Забава
Џенифер не се срами што сака да биде гола
Ѕвездата од „Пријатели“, актерката Џенифер Анистон (50), разговараше со познатата водителка Елен Деџенерес (61) за соблекувањето. Таа истакна дека сака да биде гола и дека нема од што да се срами, дури ни во педесеттите години. Елен на публиката ѝ ги покажа фотографиите на кои Џенифер неодамна позира во топлес за магазинот „Харперс базар“.
Додека публиката ја гледаше фотографијата на актерката во топлес, Елен ѝ поставуваше прашања.

„Гледам дека уживате да бидете гола“, заклучува Елен додавајќи дека се гледа оти актерката се грижи за својот изглед.
„Го сакам тоа. Не се срамам од тоа и мислам дека никој не треба да се срами“, ѝ одговори Анистон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тони Цетински со порака за роденденот на Тоше Проески: „Ти беше мојот брат по душа“
Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод бројни негови пријатели и колеги од музичката сцена се присетија на „славејот од Крушево“ со објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, кој и годинава му оддаде почит со две објави на Инстаграм.
Во првата, пократка објава, Цетински сподели неколку нивни заеднички фотографии и напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.
Во втората објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата, Тони сподели подолга и емотивна порака.
„Тоше засекогаш…
Денес се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.
За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.
Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.
Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.
И никогаш не бараше ништо за возврат.
Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.
Ми недостига неговата смеа, неговата едноставност, неговата вера во луѓето.
Но, кога ќе ги чујам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:
‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’
И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.
Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.
За мене, тој не беше само ангелски глас.
Тој беше мој брат по душа.
И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“, напиша Цетински.
Забава
Концерт на Жељко Самарџиќ на 8 август во Охрид
Еден од најдоследните и најпочитувани вокални интерпретатори на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, на 8 август ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид.
Концертот се вбројува меѓу позначајните музички случувања во рамки на летната културна сезона и носи концертен формат прилагоден на просторот, акустиката и карактерот на сцената.
Со кариера која се гради повеќе од три децении, Самарџиќ остави јасен и препознатлив белег во современата регионална музика. Неговото творештво се темели на стабилен авторски израз, прецизна вокална интерпретација и репертоар која успеа да ја задржи својата релевантност низ времето.
Токму таа доследност го позиционираше како уметник со публика што не е врзана за момент, туку за вредност.
Концертот во Охрид ќе биде обликуван како целосно музичко доживување, со вниматело одбран репертоар кој ги опфаќа најзначајните композиции од неговиот богат опус.
Античкиот театар, како сцена со исклучителна културно-историска тежина и природна акустика, нуди редок амбиент каде музиката може да се доживее во својата најчиста форма. Токму во таков простор, ваков тип на концерт добива дополнителна длабочина и значење, оставајќи простор за емотивна поврзаност.
Се чини сосема доволно, за предвреме го етикетираме како спектакл кој нема реприза. Затоа не чекајте и веднаш обезбедете ги вашите билети.
Билетите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк – https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5731
Забава
Концерт на „Некст Тајм“ на 27 ноември во Скопје
По 18 години присуство на македонската музичка сцена, исполнети со песни што го надминаа времето, а и трендовите, Некст Тајм на 27 ноември ќе одржат голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Ова е концерт за сите „некогаш“ и сите „сега“. За сите што пораснаа со нивната музика, но и за оние што допрва ја откриваат. Вечер во која македнската музика добива простор, глас и сцена каква што заслужува.
На 27 ноември, арената „Борис Трајковски“, ќе стане простор каде што ќе се пеат песни што одамна ги знаеме наизуст, но и ќе се почувствува силата на едно музичко име кое опстојува со квалитет, доследност и свој препознатлив израз. Со продукција достојна за ваков момент и внимателно осмислен репертоар, концертот ветува доживување кое го надминува форматот на обична музичка вечер.
Некст Тајм со години успешно го спојуваат современиот звук со македонското музичко наследство. Обработките на традиционалните песни како „Ја излези Ѓурѓо“, „Зајди, зајди“, „Налеј, налеј“ и други македонски народни теми, добија нов живот преку нивниот препознатлив израз, со почит кон оригиналот, но со современа емоционална сила што им овозможи на овие песни да допрат и до помладата публика.
Токму оваа способност, да се зачува коренот, а да се пренесе емоцијата во ново време, лежи еден од најсилните адути на Некст Тајм.
Некст Тајм во Скопје. За љубовта кон музиката. И за љубовта кон македонската песна.
Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат преку: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5732

