Забава
Џесика Алба на прошетка со синчето Хејс

Џесика Алба беше забележана на прошетка со својот едногодишен син Хејс, а во рацете носи шопинг-кеси полни со производи од продавницата „Китсон“ со седиште во Лос Анџелес.
38-годишната актерка претприемач беше добро расположена и насмеана додека го носеше нејзиното среќно синче на предната страна во носилка за бебиња.
Што се однесува до стајлингот, Џесика изгледаше спортски, а истовремено и стилски во едноставен џемпер и исцепкани фармерки од тексас. Изгледот го комплетира со чизми од змиска кожа и сребрени обетки во форма на алка.
А малиот господин беше облечен во карирана кошула со долги ракави и панталони во линии.
Ден порано Џесика и нејзиниот сопруг Кеш Ворен излегоа со другите деца за да одберат новогодишна елка.
Најстарата ќерка Онор (11) и Хевен (8) беа забележани на прошетката со нивните славни родители. И сите членови на семејството изгледа дека добро се забавувале изминатиот викенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Аланис Морисет и Џими Фалон пееле божикни песни во метро, никој не ги препознал

Пејачката Аланис Морисет (45) и ТВ-комичарот Џими Фалон (45) ги изненадиле минувачите и патниците во метрото во Њујорк, каде што заедно пееле божикни песни. Тоа всушност било дел од „The Tonight Show“ на Фалон, но во тие моменти малку луѓе знаеле за што станува збор.
Морисет се појавила со сина перика, очила за сонце и ретро шапка, а Фалон со долга брада и неизбежни очила за сонце, сè со цел маскирањето да биде што поуспешно.
Славното дуо го започнало својот неофицијален концерт со познатата божикна песна „The Little Drummer Boy“ од Бинг Крозби, дополнително зачинета од Дејвид Боуви во можеби најпознатата верзија. Публиката се собрала во поголем број, Морисет главно пеела, а Фалон се обидувал да го задржи ритамот. Тие ја завршиле свирката со „You Oughta Know“, голем хит на пејачката во 90-тите години, а потоа веќе не можеле да молчат и им се обратиле на насобраните.
„Ви благодарам многу на сите и среќни празници! Јас сум Џими Фалон и ова е Аланис Морисет“, открил комичар, додека ја вадел брадата.
Одушевените минувачи ја споделиле снимката на социјалните мрежи, а самиот Фалон го покажал интересниот перформанс во своето популарно ток-шоу на телевизијата Ен-би-си.
Забава
Почина најстарата актерка во светот, глумела до неодамна

Бугарката Стојанка Мутафова, една од најстарите активни актерки во светот, почина на 97-годишна возраст.
Наречена кралица на бугарската комедија, Мутафова почнала да настапува во 1945 година, кога ја играла слугинката во „Трикови на Скапин“ од Молиер. Таа станала популарна во својата татковина откако се појавила во неколку телевизиски комедии и забавни програми.
Во 94. година од животот со својот театар била на турнеја низ Северна Америка и Европа. Таа настапувала на театарските штици до пред неколку месеци.
„Замина многу драг и добар човек“, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов. „Секогаш ќе биде еден од симболите на бугарскиот театар“.
Мутафова, за која се верува дека е најстарата активна театарска актерка по смртта на рускиот актер Владимир Зелдин, кој почина во 2016 година на возраст од 101 година, за „Ројтерс“ изјави дека никогаш не се покајала за изборот на својата професија.
Забава
Микс на козервативност и сексапил, Ева Лонгорија на гала вечер во Мајами

Таа има своја добротворна фондација посветена на градење подобра иднина за Латиноамериканците и нивните семејства.
А во четвртокот навечер Ева Лонгорија присуствуваше на Global Gift Gala 2019 што се одржа на плажа во Мајами. Настанот имаше за цел да собере средства за непрофитни организации, вклучувајќи ја и нејзината.
44-годишната актерка и продуцентка изгледа прекрасно во сјаен црн фустан без грб додека позира на црвениот тепих на добротворна гала вечер во Мајами.
Однапред изгледаше конзервативно, со рол-крагна, квадратни рамења и долги ракави.
Но, одзади глетката беше сосема друга – фустан без грб и голем шлиц до бедра.
Косата врзана во коњско опавче, сјајна розова сенка за очи, црна маскара, руменило и сјај на усните. Накитот го сочинуваа обетки од дијаманти.
Сопругот на Логорија, Хосе Бастон, ѝ се продружи на поранешната очајна домаќинка на гала вечерата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци