има висок атомски број, поедноставно беше да го видиме со нашиот микроскоп за разлика од некои полесни елементи, па секој атом од овој метал можевме да го регистрираме како темна точка”, објасни хемичарот Андреј Хлобјостов од Универзитетот во Нотингем.

Рениумот е инаку еден од најретките елементи во природата. Станува збор за многу цврст метал со сребрено-бела боја, кој има голема густина и висока точка на топење. Неговиот атомски број е 75.

Во видеото, може да се види како двата атома на рениумот се спојуваат еден со друг, а потоа се движат и вибрираат, пред да се разделат и да ја прекинат врската.

Прикажи повеќе...

Забава

Анџелина му се налути на Бред, но не поради Џенифер, туку поради неговата изјава

Објавено пред

Медиумите не престануваат да пишуваат за Џенифер Анистон (50) и нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (56 ) кога холивудскиот заводник ја гледаше заљубено за време на нејзиниот говор на доделувањето на САГ-наградите и кога двајцата се поздравија на црвениот килим, а Бред не сакаше да ја пушти нејзината рака.

Сите настани што се случуваа последниве денови наводно не ѝ се допаднале на Анџелина Џоли (44).

Близок пријател на холивудската актерка тврди дека Џоли не се лути поради сцената со Анистон, туку поради изјавата на Бред која ги насмеала сите во публиката, а која се однесувала на нивниот брак.

„Ова беше многу тешка улога за мене. Морав да играм тип што дува, шета без маица и не се сложува со својата сопруга. Целосна спротивност од мене“, изјавил Бред иронично додека ја примал наградата за улогата во филмот „Беше еднаш во Холивуд“ и, наводно, многу ја налутил Џоли.

Анџелина не сака нивната поранешна врска да се развлекува по медиумите и да стане предмет на шега, тврди пријателот на Анџелина.

„Таа е навистина разочарана, но не поради Џенифер, туку поради изјавата на Бред. Се чувствува како воопшто да не ја почитува“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Забава

Парис Хилтон ги покажа чивавата и холографскиот „бмв“

Објавено пред

Парис Хилтон знае како треба да се однесувате пред камерите.

А токму тоа го стори кога излезе од популарниот фризерски салон во Беверли Хилс во средата, со своето ново кученце во рацете.

Супербогатата медиумска личност и претприемач на себе имаше тантелен фустан во боја на лаванда, а домашното милениче го носеше како моден додаток.

Таа чекореше како по импровизирана модна писта на улица, а потоа влезе во својот нов холографски „бмв“  (BMW i8 Roadster).

Наследничката на познатиот синџир хотели „Хилтон“, елегантна како и секогаш, носеше чанта во боја на лаванда во десната рака и розова торба за домашни миленичиња во левата рака.

Но, се чини дека највпечатлив и највреден моден додаток беше нејзиното ново кутре чивава, кое го држеше блиску до градите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ2 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет3 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет4 часа

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија5 часа

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет5 часа

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија5 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион6 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет6 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија18 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија23 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија23 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ24 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија1 ден

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија1 ден

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија1 ден

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија1 ден

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет1 ден

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Досие