Контакт

Забава

Џенифер Лоренс ќе глуми во комедијата No Hard Feelings

Објавено пред

„Сони“ ги стекна правата на нови проект со оригинален наслов No Hard Feelings („Нема лутење“) по жестока војна на наддавање, а медиумите дознаваат дека директорите на студиото полетале во Њујорк во обид да ја убедат Џенифер да ја прифати улогата.

dobivaj vesti na viber

Приказната е сместена во њујоршки Монтаук и наводно има слични тонови со Risky Business and Bad Teacher, бурна комедија од 2011 година со Том Круз и Камерон Дијаз во главните улоги.

Филмот ќе го режира Џин Ступницки, кој ја напиша и копродуцира „Канцеларија“ (Тhe Office), која освои „Златен глобус“ за најдобра хумористична серија.

Ступницки дебитира како режисер на долгометражен филм во 2019 со комедијата Good Boys, а сега ќе го напише сценариото заедно со Џон Филипс.

Медиумите пренесуваат дека проектот предизвика многу врева во Холивуд и дека стримерите, како „Епл“ и „Нетфликс“, испаднаа на почетокот на наддавањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Симпсонови пак пред времето: Ја предвидеа цензурата на голиот Давид од Микеланџело

Објавено пред

Откако беше објавена веста дека директорот на едно училиште во Флорида бил принуден да поднесе оставка по бунтот на родителите кои се пожалиле дека нивните деца се изложени на порнографија бидејќи на часот по историја на уметност им била покажана слика од Давид на Микеланџело, некој се сетил дека авторите на популарната анимирана серија за семејството Симпсон предвиделе речиси идентично сценарио пред повеќе од 20 години.

dobivaj vesti na viber

Директорката на училиштето во Телахаси, Хоуп Караскила, поднесе оставка од функцијата откако родителите на учениците го прозваа училиштето дека шири порнографија бидејќи на учениците им беше покажана гола статуа на Давид.

Претседателот на училишниот одбор, Барни Бишоп, ѝ рекол на директорката да поднесе оставка или ќе биде отпуштена. Тројца родители се пожалија дека нивните деца се вознемирени затоа што го виделе едно од најголемите ремек-дела на светската уметност – Давид на Микеланџело.

Инаку, Марџ Симпсон се најде во сличен проблем пред дваесет години кога се бореше против цензурата на уметничките дела.

Откако успешно го цензурираа насилниот цртан филм „Ичи и Скречи“, група родители ја повика Марџ да им помогне да цензурираат уште едно „одвратно и гнасно“ дело – скулптурата на Давид која требаше да биде донесена во нивниот роден град Спрингфилд како дел од патувачка изложба.

„Делото многу вулгарно прикажува делови од човечкото тело кои иако се практични, всушност се зли“, вели Хелен Ловџој.

По инцидентот во Телахаси, не им требаше долго време на обожавателите на семејството цртани ликови да се присетат на сличен настан од омилената серија.

„Симпсонови повторно предвидуваа настани од реалниот живот“, вели еден твитер.

Прикажи повеќе...

Забава

Среќни ли сте на вашето работно место? И тоа се мери

Објавено пред

работно место

Се вели дека ако изберете работа што ја сакате, никогаш нема да морате да работите ниту еден ден во животот. Од моментот кога ќе завршите со училиште до околу 65 години, ќе одите на работа речиси секој ден – па затоа ќе ви помогне ако навистина уживате. Но, доколку не се чувствувате исполнето, новото истражување би можело да ви биде инспирација за промена на кариерата, пренесува „Метро“.

dobivaj vesti na viber

Истражувањето на „Reboot Online“ ги откри индустриите со најсреќни работници. И кој го освои првото место? Излегува дека вработените во научниот и фармацевтскиот сектор најдобро поминуваат на работа, со рејтинг на среќа од неверојатни 91,93 проценти. Науката и фармацијата беа исто така најзадоволни кога станува збор за индивидуалните фактори на благосостојба за ментално здравје, зајакнување на работата и плата.

Вкупниот резултат на среќата се одредува врз основа на одговорите на седум фактори: позитивно влијание врз другите, изгледи за кариера, зајакнување на вработените, работни односи, позитивно влијание врз менталното здравје, плата и работна култура. Беа анкетирани повеќе од 2.500 експерти на возраст од 18 до 70 години од 29 различни индустрии.

Работниците во креативната уметност и дизајнерската индустрија се втори најсреќни работници со резултат од 83,81 отсто, додека заштитата на животната средина и земјоделството се на трето место со резултат од 80,96 отсто. Добротворната и волонтерската работа имаа вкупен рејтинг од 76,66%, при што многу работници се задоволни од позитивното влијание што нивната работа го имаше врз другите. Меѓутоа, работниците од добротворните организации не се чувствувале ценети од нивните работодавци и нивното задоволство од платата и зајакнувањето на работата било под 40 отсто, пренесува Вечерњи лист.

Топ 10 индустрии со најсреќни работници:

  1. Наука и фармација 91,93 отсто
  2. Креативна уметност и дизајн 83,81 отсто
  3. Животна средина и земјоделство 80,96 отсто
  4. Добротворна и волонтерска работа 76,66 отсто
  5. Рекламирање и ПР 73,81 отсто
  6. Сметководство 73,34 отсто
  7. Право 69,51 отсто
  8. Рекреација 68,57 отсто
  9. Инженерство и производство 67,61 отсто
  10. Маркетинг 67,60 отсто

Истражувањето ги откри и индустриите со најнесреќни работници. Најниска оценка за севкупно задоволство имаат енергетските и комуналните услуги, каде што помалку од 10 проценти од работниците се задоволни од својата кариера. Само 2,44 отсто од работниците во индустријата се чувствувале среќни затоа што нивниот работодавец ги цени и охрабрува.

Продажбата имаше втор најлош резултат за целокупното задоволство со само 10,49 отсто од работниците кои тврдат дека се среќни. Индустријата, исто така, постигна најниски резултати за позитивното влијание врз другите (7,14 проценти) и менталното здравје (8,75 проценти). Третата најнезадоволна индустрија беше телефонскиот центар и услугата за корисници, а професионалците во оваа област беа особено незадоволни од културата на работното место. Всушност, само 4 отсто од работниците биле задоволни од тоа.

Шер Ахарони, извршен директор на Reboot Online, вели: „Навистина е важно да се изгради култура на работното место фокусирана на работниците бидејќи поттикнува чувство на доверба, позитивност и можност работниците да преземат сопственост над нивната работа, да изразуваат идеи и да учествуваат во заедничките вредности. … Наместо постојано да ги обземате со работа, одвојте време да разберете како работат и како сакаат да се развиваат во својата улога, а потоа соодветно да се прилагодат“.

Топ 10 индустрии со најнесреќни работници:

  1. Енергија 9,5 отсто
  2. Продажба 10,49 отсто
  3. Кол центар и услуги за корисници 11,91 отсто
  4. Продажба на мало 23,31 отсто
  5. Социјална заштита 29,53 отсто
  6. Угостителство и управување со настани 30,94 проценти
  7. Транспорт и логистика 30,96 отсто
  8. Консалтинг и менаџмент 31,43 отсто
  9. Здравство 31,91 отсто
  10. Вработувања и човечки ресурси 37,14 отсто
Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) „Џон Вик: Поглавје 4“ доби најдобри рецензии во серијалот

Објавено пред

Џон Вик се врати, а поранешниот убиец, кој го глуми Кијану Ривс, се чини дека се подобрува со годините, со неговото враќање во четвртиот дел, кој во сагата акциони трилери заработи најдобрите рецензии досега.

dobivaj vesti na viber

„Ротен томатос“, кој доделува оценки врз основа на ставовите на филмските критичари, му додели на „Поглавје 4“ прилично високи 95 %.

Вториот и третиот филм освоија 89 %, а оригиналот од 2014 година доби 86 %.

„Холивуд репортер“ објави дека „Поглавје 4“ ги надминува своите одлични претходници во речиси секој поглед.

Во филмот, кој излегува денес (24 март), Вик го гони глобалната криминална организација ‘Висока маса’.

Џеси Хасенџер од НМЕ го нарече „сеакционен блокбастер што навистина дава сè од себе“, а Шарлот О’Саливан од „Ивнинг стандард“ го опиша како неверојатно пријатен.

„’Џон Вик 4′ ќе биде огромен и, според мене, тој е најдобриот од сите во серијалот“, додаде таа.

Дејвид Фир од „Ролинг стоун“ напиша: „Никој не можеше да предвиди во 2014 година дека Вик ќе ги револуционизира американските акциони филмови нарекувајќи ја филмската сага неверојатно задоволство.

„Се етаблира како најдобар филмски серијал од оваа страна на Невозможна мисија,“ додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Домашен2 часа

(Видео) По победата на Вардар, Чкембари испратени со специјалци и полициски возила од Аеродром

Битолската навивачка група Чкембари, со шест автобуси и едно комбе заминаа од салата „Јане Сандански“, откако Вардар го совлада Пелистер....

Македонија4 часа

Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според...

Спорт5 часа

(Видео) Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Дербито во Првата македонска ракометна лига меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер е прекинат попладнево во Скопје поради сериозни инциденти...

Свет8 часа

(Видео) Дрон камиказа падна во близина на Москва, се сомнева дека леталото било украинско

Во областа Тула во Русија, недалеку од поширокиот московски регион, се урнало и експлодирало беспилотно летало камиказа. „Две лица се...

Регион9 часа

Вучиќ: Предупредив дека доаѓа војна, не ми кажа Путин туку сам сфатив

Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше за состојбите во светот. Тој вели дека Американците создаваат „нов блок во Европа, кој значително...

Македонија11 часа

(Фотогалерија) Охрид, Водно, Градски парк, Кучково – викенд места за прошетка на сонце

Убав пролетен ден не е за седење дома. На вакво мислење се голем број наши сограѓани кои сончевото време го...

Македонија11 часа

Заев вети, институциите исполнија, хотелот во Лагадин на чичко Никола е легален

По десетина поништени решенија на Општина Охрид и исто толку жалби од инвеститорот, две пресуди на Управен суд и нешто...

Македонија11 часа

Дабиќ: Во МНР масовно се впумпуваат партиски кадри, па се унапредуваат со злоупотреба

На денешната панел дискусија на тема „Алармантните состојби во македонската дипломатија“ обраќање имаше амбасадорот и претседател на Македонски дипломатски синдикат...

Македонија14 часа

Спасовски: Лажните дојави за бомби се од група од Македонија и ќе одговараат за тероризам

Набргу група македонски државјани ќе добијат кривични пријави за тероризам и ќе одговараат за лажните дојави за бомби во училиштата...

Свет15 часа

Нови гробови на историските гробишта во Украина: Победата е наша, но оваа е цената

Сместени во југоисточниот дел на Лавов, гробиштата Личакив се едни од најстарите во Европа и често се споредуваат со историскиот...

Македонија15 часа

Пратеник од ДУИ барал пари за да гласа уставни измени, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен. Иста е состојбата и во...

Свет16 часа

Трамп: Јас сум жртва на лов на вештерки

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас им порача на илјадници приврзаници дека е подложен на една по друга лажни...

Македонија16 часа

Македонските патарини лани собрале над 53 милиони евра

На наплатните станици во државава лани е остварен промет во износ од 53.242.070 евра, соопшти Јавното претпријатие за државни патишта...

Македонија17 часа

Времето денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од УХМР. Ќе дува слаб до умерен ветер од...

Свет1 ден

Русија по грешка призна дека Украинците сепак ѝ потопиле воен брод

Украинските сили пред една година тврдеа дека рускиот воен брод Саратов е целосно уништен, што Русите постојано го негираа. На...

Свет1 ден

Каде ќе започне контраофанзивата?: Генерал изненади со најавата, Москва ја менува тактиката

Пролетта пристигна во Украина – при крајот на март температурите достигнаа највисоки 17 Целзиусови степени низ поголемиот дел од источниот...

Топ1 ден

Обвинителството со детали за девојчето во Струга: едниот силувач бил семеен пријател

Обвинителството бара притвор за тројцата кои силувале 14-годишно девојче во Струга. За случајот поведена е истрага против две лица, на...

Топ1 ден

Филмска потера на автопатот кај Тетово – полицијата пукала во тркалата на автомобил со кој бегале дилери на дрога

Полициска бркотница се одвивала синоќа на автопатот Гостивар-Тетово кога дилери на дрога ја забележале полицијата и одлучиле да се дадат во...

Македонија1 ден

Оштетувања на дигесивниот тракт има битолчанецот кој испил корозивно средство во кафуле, а нарачал кисела вода

Веќе петти ден на Клиниката за Токсикологија е хоспитализиран битолчанецот поради испиено корозивно средство во кафуле. Според информациите што вчера...

Македонија1 ден

Од што починала петгодишната Јана ќе покаже обдукцијата – се чека наодот додека се испитуваат лица

Обдукцијата на телото на петгодишната Јана Христовска, ќе треба да го дадат одговорот од што починало девојчето во битолската болница...