Забава
Џенифер Лопез позира гола додека ја претставува колекцијата за нега на телото „Џеј Ло“

Џенифер Лопез, која штотуку наполни 53 години, го лансира својот најнов проект со серија жешки фотографии.
Една недела по нејзината изненадувачка венчавка со Бен Афлек, Џенифер го прослави својот роденден на 24 јули и овој повод го искористи за лансирање на новата линија производи за нега на телото JLo, од сопствениот бренд „Џеј Ло бјути“ почнувајќи со балсамот за зацврстување на задникот. На една од неколкуте секси фотографии од кампањата Џенифер позира гола.
„Сета грижа и внимание ги посветуваме на кожата на нашето лице, но понекогаш го занемаруваме телото“, пишува во објавата на „Инстаграм“.
„Ми беше важно да создадам рутина за нега на кожата на телото со цел да одговори на неговите специфични и уникатни потреби и почнуваме со задникот!“
Џенифер продолжи: „Денес ми е роденден и тебе ти подарувам специјална капка од балсамот за зацврстување на задникот #JLoBody FIRM + FLAUNT Targeted Booty Balm. Оди на линкот JLoBeauty.com доколку сакаш да купиш видео за сериозно секси наука за твоите најубави делови од телото!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Среќен роденден, Роберт Де Ниро!

Роберт де Ниро денес полни 79 години. Еден од најголемите актери во историјата на Холивуд е активен повеќе од половина век. Иако е најпознат по мрачните ликови или филмовите за гангстери, тој глуми и во воени филмови, романтични комедии, па дури и во стрипови.
Де Ниро ја започна својата актерска кариера кон крајот на 1960-тите и е најпознат по неговата долгогодишна соработка со режисерoт Мартин Скорсезе.
По повод 79. роденден на оскаровецот, американските медиуми издвоија некои од култните реплики.
„Подобро да бидеш крал една ноќ, отколку глупак цел живот“. („Кралот на комедијата“ – 1983).
„Постојат три начини да се прават работите овде: на вистинскиот начин, на погрешниот начин и начинот на кој јас го правам тоа“. („Казино“ – 1995)
Медиумите издвоија и три интересни факти за холивудската легенда:
1. Посветениот актер му платил на својот стоматолог илјадници долари за да му ги уништи забите за улогата во „’Рт на стравот“, а подоцна платил за да ги поправи. 2. Неговата прва улога беше Кукавичкиот лав во сценската продукција на „Волшебникот од Оз“ кога имаше само 10 години. 3. Де Ниро и Марлон Брандо се единствените актери кои добиле „Оскар“ за портретирање на истиот замислен лик (младиот и стариот Дон Вито Корлеоне).
Забава
Принцот Чарлс за „Круната“: Јас не сум она што ме прикажуваат

Популарната серија на Нетфликс „The Crown“ (Круната) се прикажува веќе четири сезони, преку која принцот Чарлс (73) е претставен како многу повлечен, но и крајно несигурен наследник.
Принцот Чарлс не сакаше да зборува за серијата и го задржа своето мислење за неа за себе, но сега проговори. За време на престојот во Шкотска, кога пристигна на отворањето на Парламентот, принцот Чарлс го започна својот говор со шега.
„Здраво на сите, сакам да ви кажам дека не сум ни блиску до тоа како ме прикажаа на Нетфликс“ – рекол Чарлс, а со таа изјава веднаш го привлекол вниманието на толпата, пишува „Дејли Мејл“.
Шестата сезона од серијата моментално се снима, а петтата наскоро би требало да почне да се прикажува на малите екрани.
Во третата и четвртата сезона Чарлс го игра Џош О’Конор (32), а во следните сезони ќе го игра Доминик Вест (52).
Инаку, упатени извори тврдат дека голем дел од британското кралско семејство ја следи серијата која го прикажува нивниот живот и владеење.
Војвотката Камила (75) еднаш изјави дека е информирана за заплетот на серијата.
Серијата досега наиде на бројни позитивни реакции од филмската критика, а ја обожава и публиката.
Забава
Џоли го тужи ФБИ бидејќи не го обвиниле Пит за наводниот инцидент што доведе до нивни развод

Анџелија Џоли очајно се обидува да најде нешто ново во нејзината правна битка со поранешниот сопруг Бред Пит, откако наводно го тужела ФБИ за податоци што веќе ги имала, според извори блиски до Пит.
Неколку американски медиуми објавија дека актерката поднела тужба против Бирото во април – анонимно, како Џејн До – барајќи документи поврзани со истрагата за Пит, наводно во обид да открие зошто не била поднесена кривична пријава против него по авионскиот лет во 2016 година, кој ја наведе да поднесе барање за развод.
Извештајот, до кој дојде „Пејџ сикс“, сега е објавен и покажува дека помошникот обвинител на САД и помошникот началник на Кривичниот оддел разговарале за случајот во ноември 2017 година пред да биде донесена одлука да не се поднесе обвинение против Пит.
Во првичниот извештај на ФБИ, Џоли им кажала на официјалните лица дека Пит бил „луд“ кога се качиле на приватниот авион од Ница, Франција, до САД, со нивните шест деца.
Во анонимната тужба како ‘Џејн До’ таа прашува зошто ФБИ не го уапсила Бред Пит по наводната физичка расправија во приватен авион. Во тужбата се бара од ФБИ да ги предаде документите поврзани со истрагата за Пит (58), откако Џоли тврдеше дека тој „физички и вербално ги нападнал неа и нивните деца додека летале во приватен авион“.
Таа тврди дека во 2016 година Бред ја полил со пиво во тек на лет со приватен авион, ѝ го повредил лактот и се степал со синот Медокс“.
ФБИ го ослободи Пит од какво било незаконско постапување во инцидентот, кој наводно, се случил на лет со приватен авион, под јурисдикција на федералната влада.
Неколку дена подоцна, Џоли поднесе барање за развод од Пит и побара целосно старателство над нивните деца.
Според тужбата, Пит наводно ги ставил рацете на Џоли и ја полил со пиво, ја однел до задниот дел од авионот, ја фатил за рамениците и ја тресел додека викал: „Ти го е*еш ова семејство“. Пит, наводно, ги ставил рацете на најстариот син на двојката, Медокс, тогаш 15-годишен, при што Џоли тврдела дека го удрил – нешто што актерот целосно го негира.
Џоли наводно се пожалила на недостаток на транспарентност во врска со причината за затворање на истрагата на ФБИ.
Џоли ја изменила жалбата на 9 август.